https://www.motor-talk.de/forum/aktion/Attachment.html?attachmentId=759171https://www.team-bhp.com/forum/attachments/technical-stuff/2220949d1634616536-vw-dsg-how-check-dq200s-clutch-wear-ssp-094-diagnosis-automatic-gearboxes-0am-02e.pdfВо прилог се две Self Study Programme поврзани со DQ200, првото е општиот начин на функционирање и конструкција на менувачот(истото е од првата варијанта на DQ200 oд 2007ма година, но принципот на работа е тој), второто е најчести проблеми појавени кај DQ200. Гледам дека има доста познавачи на форумот, па мислам дека не би било лошо кој сака да ги прочита двете SSPa. Секако, најдобро би било некој да има провозено возило со DQ200 менувач, па да знаеме за што правиме муабет.
@Luki Junior секоја чест за напишаното, одлично срочено. Би имал само една забелешка, се напишано поврзано со трошењето на ламелите важи за постарите варијанти на DQ200, Скалата за која станува збор во темата ја има последната генерација на DQ200 каде детските болести се веќе отстранети.
Исто така, најголемиот процент на трошење на ламелите се случува при тргнување, менување во втора и при менување од втора во прва. Тоа што возилото до 60км/ч ќе прешалта до 6та не влијае многу на ламелите затоа што шалтањето од една на друга ламела се случува инстантно со минимално триење и производство на топлина. Ако споредиме со просечен возач кој вози идентично возило со рачен менувач, потрошувачката на ламелите кај DSGто е доста пати помала.
Coasting функцијата која ја измислија во последните неколку години ќе се согласам дека е жива глупост, јас најпрво би се бунел да се тргне таа
Се согласувам дека истата придонесува за поголемо трошење на ламелите, но кој возел малку повеќе поново возило сo DSG менувач (функцијата ја има кај сите DSG менувачи, не само кај DQ200) можеби и приметил дека има елегантен начин како возилото да не прави coasting. Среќа што кај многу возила со 1.5 TSI и DSG coasting функцијата ја нема благодарение на деактивацијата на цилиндри.
Еве, coasting-oт е нешто што мене реално ми пречи, но некој инженер некаде во VW решил дека тоа заштедува некој децилитар гориво и некој грам ЦО2 во идеални услови, па го ставиле како нормална функција за која мене никој не ме прашува дали ми се допаѓа или не. Едноставно, производителот решил дека тоа така треба да биде.
DQ200 е менувач кој се вградува буквално во сите возила од VAG групација со мотори до 250Nm, истиот е и кај Леонот на
@Sase_91. За волја на вистината, истиот менувач кај 1.5 TSI има нешто порафинирана работа. Искрено, сме испорачале 100тина возила со овој менувач (не броејќи ги првите варијанти на DQ200 од 2010-2011-2012 година кои навистина имаа реални проблеми и сме правеле поправки на ламели и мехатроники), голем дел од тие возила се рент-а-кар возила со близу 200.000км и буквално немаме извршено ниту една промена на ламели, мехатроника или цел менувач, ни гаранциски ни надвор од гаранција.
Е сега, звукот кој се јавува при промена најчесто од 2ра во 1ва брзина. Звукот е од хидрауличните вентили на актуаторите на двете ламели во мехатрониката. Најпросто кажано, на мехатрониката и е најтешко и и треба најмногу време да изведе промена од 2ра во 1ва брзина, а тоа да биде мазно. Поради тоа, вентилот за активација на К1 (спојката на 1ва, 3та, 5та и 7ма брзина) има доста работа да процесот го изведе мазно, без вибрации и го вади звукот кој е предмет на оваа тема. Втора најтешка промена за мазно изведување е 1ва-2ра, во екстемни случаеви знае и тогаш да се јави звукот. Кај сите други промени на брзина (промена на спојки, DSG не менува брзини туку спојки) промената е инстантна и вентилот нема време да го произвде звукот.
Како за споредба, пробајте на возило со рачен менувач да направите мазна промена од 2ра во 1ва брзина, па ќе видите колку напор ви треба на квачилото за се да биде мазно. Шалтајте од 3та во 4та, промената ја правите без речиси никаков напор.
И да, возењето по калдрма или мазен пат воопшто нема влијание на звукот, многу повеќе има менувањето брзини рачно. Со загреано возило, автоматски и загреано масло во мехатрониката звукот е поизразен. Промените од 2ра во 1ва брзина се случуваат поретко при возење во автоматски мод на менувачот, доста почесто ако рачно си играме со истиот
На видеото од првиот пост за жал не би можел да кажам дали менувачот е во D или М мод.
И како одговор на сите кои неседнати во возило знаат како треба да се однесува, а како се однесува DQ200, прочитајте за SMG менувачот на BMW или R-Tronic менувачот на Audi R8, како и за сите роботизирани, неDSG, менувачи кај речиси сите производители (кај Skoda конкретно таков е автоматскиот менувач во Citigo), па носете заклучоци околу апсолутната тишина кај ново возило. Едноставно, постојат механички делови кои не се бесшумни при нивната работа и тоа е предвидено така да биде.