Автор Тема: Трилема (Искуства и Совет)  (Прочитано 3606 пати)

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6391
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #45 на: 22 Мај 2023, 07:49:14 am »
Увоз, што сакаш, ја продале од горе оти се собрале работи за менување, купена е таа со најниска цена за поголем ќар тука.
Никој не знае што е сменато и кога, ако е воопшто и сменато...

Поарно да дајш пари за поскапо и да возиш, него поефтино па да одиш по мајстори и да ја поправаш за истите пари.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2708
  • Слобода или смрт
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #46 на: 22 Мај 2023, 09:13:26 am »
Незнам шо да речам на овај муабет.. Ако не го бива веќе до толку детето, има автоматици и тоа е тоа. Шо се однесува на дизелаш стар,  ако веќе тераш натаму, за градски дизелаш нај измислена кола е Цитроен Саксо 1.5D или еквивалентот од Пежо. Тоа е магаре од мотор шо не се расипува оти нема ши да се расипи,нит турбо има,  нит замајци, нит други маки јавува, а и да јави ефтини цени се. Троши најмалце од секој дизел шо постои на светот. Види се наоѓаат чат пат по огласи зачувани,  тек тук и со клима излегува некое. Таман нека поднаучи да вози со ова,  и пари ќе ти останат за нешто подобро потаму да земиш.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Хахаха, абе брат кого го бивало првпат у кола од 3 месеци а предходно строго пешадијата? ;D Све си бара време нормално, али дур помине тоа време незнам колку пати ќе ја лупне дали од позади во некој од кратка угорница на гасење или од напред во некој од "повеќе гас, повеќе гас". Уште автоматик да му дадеш и никад нема да научи да се снајде во нормална кола. Сепак, фала ти на препораките...гарант нешто такво ќе се земе, строго дизел што е максимално издржлив од големи кварови. Имаше едно Меганче од првите модели, дизел...ако е 4.2м, бар вожња да е топ.

А зошто мора да знае да вози “нормална“ кола? Уствари зошто автоматик е ненормална кола. Еден пријател положи сега скоро и сакаше да ја купи од мене хондата. Проба неколку пати му изгасна и му викам не се замарај со мануелен купи си автоматик. И на мене за следна кола прв критериум ми е да е автоматик. Автоматик кога ќе размислиш всушност е новото нормално.

Присутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3829
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #47 на: 22 Мај 2023, 09:17:48 am »

АМИН
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54955
  • Махер
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #48 на: 22 Мај 2023, 09:19:57 am »
Тоа особено се гледа кај А категорија за мотори. 95% од моторите/скутерите се веќе аутоматик. И треба да се во посебна категорија во која нема потреба да се вежбаат куплунзи, кочници со нога, слаломи, осмици. Дури е нелогично зошто учиш за нешто кое е сосем спротивно на она што ќе го возиш и го има на патиштата.
Очајно е потребна нова категорија А9 само за автоматик скутери, каде ќе има  само тестови и градска вожња, или да се прошири Б категоријата во 125цц - зошто и така имаш положено тестови и градска.

Ама колку е безвезе што учиш за куплунг на лева рака, и кочење со десна нога, а после возиш кочница на лева рака... Немам зборови.

И после гужви и нема паркинзи. Епа нема. Сите со 5х2м железо возат до овде и до онде, наместо со 125цц скутери да си изнакупат повеќето - ако е со Б категорија.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #49 на: 22 Мај 2023, 09:36:26 am »
Го раширивме муабетот до безкрај.

Младелачка ваква, таква, Хонда била грда не знам шо :)

Секој возач почетник има треба кола што ќе те превезува од точка А до точка Б безбедно и со помалку дефекти.

Треба да биде лесна за механичко одржување (мотор, мењач, предница, задница, резервни делови), бидејќи „тешкото“ одржување бара финансии, шо возач почетник (најчесто) тешко може да си ги обезбеди.

Трето, треба да биде економична со гориво (читај: плин).

Четврто, убаво Смоле тоа што спомна, треба да знаете и добар мајстор. Го прескокнав тоа во целава приказна, бидејќи сигурно возач почетник нема да седне сам да поправа кола, а во случајов не знае со кумплунг да вози.

Отсутен Avitas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #50 на: 23 Мај 2023, 23:01:10 pm »
Ја однесовме кај негов мајстор во Долно Лисиче, и вика дека ништо не и е. ;D  Зошто касни гаста кога ќе ја згазиш го прашувам, вели "дека е електрична"...? (бесплатна беше проверката) 

Сега останува и кај наш мајстор да направиме проверка па да видиме.

Како што реков, се е во ред со бензинците, само бензинец со лом педали на почетник да пуштиш не иде. Не дека нема да се навикне, само кога е прашањето...

Ќе ве известам што ќе каже другата страна. :D

Поздрав!
« Последно менување: 23 Мај 2023, 23:12:55 pm Avitas »

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5493
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #51 на: 23 Мај 2023, 23:19:02 pm »
Сите понови бензинци со електрична клапна ќе ти каснат така, едноставно така е,  ќе се  навикниш одма и не е проблем. Освен ако не планира Аритон Сена да биди малиот,  да шалта 3 надолу со кочница и меѓугас во пола секунда :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #52 на: 24 Мај 2023, 01:35:10 am »
ошто касни гаста кога ќе ја згазиш го прашувам, вели "дека е електрична"...? (бесплатна беше проверката) 

Најверојатно свекиците се за замена. Втора причина да влече фалш воздух од некаде.