Автор Тема: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција  (Прочитано 4235 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5381
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #45 на: 30 Септември 2023, 01:43:13 am »
DQ200 менувач
Правен сервис повеќе пати во овластен во Србија, џабе.
Изгледа тој менувач се карактеризира со таков звук, доволно беше да видам каков менувач има Шкодата и да напишам на гугл "dq200 problem forum" и да прочитам мислења од други српски форуми.
https://youtube.com/shorts/9MwM2H5ZiQE?feature=shared
Повеќе информации за тој менувач (уклучи си транслејт, бидејќи само на Русиве им текнува да не јадат г*мна по форуми):
https://www.drive2.ru/l/538061409288717099/
Подолу имаш и втор дел кога ќе кликнеш на линкот, а имаш и целосна содржина на почеток на постот со хиперлинкови со бројки.
« Последно менување: 30 Септември 2023, 01:50:06 am nestor04 »

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 194
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #46 на: 30 Септември 2023, 07:41:52 am »
DQ200 менувач
Правен сервис повеќе пати во овластен во Србија, џабе.
Изгледа тој менувач се карактеризира со таков звук, доволно беше да видам каков менувач има Шкодата и да напишам на гугл "dq200 problem forum" и да прочитам мислења од други српски форуми.
https://youtube.com/shorts/9MwM2H5ZiQE?feature=shared
Повеќе информации за тој менувач (уклучи си транслејт, бидејќи само на Русиве им текнува да не јадат г*мна по форуми):
https://www.drive2.ru/l/538061409288717099/
Подолу имаш и втор дел кога ќе кликнеш на линкот, а имаш и целосна содржина на почеток на постот со хиперлинкови со бројки.
Види другар, да тропаа сите DQ200 менувачи, ке се знаеше дека тоа е тоа, таков е, take it or leave it. Но проблемот е што DQ200 кај некои тропа , а кај некои не, тоа ке го потврдат и некои членови овде кои го имаат истиот. Тоа не може така. И кај мене не беше толку гласен на почеток, значи нешто се променило. И не треба да си експерт автомеханичар за да знаеш дека се што се променило кон полошо, може и мора да се врати на подобро.
« Последно менување: 30 Септември 2023, 07:56:34 am Aleksandar90 »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #47 на: 30 Септември 2023, 11:02:37 am »
Александар другар, не знам на кого си лут :) Крај краева гаранцијата ти важи низ цела Европа, оди до Солун нека ти ја проверат таму.

На крај на денот, ставија на оглас.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6103
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #48 на: 30 Септември 2023, 11:08:27 am »
^

Не можам да се согласам.

Зошто купуваме нови коли? За да не дремеме по сервиси.

Зошто купуваме нови коли? За да не препродаваме и прекупуваме туѓи срања на секои 6 месеци или година.

Зошто има ОВЛАСТЕНИ дилери во државава? За да одиме на сервис во Солун? Шкода е, не е Астон Мартин.

Зошто имаме "заштита на потрошувачи"?

Е, толку сме далеку од ЕУ.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #49 на: 30 Септември 2023, 11:38:11 am »
Види, јас ги пријавив тогаш Порше Скопје во ДПИ и ми рекоа дека можам да побарам нова кола ако три пати ми ја вратат непоправена. Законот не познава разлика дали купуваш игла или локомотива.

Јас конкретно немав толку проблем со колата, беше минорен дефект, само што се натегавме дали е дефект за на крај толку да се искомплоцира од нивната неспособност па да добијам труење.

Јосифов Битола го најдоа дефектот (грешката) уште на прво штекање на дијагностика, ама ако се отвореше протокол кај нав требаше таму да чекам да ја поправат.

Во Скопје не ја гледаа.

На крај со триста закани ја "открија" грешката, Шкода потврди, па беше натегање да ја сменат..Успат муабети на вработената "Шо бараше Битола да ја носиш?!".

Долга е приказната со Порше Скопје, на крај дури буквално ќе ме отруеја оти си го оставиле капакот отворен од резервоар под седиште.

Пратено беше се документирано во Чешка. Со фотографии, со сè!

