Автор Тема: Трилема (Искуства и Совет)  (Прочитано 3605 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4202
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #15 на: 17 Мај 2023, 09:14:05 am »
Јас имав А класа од таа генерација, А180, и од трите коли во изборот според мене ќе ти пружи најголем комфор. Но, како што пиша дека ти траба градско возило, јас би идел на Хондата пошто е бензин и сигурен сум дека е многу поефтина од Мерцедесот (а можеби и од Голфот дизел) за одржување.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5493
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #16 на: 17 Мај 2023, 09:27:48 am »
Голф 4 е најгрд голф во историјата на голфовите, нема нешто шо не се распаѓа на него, поарно 3ка и на пари и на проблеми ќе уштедиш. А за мерцедесот,  шо знам,  другар имаше од постарата генерација А сум го возел низ годините прилично,  и на подолги патишта, јас шо сум слаб не се осеќав комотно возејќи го, воланот пред тебе безвезе позиција како за жена да го вози, тесно во нозете, назад исто тесно за луѓе, багаж 0.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #17 на: 17 Мај 2023, 09:30:25 am »
Се убави анализи.

Нешто што исто треба да се разгледа се и резервни делови.

Процедурално за Голф 4 веќе станува проблем за нови резервни делови. Зачудувачки е така.

За другите две не знам.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #18 на: 17 Мај 2023, 09:30:43 am »
За а класа важеше, дека има најзбиен мотор, со сите пропратни делови. И за скоро секоја интервенција, требало да се вади моторот, или да се раскопува. А мајсторски саат скупо кошта.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #19 на: 17 Мај 2023, 09:34:38 am »
Најскапо нешто беше алнасер и комплет кошташе 6000 ден. бидејќи мораше да се вади моторот, инаку за свеќици и бомбина цената беше иста како за астрата.
А можеби толку кошташе бидејќи се сервисираше кај Ице Тумбе, човек кој е доктор за Мерцедеси и има многу сертификати добиено од Мерцедес и цените се исти како во овластен, тие што биле кај него знаат за што зборувам.
Еве некое сликче од мојот Мерцедес.
Џезот внатрешно не може да се спореди во никој случај со Мерцедесот.
https://imgur.com/a/ORegVYU/
« Последно менување: 18 Мај 2023, 08:09:38 am nestor04 »

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 695
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #20 на: 17 Мај 2023, 09:52:01 am »
Во фамилија имавме Мерцедес А класа со плин и 5-6 пати одевме Германија со него и поминавме многу км. 4ца сме во семејството и Мерцедесот беше товарен како магаре, однадвор изгледа мал, внатре е како џип. Кога се вративме од Германија донесовме тенда, 4 столици од Икеа(за нишање), домашно кино, алишта, 2 телевизори, три велосипеди и уште не знам колку многу работи, една соба од 6-7 квадрати наполнивме и комплетно собата си ја опремив. А160 е премногу тромаво возило, барај А180 доколку не сакаш ремап да правиш.
И да, освен промена на амортизери оти чиче ја имаше возено и ја мавал многу на дупки, промена на масло некогаш на 7, некогаш на 12к километри и филтри, еднаш променивме некое федерче во вратата оти не се заклучуваше(маана им е на мерцедесите од тие години) и пак откажа по некое време друг дефект сме немале за разлика од каначкава што ја возам сега што и мотор и лимарија и сменив и не знам што.
Имавме и два W168 А140 и А170 CDI од постарата генерација, ама нема шанси да ги споредиш со новата. Најдобро покажани мотори од 169ките се А150 бензин(со плинче најубо) и А180 дизел.

Сигурно и уште не била скроз полна, собирала уште нешто :D

Сигурно и 4 зимски и 4 комада летни гуми за Мечето натовариле.

Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5160
  • Пиши лаже
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #21 на: 17 Мај 2023, 10:29:33 am »
Тоа А класата е едно од најгрдите направии од кола. Ниту удобна, ниту оди, ама троши машала...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4202
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #22 на: 17 Мај 2023, 10:40:49 am »
Тоа А класата е едно од најгрдите направии од кола. Ниту удобна, ниту оди, ама троши машала...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас имам комплетно спротивно искуство од твоето, прилично е комотна, и тоа јас сум 199 цм висок, па без проблеми фамилијарно одевме до Грција.
Ако си имал искуство со првата генерација на А класа, тогаш е друго, имаше 2 изведби, обична, помала и лонг верзија која со димензии е слична како втората генерација на А класа.
Сепак, за членот според она за што му треба, јас би го избрал џезот, се имам возено во него, удобно е и за градско возило од трите, според мене е најдобар избор.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29630
    • CARclub.mk
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #23 на: 17 Мај 2023, 10:50:58 am »
Од овие три, Хонда Џез. Неверојатно практично градско количе, максимална препорака.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #24 на: 17 Мај 2023, 12:23:55 pm »
Тоа А класата е едно од најгрдите направии од кола. Ниту удобна, ниту оди, ама троши машала...


Sent from my iPhone using Tapatalk
На плин троши 10л. градска што е нормално, еве астрава 12 ми троши а е поканта. Дизелот троши 8 градска, отворено помалку а е многу стартен, особено A180CDI+remap  ;) фабрички 0-100 е 10.8 сек. и 250Nm, со ремап добива 60тина Nm.
А ваков ентериер да гледам секојдневно, не фала.


Многу повеќе би гледал ваков ентериер или од голф 4ка.
 

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #25 на: 17 Мај 2023, 15:26:54 pm »
На крај на денот се гледа најзачуваното.

Јас би гледал Mercedes и Honda. Ако најдам зачувана Хонда со сите нишани, нема да му ја мислам.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #26 на: 17 Мај 2023, 20:55:18 pm »
А класата втора генерација е многу подобра од првата генерација.
Мене лично ни едната ни другата не ме бендисуваат,ама тоа е друг муабет.
Колега имаше А200 цди,одржување,за 6г имаше вложено дури 60€,а не дека немаше што да се поправа,ама едноставно незнаеше да застани количето.
Над 350Ккм имаше и уште се вози во Србија.
На пат за Мк кај Ниш дури дозна дека има 6-та,до таму со 5та го искина од 200 возење. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6144
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #27 на: 17 Мај 2023, 21:02:10 pm »
Глас плус прво за најзачуваното, па близу првото - за Хондата.

Отсутен Avitas

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #28 на: 17 Мај 2023, 21:59:27 pm »
Кои сте вие кралеви, човече! :D Секоја чест и само така, го красите форумот! Ви благодарам на сите!

Секако е најважна состојбата на возилото, така да заклучокот е дека Хондата дефинитивно останува на прво место ако е во топ состојба, а Мерџото А160 освен А180 си останува на второ. А180ка и беше во прв план, но коњажата на сите огласени е над дозволеното што отпаѓа у старт бидејќи е за почетник, затоа и беше решено А160 од втора генерација со послаб мотор.

Останува да го проверам убаво Џезот и доколку е во ред, да не му ја мислам. Ако испадне крш, веќе ништо не ме предомислува за А класата. :D

Бидете ми поздравени и ќе ве известам тука што сум направил и колку сум задоволен од изборот.

Поздрав!

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Трилема (Искуства и Совет)
« Одговори #29 на: 17 Мај 2023, 22:12:17 pm »
И јас сакав А180ка ама за 3-4 кс. поради ограничувањето за возач почетник отпадна од изборот. инаку и 160ката е добра.
Поздрав, чекаме нова тема.