Еве јас како прозван да се јавам.
Возилото кај нас е истестирано и не е забележан никаков чуден звук од менувачот. Точно е дека понекогаш при менување од 2ра во 1ва брзина, а поретко и од 1ва во 2ра се јавува тропање кое е нормално и го има кај сите DSG менувачи со сува спојка.
Секако, видеото од клиентот, како и протокол со грешки од возилото е пратено до производителот и од таму е добиен одговор дека се што може да се слушне од видеото и види од протоколот е во ред. Ние, без дозвола од производителот немаме никакво право да менуваме делови или поправаме било што на возилото под гаранција, затоа што гаранцијата ја дава производителот, а не ние локално.
За жал во моментот кога
@Aleksandar90 бил кај нас јас не бев тука, но ме информираа дека на клиентот му е дадено и нашето службено возило со 1.0 TSI DSG кое се однесува потполно исто како Scalata. Сам нека каже дали истиот звук го има и кај тоа возило.
П.С. Симптомите за проблематичен замаец се сосема други, и кај 1.0 TSI не сме имале апсолутно никаков проблем со замаец на ниту една кола.