Автор Тема: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција  (Прочитано 4683 пати)

Отсутен BZ

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #15 на: 29 Септември 2023, 10:04:33 am »
Еве јас како прозван да се јавам.

Возилото кај нас е истестирано и не е забележан никаков чуден звук од менувачот. Точно е дека понекогаш при менување од 2ра во 1ва брзина, а поретко и од 1ва во 2ра се јавува тропање кое е нормално и го има кај сите DSG менувачи со сува спојка.

Секако, видеото од клиентот, како и протокол со грешки од возилото е пратено до производителот и од таму е добиен одговор дека се што може да се слушне од видеото и види од протоколот е во ред. Ние, без дозвола од производителот немаме никакво право да менуваме делови или поправаме било што на возилото под гаранција, затоа што гаранцијата ја дава производителот, а не ние локално.

За жал во моментот кога @Aleksandar90 бил кај нас јас не бев тука, но ме информираа дека на клиентот му е дадено и нашето службено возило со 1.0 TSI DSG кое се однесува потполно исто како Scalata. Сам нека каже дали истиот звук го има и кај тоа возило.

П.С. Симптомите за проблематичен замаец се сосема други, и кај 1.0 TSI не сме имале апсолутно никаков проблем со замаец на ниту една кола.

Јас би сакал да прашам каков тип на замаец има кај моторите 1.0 тси и 1.5 тси со рачен и автоматски менувач дали е фиксен или варијабилен.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #16 на: 29 Септември 2023, 10:22:06 am »
мене ме чуди, како тоа е нормално за автоматски менувач за кој се доплаќа 2К+еур да има било какви звуци
како е нормално за кола извадена од салон да шкрипат дискови

ова се „нормални“ работи само за Шкода или комплетно ВАГ групација?

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #17 на: 29 Септември 2023, 10:41:55 am »

Андреј звуците кај Камикот што го возев кај вас не беа ни приближно толку гласни, тоа го кажав и таму.
Нема што да додадам , на видеата се слуша се што треба да се чуе, јас тие не ги монтирав. Кај вас немаше калдрма да се слушне убаво тој звук на метално тропотање кај мојата кола, но тоа не е оправдување. Кога се пожалив кај вас на првиот сервис на тропкање од издувот, баравте снимен доказ.Но ајде го средив тоа јас сам. Сега кога имам снимен доказ, барате тропање на лице место. Што се треба да направам за да се признае проблем? А што се однесува до жалбата до производителот, ми прати Дани на македонски јазик една реченица, побарав од него оригинал одговор од производителот да ми покаже, сеуште немам добиено.
« Последно менување: 29 Септември 2023, 10:49:06 am Aleksandar90 »

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #18 на: 29 Септември 2023, 11:00:57 am »

Јас би сакал да прашам каков тип на замаец има кај моторите 1.0 тси и 1.5 тси со рачен и автоматски менувач дали е фиксен или варијабилен.

1.0 ТSI со 95кс и 5 брзински менувач има едномасен замаец, сите други варијанти на 1.0 TSI и 1.5 TSI се со двомасен замаец.

Андреј звуците кај Камикот што го возев кај вас не беа ни приближно толку гласни, тоа го кажав и таму.
Нема што да додадам , на видеата се слуша се што треба да се чуе, јас тие не ги монтирав. Кај вас немаше калдрма да се слушне убаво тој звук на метално тропотање кај мојата кола, но тоа не е оправдување. Кога се пожалив кај вас на првиот сервис на тропкање од издувот, баравте снимен доказ.Но ајде го средив тоа јас сам. Сега кога имам снимен доказ, барате тропање на лице место. Што се треба да направам за да се признае проблем? А што се однесува до жалбата до производителот, ми прати Дани на македонски јазик една реченица, побарав од него оригинал одговор од производителот да ми покаже, сеуште немам добиено.

За менувачот пишав погоре што имав.

За тропкањето од издувот, ако се сеќавате бев присутен и јас. Го извадивме вашето решение пред вас, односно пластичната стега која сте ја ставиле на гумениот држач на издувот, и никаков проблем ни тропкање не се јави од издувот. По ваше барање, пак ви ставивме пластична стега.