Другиот ден експресен одговор добив од Млада Болеслав со извинување и се тоа и ги спашкаа јако во Скопје. За пола саат ми се јави тој Љупчо што им е за customer care или whatever, со кој претходно се расправав за односот. Покољ беше.

Шкода не беше ништо крива, колата си е супер ама ретардите во Порше Скопје се прича сама по себе.

На крај средија сè како што треба ама нервите беа потрошени.
« Последно менување: 30 Септември 2023, 11:43:52 am Carpathian Lord »

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4986
  • The Spartan General
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #50 на: 30 Септември 2023, 12:00:37 pm »
Реално DQ200 не сака возење во градски услови. 1-3-5-7 и 2-4-6та се брзините на двете квачила распоредени. Мехатрониката (особено кога е во еко режим) секогаш ги шалта сите под ред за да стигне до 5та или 6та на 50-60км/ч. На суво квачило секогаш има повеќе триење додека актуаторот добро ја залепи плочата на самиот замаец. Ако употребуваш едрење во секоја брзина во која едриш одлепува од замаец. Ако комбинирање едрење со кочење, тогаш во моментот кога стискаш на кочници, актуаторот на квачилото ја лепи ламелата на замаецот (нормално со мини доза на триење).

Целиот овој процес создава огромни количини на топлина и поради тоа што е сув менувач (ламелите не се потопени во течност/флуид) таа топлина многу влијае и на ламелите, на актуаторите, маслото во менувачот и на самата електроника во менувачот. Со тек на време се истрошуваат ламелите, има многу вибрации (затоа што во реалноста тоа е роботизиран рачен менувач) и комбинирано со бавно градско возење уствари ти полека си ги уништуваш и потрошните и непотрошните делови по самиот менувач. Е сега во уште помали гратчиња кадешто нема долги булевари и мали улички, кадешто многу има прва-втора-трета-втора-прва + мини едрење и кочење целиот овој процес уствари се мери во работни часови, а не во километри и целиот процес е многу многу многу полош и поизразен.

Дури и кај посилните бензинци со 1.5тси и 2.0тси го имаат истиот проблем на потскокнување, особено рикверц-прва-втора-прва-рикверц кога се паркираш или ептен забавуваш во прва без гас. Тоа на пример мене страшно ме нервираше во тест возење или рент-а-кар кога паркирам затоа што осетот е како да си пресно во автошкола и да не си навикнат на отпуштање квачило и колата скока.

Со други зборови, ти немаш проблем, но полека со таков тип на возење ќе ги истрошиш и ламелите и ќе ја “измориш“ мехатрониката со актуаторите на менувачот. И кога ќе цркне, потрошните делови ќе бидат доволно истрошени за да не ги покрива гаранцијата, а мехатрониката сам ќе си ја репарираш пошто ќе излезе од гаранција. Ако ја сервисираш редовно во официјален, можеби и ќе ти излезат во пресрет да ти средат некои работи по менувачот.

Ситуацијата некаде се подобрува со софтверски апгрејди или со репарација на мехатрониката и промена на двете ламели. Ама дури да го сменат со нов, пак ќе ти се појави истиот проблем.

Затоа ако е ДСГ само со “мокри ламели“ иако и тоа не е гаранција дека нема да се појави истиот проблем (иако е многу многу поретко, особено со редовно менување на флуидот на секои 60к).

Инаку, ова е една од причините зошто во 2021ва не купив кола од ВАГ групација со бензински мотор! Треба кодот на мотор да го погодиш со кодот на ДСГ менувач за да знаеш дали е надежен или не.  Саше со Аудито директно рипна на ZF за да не го јаде стапот. Иако 2.0тди со 6 брзини би требало да е ОК, или новиот DQ381 исто така.


Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 194
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #51 на: 30 Септември 2023, 12:11:21 pm »
Александар другар, не знам на кого си лут :) Крај краева гаранцијата ти важи низ цела Европа, оди до Солун нека ти ја проверат таму.

