Автор Тема: Трилема (Искуства и Совет)  (Прочитано 3604 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #30 на: 18 Мај 2023, 09:47:40 am »
И уште еден момент што оди во прилог на Хондата.

Б-е-н-з-и-н

Ни турбо, ни ДПФ, ни двомасен, ни пумпа за висок притисок, ни скапи дизни, ни филтер за нафта,... Да не правам муабет дека моторот треба да спушташ да направиш сервис како кај А класата.

Ставаш бензин, сакаш стави и плин, едноставна за одржување, можеш сам да си ја одржуваш, а Хонда бензинец си е Хонда бензинец.


Отсутен Avitas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #31 на: 20 Мај 2023, 00:03:57 am »
Епа вака сега, другари...

Бевме ја пробавме Хондата, интериер и екстериер топ...ама објаснете ми кај е за почетник стар бензинец, кој учел и полагал на стар дизел? Кумплугот така-така, кочница тврда, гаста со каснење (мека, лесна, лабава) ни гасеше на секој втор семафор...

Никогаш не предлагајте стар бензинец на почетник кој е научен на стар дизелaш. Сигурен сум дека ако бар беше втор-трет газда бензинецот и не толку изнасилуван до безсвест (стандард со увезените коли), ќе може и почетник да го вози без проблем.

Безразлика на ситните давачки за сервис на дизелаш (DPF, пумпа за висок притисок, двомасен итн.), поефтино ќе поминеме отколку вожња на почетник во гужва на стар бензинец. Ќе се рушат рекорди во лупање на коли...

Навистина штета (ама да сме живи и здрави), што за почетник кој учел и полагал на дизел, дефинитивно не е бензинец на старо, бидејќи не е само дупло потешко за навикнување и возење, туку тродупло.

Останува само дизел количе и барем раат главата дур не стекне доволно искуство за да се префрли на бензинец.

П.С. Нашиов почетник има пробано бензинец ама неувезен, од втор газда и вика дека е десет пати полесен од дизелот на кој се учел, а сто пати полесен од Хондата бензинец на старо. 
« Последно менување: 20 Мај 2023, 00:17:33 am Avitas »

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2163
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #32 на: 20 Мај 2023, 00:15:53 am »
?!?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6804
  • French diamond
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #33 на: 20 Мај 2023, 00:21:19 am »
Треба да се научи да тргнува со бензинец почетникот, не е до колата  :) Дизел и без туража ќе тргни, за бензинец си сака малку умешност

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #34 на: 20 Мај 2023, 00:22:28 am »
Сатива, друже, здравоживо и добредојде.

Нема да навлегувам во многу профи детали, ќе наведам само нешто што може е очигледно за некои, ама други не го гледаат баш од прва...

Немам ништо против или за, нити за блејзин ниту пак за дизел, ќе произнесам само тоа што мислам дека во голем процент е точно:


1) Кочница тврда.
Провери ли текуќина, такозвани глицерин? Идиотот што ја продава, да не нема сменето едно 10 години?

2) "Гаста со каснење"
Многу веројатно проблем со цел сет ламела.
На угорница ја проба? Ако влече едвај и "касни" како што викаш, ќе да е тоа
Успат, не те разбрав за квачилото - ама во склоп на цела точка број 2 - и тоа ќе се однесува чудно

Лоша страна:
Највеќето коли што ќе ги видиш, слично вака ќе се однесуваат

Добра страна:
Те боли курац, се купува тоа со пари, се менува и цепаш.
Искористи го моментот само прописно да ти намалат на цена за возило.

Пред 10-тина месеци купував слично лајно, откако направив баш овие две работи што си ги спомнал,
автомобилот едноставно не е истиот автомобил. Лета раќета сега :)

За дизајн не ти се мешам - тоа е субјективно.

Ако ти се допаѓа колата, а моторот е здрав и "пали раќета" ич да не ти е гајле за другото,
само пресметај колку пари ти требаат за средување.

Уште еднаш ќе кажам, таа е шемата балканска.
Пред продажба полираат, наместо да средат ламели, плочки и други важни работи, чунки "за око" да биде арна, па да поебат некој...

