Да не додавам сол на рана и зачини во запршка ама имаме пример со наш член тука кој после година дена реши да си ја продаде новата Елантра и да си земе нов Цитрон бабачко (МПВ/СУВ како и да се вика категоријата) и си даде убаво образложение за тоа, чинам
@MarceCvarce беше, знам баш јас го прашав за причината и од тогаш, секогаш кога ќе гледам некоја кола или правам споредба дали повеќе би ми одговарал седан или МПВ/СУВ, се враќам на тој муабет.
Мала дигресија, сега кога би се решавал за кола, за мене лично, би ми било дилема дали Пежо 3008 или Сеник 4 (со км до кај +- 50-80.000) од една страна или нова Корола од друга страна, логиката и разумот би тежнееле према Корола ама па ќефот повеќе ме тегне накај французите од 2018/2019 година. Само прво здравје, после да се спреми тој буџет, па тогаш ќе отвориме тема

, а до тогаш да си живееме и тераме животот со убави работи, пр: Каде да ги полирам фаровите на сегашната кола и средна калса гуми да се купат

.
@mistermag7k Битно имаш добар буџет и простор/ширина за избор колку сакаш, почнувајќи од КИА Спортаж/Хјундаи Тусон/Шкода Кодиак со „најфул“ опрема, па накај Тојота РАВ4 (во граници на буџет или со мала доплата), а и тоа што го постира некој погоре Q5, ако на 4 рати е 60.000 е, може во кеш да се договориш за пониска цена и ресто доплата. Со здравје во потрагата.