На крај на денот, ставија на оглас.
Не сум лут, ако мислиш на последниот мој коментар, нема тука лутина, само си правиме муабет. Ке се решат проблемите, да сме живи и здрави.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8847
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #52 на: 30 Септември 2023, 12:31:09 pm »
Na moj poznanik za slicna rabota nemozam da kazam ista mu go zamenija cel DSG vo Ovlasten. Karoq 1.6 TDI

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7024
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #53 на: 30 Септември 2023, 12:54:48 pm »
Реално DQ200 не сака возење во градски услови. 1-3-5-7 и 2-4-6та се брзините на двете квачила распоредени. Мехатрониката (особено кога е во еко режим) секогаш ги шалта сите под ред за да стигне до 5та или 6та на 50-60км/ч. На суво квачило секогаш има повеќе триење додека актуаторот добро ја залепи плочата на самиот замаец. Ако употребуваш едрење во секоја брзина во која едриш одлепува од замаец. Ако комбинирање едрење со кочење, тогаш во моментот кога стискаш на кочници, актуаторот на квачилото ја лепи ламелата на замаецот (нормално со мини доза на триење).

Целиот овој процес создава огромни количини на топлина и поради тоа што е сув менувач (ламелите не се потопени во течност/флуид) таа топлина многу влијае и на ламелите, на актуаторите, маслото во менувачот и на самата електроника во менувачот. Со тек на време се истрошуваат ламелите, има многу вибрации (затоа што во реалноста тоа е роботизиран рачен менувач) и комбинирано со бавно градско возење уствари ти полека си ги уништуваш и потрошните и непотрошните делови по самиот менувач. Е сега во уште помали гратчиња кадешто нема долги булевари и мали улички, кадешто многу има прва-втора-трета-втора-прва + мини едрење и кочење целиот овој процес уствари се мери во работни часови, а не во километри и целиот процес е многу многу многу полош и поизразен.

Дури и кај посилните бензинци со 1.5тси и 2.0тси го имаат истиот проблем на потскокнување, особено рикверц-прва-втора-прва-рикверц кога се паркираш или ептен забавуваш во прва без гас. Тоа на пример мене страшно ме нервираше во тест возење или рент-а-кар кога паркирам затоа што осетот е како да си пресно во автошкола и да не си навикнат на отпуштање квачило и колата скока.

Со други зборови, ти немаш проблем, но полека со таков тип на возење ќе ги истрошиш и ламелите и ќе ја “измориш“ мехатрониката со актуаторите на менувачот. И кога ќе цркне, потрошните делови ќе бидат доволно истрошени за да не ги покрива гаранцијата, а мехатрониката сам ќе си ја репарираш пошто ќе излезе од гаранција. Ако ја сервисираш редовно во официјален, можеби и ќе ти излезат во пресрет да ти средат некои работи по менувачот.

Ситуацијата некаде се подобрува со софтверски апгрејди или со репарација на мехатрониката и промена на двете ламели. Ама дури да го сменат со нов, пак ќе ти се појави истиот проблем.

Затоа ако е ДСГ само со “мокри ламели“ иако и тоа не е гаранција дека нема да се појави истиот проблем (иако е многу многу поретко, особено со редовно менување на флуидот на секои 60к).

Инаку, ова е една од причините зошто во 2021ва не купив кола од ВАГ групација со бензински мотор! Треба кодот на мотор да го погодиш со кодот на ДСГ менувач за да знаеш дали е надежен или не.  Саше со Аудито директно рипна на ZF за да не го јаде стапот. Иако 2.0тди со 6 брзини би требало да е ОК, или новиот DQ381 исто така.
Луки пбјаснио!

Браво Луки, вака се појаснува и едуцира. На тебе и Симо треба посебен орден од КарКлуб за придонес и образовна дејност на форумов.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8847
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #54 на: 30 Септември 2023, 13:00:20 pm »
CVT mu e majkata odamna vikam jas, vakov bil takov bil bucel bla bla

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #55 на: 30 Септември 2023, 13:13:43 pm »
Само Тесла бе 😄

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #56 на: 30 Септември 2023, 13:47:02 pm »
Александар другар, не знам на кого си лут :) Крај краева гаранцијата ти важи низ цела Европа, оди до Солун нека ти ја проверат таму.

