Испадна цела голгота што траеше два месеци.
Дечките и во АМСМ и во ТС Ужице беа максимално професионални. Турбината била оштетена од влез на страно тело, а за чудо и целото куќиште оштетено. Испдна скоро се да репарираат.
Турбината одеше 4 пати по една недела во Ужице зошто од АМСМ им ја враќаа поради свирење. Ми праќаа и клипчиња и стварно имаше многу гласен невообичаен звук. Секако, не наплатија ништо екстра за четирите враќања ниту од АМСМ ниту од ТС Ужице.
На крај АМСМ ја монтираше, но со предупредување дека не гарантираат ништо. ТС Ужице викаат стискај ја слободно мачи ја имаш гаранција тука сме.
Сега за сега е ок освен што да, малку е гласна свири, и кога ќе нагазам има доста одложено повелкување.
Освен тоа и самиот мотор е доста погласен (тука ми е сумњата можда лонец).
Малку ми е криво што искача дека нема крај целата работа. Ако некок знае добар мајстор за Мицубиши нека сподели контакт.
На крај на ден, колата ми прави ќеиф и сакам добро да ја средам па ќе замижам и за парите. За почеток ќе треба да се менува сет кумплунг и баланс шафт инаку звучи како да возам тамче камион.
Од Ужице испаднаа коректни со 4 репарации и ненаплаќање на ништо дополнително, а ми дадоа и попуст иако го средуваа и куќиштето. Кај нив се ме кошташе 27.000 ден. АМСМ 16.000 за монтажа на турбина, цревца, филтри за воздух, машинско чистење на ДПФ и промена на уље.