И да, не е битно дали е плац или трговец поединец - све тоа иста багра. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #35 на: 20 Мај 2023, 00:31:01 am »
Како ќе се научи на бензинец понатаму ако му земете дизел? Што е проблемот не сфаќам. Ќе му гасне? И? Ќе му падне круната? Ќе научи. И кај мене на Тојотата е така со гасот па ќе се навикнеш.
Другар ради тоа сакаше да продаде зеде Астра Х, ај викам дај малу количето топ, му кажав што како и ене го сеа му е супер.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен Avitas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #36 на: 20 Мај 2023, 00:35:04 am »
Да, tomaso...Веруј ми и јас сум со тон прашалници, Џезот ни беше препорачан од близок човек кој кажа дека може и почетник да го вози. Во денешно време дефинитивно во никого не се верува кога станува збор за пари, а сега чисто сумњам дека би нашол посочуван бензинец за почетник од некој непознат. Порано на Фиќо и 101 се учеле луѓе, па сега знаат и авион да возат...  :D

Како што кажав, дај му на тоа што учел (дизел) и раат главата дур не стекне доволно искуство. Тотално различна вожња од стар бензинец до стар дизелаш. Нормално зависи од кола до кола, но сигурен сум дека повеќе време ќе изгубам дур да најдам асален стар бензинец за да се вклопи почетник од дизелаш. "повеќе гас, повеќе гас"  ;D

Ништо страшно во секој случај...но убедливо одам на втората варијанта со купување строго само дизел за малиов.

Поздрав

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #37 на: 20 Мај 2023, 00:35:11 am »
Нека проба повеќе Хонди нека ја научи колата.

Ќе види во што е разликата.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5493
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #38 на: 20 Мај 2023, 00:45:09 am »
Незнам шо да речам на овај муабет.. Ако не го бива веќе до толку детето, има автоматици и тоа е тоа. Шо се однесува на дизелаш стар,  ако веќе тераш натаму, за градски дизелаш нај измислена кола е Цитроен Саксо 1.5D или еквивалентот од Пежо. Тоа е магаре од мотор шо не се расипува оти нема ши да се расипи,нит турбо има,  нит замајци, нит други маки јавува, а и да јави ефтини цени се. Троши најмалце од секој дизел шо постои на светот. Види се наоѓаат чат пат по огласи зачувани,  тек тук и со клима излегува некое. Таман нека поднаучи да вози со ова,  и пари ќе ти останат за нешто подобро потаму да земиш.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Avitas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #39 на: 20 Мај 2023, 00:57:14 am »
Сатива, друже, здравоживо и добредојде.

Нема да навлегувам во многу профи детали, ќе наведам само нешто што може е очигледно за некои, ама други не го гледаат баш од прва...

Немам ништо против или за, нити за блејзин ниту пак за дизел, ќе произнесам само тоа што мислам дека во голем процент е точно:


1) Кочница тврда.
Провери ли текуќина, такозвани глицерин? Идиотот што ја продава, да не нема сменето едно 10 години?

2) "Гаста со каснење"
Многу веројатно проблем со цел сет ламела.
На угорница ја проба? Ако влече едвај и "касни" како што викаш, ќе да е тоа
Успат, не те разбрав за квачилото - ама во склоп на цела точка број 2 - и тоа ќе се однесува чудно

Лоша страна:
Највеќето коли што ќе ги видиш, слично вака ќе се однесуваат

Добра страна:
Те боли курац, се купува тоа со пари, се менува и цепаш.
Искористи го моментот само прописно да ти намалат на цена за возило.

Пред 10-тина месеци купував слично лајно, откако направив баш овие две работи што си ги спомнал,
автомобилот едноставно не е истиот автомобил. Лета раќета сега :)

За дизајн не ти се мешам - тоа е субјективно.

Ако ти се допаѓа колата, а моторот е здрав и "пали раќета" ич да не ти е гајле за другото,
само пресметај колку пари ти требаат за средување.

Уште еднаш ќе кажам, таа е шемата балканска.
Пред продажба полираат, наместо да средат ламели, плочки и други важни работи, чунки "за око" да биде арна, па да поебат некој...

И да, не е битно дали е плац или трговец поединец - све тоа иста багра. :)

Фала ти многу, бате. 100% се само тие проблеми што ги наброја, а моторот е мед (не се осеќа, ќе си помислиш на струја работи). Затоа не ми се испушта количето и затоа ја ставив во листата. Убаво кажа...балканска шема. Ќе пробаме да намалиме колку можеме ако успееме, ако не...дизел и то је то.