На крај на денот, ставија на оглас.
Не си батка сериозен, нели?
Технолошкиот развој не се случува со лажење дека „така треба“. Дефинитивно не треба така. Ако не може, тогаш треба да се рече „јебига не го бива“, еве ти 50% од вредноста на возилото назад, за другиот модел ќе се потрудиме да биде подобро или нема да им ги продаваме дефектните по дизајн возила. И тоа е тоа во идеален свет. Ама кај нас сите јавни функции се криминалци, а не па локалните олигаршки фирми.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4904
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #57 на: 30 Септември 2023, 15:00:02 pm »
CVT mu e majkata odamna vikam jas, vakov bil takov bil bucel bla bla
Zemi CVT, tek togas ke vidis defekt da se sanira kolku kosta

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3663
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #58 на: 30 Септември 2023, 15:16:56 pm »
#savethemanual ем заштеда од 2к евра ем многу помалку главоболки 😀
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Dule_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2975
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #59 на: 30 Септември 2023, 15:40:20 pm »
Реално DQ200 не сака возење во градски услови. 1-3-5-7 и 2-4-6та се брзините на двете квачила распоредени. Мехатрониката (особено кога е во еко режим) секогаш ги шалта сите под ред за да стигне до 5та или 6та на 50-60км/ч. На суво квачило секогаш има повеќе триење додека актуаторот добро ја залепи плочата на самиот замаец. Ако употребуваш едрење во секоја брзина во која едриш одлепува од замаец. Ако комбинирање едрење со кочење, тогаш во моментот кога стискаш на кочници, актуаторот на квачилото ја лепи ламелата на замаецот (нормално со мини доза на триење).

Целиот овој процес создава огромни количини на топлина и поради тоа што е сув менувач (ламелите не се потопени во течност/флуид) таа топлина многу влијае и на ламелите, на актуаторите, маслото во менувачот и на самата електроника во менувачот. Со тек на време се истрошуваат ламелите, има многу вибрации (затоа што во реалноста тоа е роботизиран рачен менувач) и комбинирано со бавно градско возење уствари ти полека си ги уништуваш и потрошните и непотрошните делови по самиот менувач. Е сега во уште помали гратчиња кадешто нема долги булевари и мали улички, кадешто многу има прва-втора-трета-втора-прва + мини едрење и кочење целиот овој процес уствари се мери во работни часови, а не во километри и целиот процес е многу многу многу полош и поизразен.

Дури и кај посилните бензинци со 1.5тси и 2.0тси го имаат истиот проблем на потскокнување, особено рикверц-прва-втора-прва-рикверц кога се паркираш или ептен забавуваш во прва без гас. Тоа на пример мене страшно ме нервираше во тест возење или рент-а-кар кога паркирам затоа што осетот е како да си пресно во автошкола и да не си навикнат на отпуштање квачило и колата скока.

Со други зборови, ти немаш проблем, но полека со таков тип на возење ќе ги истрошиш и ламелите и ќе ја “измориш“ мехатрониката со актуаторите на менувачот. И кога ќе цркне, потрошните делови ќе бидат доволно истрошени за да не ги покрива гаранцијата, а мехатрониката сам ќе си ја репарираш пошто ќе излезе од гаранција. Ако ја сервисираш редовно во официјален, можеби и ќе ти излезат во пресрет да ти средат некои работи по менувачот.

Ситуацијата некаде се подобрува со софтверски апгрејди или со репарација на мехатрониката и промена на двете ламели. Ама дури да го сменат со нов, пак ќе ти се појави истиот проблем.

Затоа ако е ДСГ само со “мокри ламели“ иако и тоа не е гаранција дека нема да се појави истиот проблем (иако е многу многу поретко, особено со редовно менување на флуидот на секои 60к).

Инаку, ова е една од причините зошто во 2021ва не купив кола од ВАГ групација со бензински мотор! Треба кодот на мотор да го погодиш со кодот на ДСГ менувач за да знаеш дали е надежен или не.  Саше со Аудито директно рипна на ZF за да не го јаде стапот. Иако 2.0тди со 6 брзини би требало да е ОК, или новиот DQ381 исто така.
Кои кодови на мотор треба да се избегнуваат?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk