Хм, работата е што тие што бркаат ќејфови се сметаат за попаметни и ги прават будали тие што се одлучуваат за нова кола.
И како да кажам, досега немам сретнато некој што купил нова кола да ја продава по 1 година со 30.000 км и да е без сокриен проблем.
Малце луѓе изгледа познаваш можеби
Јас познавам неколку луѓе што го направиле истото, кој заради финансиски проблеми, кој заради болест, кој заради преселување, кој заради увид дека колата не му одговара со големина и габарит, кој заради тоа што дошол до повеќе средства па сака да ја смени колата за некоја подобро зошто сега цените се убави и така.... Секакви луѓе има, не би генерализирал толку за тоа скриени мани и слично. Едноставно, живот, се може да се случи.
Имам чувство дека не припаѓаш во ниедна од категориите што ги наведе, а баш би било широкоградо да усреќиш некого со некоја од твоите коли додека не надминале 30.000км.
Да ми дојдат од некаде голема сума на пари одма зимам 911 4S и око не ми трепнува да ја продадам веднаш, секако би ја дал по моменталната пазарна вредност која што сега е поголема од таа по која што ја набавив.
Исто така и ако имам итна потреба од средства кој што ги немам ликвидно секако дека одма би ја продал колата, парче железо што се менува е. Незнам зошто би било крај на свет да се продаде кола со 30.000км.
Немој сега и ти како Симо да го вртиш газето на страна кога ќе осетите дека сте втерани во тесно, кој спомна Порше?
Пежото или Сеатот додека не надминале 30.000км, чисто онака, од курташак, пошто не е крај на светот
и воедно да можам конечно и јас да кажам дека познавам некого 
Па и Сеатот, веднаш би го сменил за било која подобра кола доколку така се постават коцките. Не сум венчан со него. А и истиот има 4 год гаранција, каков е тој скриен проблем по 1 година што неможе да се реши и би го зафркнал некој.....
Инаку незнам како тоа сме втерани во тесно ама ај 
Па ене го Симо моторот му има инфаркт доживеано и виновно му е горивото и октаните, и згора упорен е дека боља варијанта е половно ауто.
Тој даде некој критериум со 30.000... јас кажав дека не познавам никого..., ти се истрча да објаснуваш..., ти предложив да направиш хумано дело...,почна да спомнуваш паднати пари од небо и поволни Поршиња...тоа се нарекува ескивирање

Да скратиме прича, реткост е да се појави кола со 30.000 и некој да се омрси со таква кола. Доволно да не се става у равенка .
А што се однесува до гаранцијата, таа не е никаква гаранција дека некој не се соочил со проблем кој е тежок за решавање од страна на сервис и сака да се отараси друг да тупи глава и да трчкара.