Отсутен Avitas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #40 на: 20 Мај 2023, 01:07:30 am »
Незнам шо да речам на овај муабет.. Ако не го бива веќе до толку детето, има автоматици и тоа е тоа. Шо се однесува на дизелаш стар,  ако веќе тераш натаму, за градски дизелаш нај измислена кола е Цитроен Саксо 1.5D или еквивалентот од Пежо. Тоа е магаре од мотор шо не се расипува оти нема ши да се расипи,нит турбо има,  нит замајци, нит други маки јавува, а и да јави ефтини цени се. Троши најмалце од секој дизел шо постои на светот. Види се наоѓаат чат пат по огласи зачувани,  тек тук и со клима излегува некое. Таман нека поднаучи да вози со ова,  и пари ќе ти останат за нешто подобро потаму да земиш.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Хахаха, абе брат кого го бивало првпат у кола од 3 месеци а предходно строго пешадијата? ;D Све си бара време нормално, али дур помине тоа време незнам колку пати ќе ја лупне дали од позади во некој од кратка угорница на гасење или од напред во некој од "повеќе гас, повеќе гас". Уште автоматик да му дадеш и никад нема да научи да се снајде во нормална кола. Сепак, фала ти на препораките...гарант нешто такво ќе се земе, строго дизел што е максимално издржлив од големи кварови. Имаше едно Меганче од првите модели, дизел...ако е 4.2м, бар вожња да е топ.
« Последно менување: 20 Мај 2023, 01:23:14 am Avitas »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #41 на: 20 Мај 2023, 01:15:42 am »
Сатива, друже, здравоживо и добредојде.

Нема да навлегувам во многу профи детали, ќе наведам само нешто што може е очигледно за некои, ама други не го гледаат баш од прва...

Немам ништо против или за, нити за блејзин ниту пак за дизел, ќе произнесам само тоа што мислам дека во голем процент е точно:


1) Кочница тврда.
Провери ли текуќина, такозвани глицерин? Идиотот што ја продава, да не нема сменето едно 10 години?

2) "Гаста со каснење"
Многу веројатно проблем со цел сет ламела.
На угорница ја проба? Ако влече едвај и "касни" како што викаш, ќе да е тоа
Успат, не те разбрав за квачилото - ама во склоп на цела точка број 2 - и тоа ќе се однесува чудно

Лоша страна:
Највеќето коли што ќе ги видиш, слично вака ќе се однесуваат

Добра страна:
Те боли курац, се купува тоа со пари, се менува и цепаш.
Искористи го моментот само прописно да ти намалат на цена за возило.

Пред 10-тина месеци купував слично лајно, откако направив баш овие две работи што си ги спомнал,
автомобилот едноставно не е истиот автомобил. Лета раќета сега :)

За дизајн не ти се мешам - тоа е субјективно.

Ако ти се допаѓа колата, а моторот е здрав и "пали раќета" ич да не ти е гајле за другото,
само пресметај колку пари ти требаат за средување.

Уште еднаш ќе кажам, таа е шемата балканска.
Пред продажба полираат, наместо да средат ламели, плочки и други важни работи, чунки "за око" да биде арна, па да поебат некој...

И да, не е битно дали е плац или трговец поединец - све тоа иста багра. :)

Фала ти многу, бате. 100% се само тие проблеми што ги наброја, а моторот е мед (не се осеќа, ќе си помислиш на струја работи). Затоа не ми се испушта количето и затоа ја ставив во листата. Убаво кажа...балканска шема. Ќе пробаме да намалиме колку можеме ако успееме, ако не...дизел и то је то.

Златен, не знам што да додадам, ама еве да пробам... :)

Не знам колку искуство имаш со коли, лично - не сум од поискусните тука, дефинитивно.
Ама ако ти врти накај ова што ти пишав и мислиш дека е тоа - земи некој мајстор со тебе, на крај краева...
Сигурно ќе се најде барем еден у фамилија или маало што ќе сака да помогне.

Видете ја заедно - ако се потврди тоа со двете точки, само провери цени на деловите и тоа е тоа.

Уште еднаш, да не биде те убедувам.
Хонда Џез ми е една од така-по-одвратните нешта што се појавиле на сцена, ама тоа у врска со мотори и све... би ги слушал постариве од погоре :)
Знам дека знаат за што зборуваат, иако по некад ми иде да му шлапнам по една на некој, ама онака пополека :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #42 на: 20 Мај 2023, 08:07:28 am »
Јас би додал само било каква кола да земеш полека за викенд да се улиш на бензинец, еве јас уште пред да положам подвозував кола на плин, а прва кола што пробав да возам беше 190кс дизел СУВ, потоа фиќо, па мерцедес а класа на плин, а класата ми гаснеше преку 100 пати, на затворен паркинг со татко ми се учев да тргнам само со кумплунг и ја возев така(тешко на ламелата).

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5160
  • Пиши лаже
Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #43 на: 20 Мај 2023, 08:45:51 am »
Ако некоја те сака, ке те сака и во Југо и во авион. :)
Не знам колку години е членов, ама Џезот не е толку лоша кола на изглед.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3064
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #44 на: 21 Мај 2023, 22:40:04 pm »
Ако си со намера да ја лапаш Хондата прво распрашај се за мајстори (дали има, и какви се) и после за достапност и цени на делови.

Sent from my SM-S908B using Tapatalk