Се пожаливте и на крцкање од гумиците на задните врати ако се сеќавате, за истото ви реков дека сум го забележал и на други Скали и Камици, се случува поради претераното сушење на гумиците и лесно се решава со едно премачкување со било што мрсно. Знам дека премачкување во сервисот не направивме, а која беше причината не знам.

Се пожаливте дека сте читале по интернет дека на Скали низ Европа менувале предни седишта под гаранција бидејќи истите сами се спуштале. Проверивме да нема акција за истото на вашето возило, немаше. Ова не ви се случило, а баравте да ви се замени седиштето.

Најлесно е да се каже дека овластен сервис во Македонија не се замара и не си става на памет ништо. 15 години работиме како овластен сервис за Шкода, ниту една поплака или гаранција не останала нерешена. Доколку нешто од погоре наведеното не е точно слободно исправете ме, се надевам дека сме се замарале доволно со вашите поплаки.

За жал, поплаката мора некако да биде и оправдана, за да самиот производител ни одобри некаква поправка или промена на дел. Тропкање од издув кое никако не можевме и ние и вие да го слушнеме не гледам како би го оправдал и што би сменил.

П.С. Нормално дека нема да добиете слика или скриншот од системот преку кој комуницираме со производителот, повелете кај мене и ќе ја видите целата комуникација со Шкода, испратеното видео и испратениот протокол.
« Последно менување: 29 Септември 2023, 11:06:32 am andrej_111 »
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #19 на: 29 Септември 2023, 11:50:31 am »

Ама ниско падна со овој пост , неверојатно, веднаш дефокус од менувачот затоа што СУМ ВО ПРАВО.
Седиштето во првите 6 месеци секој ден го подместував, потоа сам застана некако. Не сум барал промена ,само прашав дали има таква акција од Шкода кај нас. За издувот имав постирано во мојата гаража, сите видоа како тресе повеке од останатите 1.0. И како тоа јас не треба да го имам одговорот на мојот приговор до производителот?!?  Да немам никаков доказ дека сум поднел официјално приговор, тоа ви одговара нели? Ќе разговарам со адвокат , до истекот на гаранцијата се ке се реши.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #20 на: 29 Септември 2023, 12:03:33 pm »
Не знам како паднав ниско, ни направив некаков дефокус од менувачот. Во првиот пост пишав тоа што имам за менувачот и за начинот на кој функционира гаранцијата кај Шкода.

Поентата на вториот пост ми беше што секаде спомнуваш дека во Македонија никој со ништо не се замара во овластен сервис, кога реално не е така и на сите твои забелешки беше посветено време и внимание.

Навистина ми е мака што пробав нешто да објаснам овде, има доста луѓе овде кои ме знаат и лично, па секој како сака нека си суди :)

П.С. Тргнав и на @marjanot да одговорам на долго и на широко со начинот на функционирање на овој менувач и зошто се јавува тропкањето, затоа што и јас сум сакал да знам што точно се случува, но очигледно ќе ми биде џабе.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #21 на: 29 Септември 2023, 12:09:11 pm »
Најарно едно кафе дружба да направите па најлесно да се разјасните до каде што као е превземено, на сите нас очекувањата ни се кога е ново возило све да е апсолутна тишина, истото би го сакал што александар го сака на чисто да си со све, али многу видеа на YT кажуваат дека нажалост не секогаш е така да не попувам, нејкам да заврши ко секоја тема со хејт и навреди и на крај ништо кога можеби има подобро решение

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #22 на: 29 Септември 2023, 12:13:58 pm »
Да, ионака сте во ист град, еден кафе муабет не штети. Вака препукувања преку форум не вредат и не водат никаде, едниот ќе го мислат за некултурен, другиот дека бега од ситуации и така.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #23 на: 29 Септември 2023, 12:16:37 pm »
Јас ни сум навредил некој на форумов, ни планирам да навредам. Ако некој се почувствувал навреден се извинувам, макар што знам дека нема таков.

Како што секоја приказна има две страни, јас пробав да ја раскажам обратната, од страна на официјален сервис.

Апсолутно во ситуацијава не гледам дека сум виновен за нешто, како што кажав од наша страна е направено се што е во наша моќ и во наша ингеренција.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54951
  • Махер
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #24 на: 29 Септември 2023, 12:26:47 pm »
П.С. Тргнав и на @marjanot да одговорам на долго и на широко со начинот на функционирање на овој менувач и зошто се јавува тропкањето, затоа што и јас сум сакал да знам што точно се случува, но очигледно ќе ми биде џабе.
Ова би требало да биде - прв и едниствен одговор, доколку некој го познава проблемот, причината и решението. Излишно е се друго.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #25 на: 29 Септември 2023, 12:27:12 pm »
Не знам како паднав ниско, ни направив некаков дефокус од менувачот. Во првиот пост пишав тоа што имам за менувачот и за начинот на кој функционира гаранцијата кај Шкода.

Поентата на вториот пост ми беше што секаде спомнуваш дека во Македонија никој со ништо не се замара во овластен сервис, кога реално не е така и на сите твои забелешки беше посветено време и внимание.

Навистина ми е мака што пробав нешто да објаснам овде, има доста луѓе овде кои ме знаат и лично, па секој како сака нека си суди :)

П.С. Тргнав и на @marjanot да одговорам на долго и на широко со начинот на функционирање на овој менувач и зошто се јавува тропкањето, затоа што и јас сум сакал да знам што точно се случува, но очигледно ќе ми биде џабе.

Убаво зборуваш Андреј, исто како политичарите, и исто и како нив резултати нема. Што ми вреди вашето време и внимание кога резултати нема.
Резултати ке беа сите проблеми со колата решени, а за жал ништо.
Менувачот тропа погласно од останатите, факт, ако се направи нешто , може да се пофалите како сервис, ако не, не раскажувај приказни.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #26 на: 29 Септември 2023, 12:29:40 pm »
Друже абе ти дека Ферари си возел у Италија, затоа ти тропка Шкодилакот.

Да се нашалиме.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #27 на: 29 Септември 2023, 12:35:36 pm »
Се извинувам за раскажаните приказни, немам намера да паднам на пониско ниво со навреди како некој погоре. Ако нашето време и внимание некому не вреди ништо, слободно може да го заобиколи нашиот сервис.

Од мене на темава толку.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #28 на: 29 Септември 2023, 12:54:57 pm »
мене ме чуди, како тоа е нормално за автоматски менувач за кој се доплаќа 2К+еур да има било какви звуци
како е нормално за кола извадена од салон да шкрипат дискови

ова се „нормални“ работи само за Шкода или комплетно ВАГ групација?

П.С. Тргнав и на @marjanot да одговорам на долго и на широко со начинот на функционирање на овој менувач и зошто се јавува тропкањето, затоа што и јас сум сакал да знам што точно се случува, но очигледно ќе ми биде џабе.

не е џабе, јас сакам да знам зошто се случува тоа :)

знам како функционира ДСГ, ама знам и дека кога барав кола да земам комбинациите со ДСГ беа безброј и требаше докторска дисертација да припремам за да погодам соодветен мотор со тип на ДСГ

баш ме интересира кој е тој момент што се случува, што го прави тропкањето „нормално“

ова само го надоврзав со постот со дисковите на @micika, каде беше „нормално“ да цвичат, па колеги тука се жалат на андроидот итн..
некако пре-ненормални работи за нови коли ми се собираат, за кои се тврди дека се „нормални“

ај знам кога ми тропкаше нешто во Алфата, па ми викаа дека е нормално да тропка дека била Алфа, па ја расклопував цела задна клупа за да најдам кај им пропаднале магнетите на децата, ама овде станува збор за нови коли

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13839
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #29 на: 29 Септември 2023, 13:08:11 pm »

Мене вака лаички ми звучи како кај овој - од она што слушам на видеото на Александар.

Како штрацкање до кај 15-та секунда, после зошто ја јачи толку не ми е јасно :)

Кај ова во видеото биле лагерите на DSG-то.

Друго прашање: Зошто не ја снимите колата на рампа вака - под кола и да се преслуша убаво ?