Во фамилија имавме Мерцедес А класа со плин и 5-6 пати одевме Германија со него и поминавме многу км. 4ца сме во семејството и Мерцедесот беше товарен како магаре, однадвор изгледа мал, внатре е како џип. Кога се вративме од Германија донесовме тенда, 4 столици од Икеа(за нишање), домашно кино, алишта, 2 телевизори, три велосипеди и уште не знам колку многу работи, една соба од 6-7 квадрати наполнивме и комплетно собата си ја опремив. А160 е премногу тромаво возило, барај А180 доколку не сакаш ремап да правиш.
И да, освен промена на амортизери оти чиче ја имаше возено и ја мавал многу на дупки, промена на масло некогаш на 7, некогаш на 12к километри и филтри, еднаш променивме некое федерче во вратата оти не се заклучуваше(маана им е на мерцедесите од тие години) и пак откажа по некое време друг дефект сме немале за разлика од каначкава што ја возам сега што и мотор и лимарија и сменив и не знам што.
Имавме и два W168 А140 и А170 CDI од постарата генерација, ама нема шанси да ги споредиш со новата. Најдобро покажани мотори од 169ките се А150 бензин(со плинче најубо) и А180 дизел.
Едит: Многу фаќа на тротоари, и на најнизок тротоар долу слушаш како греби, пластиките ги фрлив во 1 год возење. Барав нови пластики за долу иако имаше нови амортизери и гуми, добро задните беа лоши лубеници беа ама пак фаќаше на тротоар, мислам дека носеше 185/65R15.