ОК. Купувајте половни коли за 40.000 евра, па проверувајте ги кај сакате.
Во 40.000 евра СЕКАКО ќе се вклопам во некаков критериум и ќе си купам нова кола, со 5-10 километри, не со 10.000.
Али, вие си знаете. Ваши пари, ваши одлуки.
Не знам што се нервираш, реално гледано најлоша финансиска одлука е купување на нова кола, каде што инстант губиш 15-20% од парите.
Лоша одлука е пример купување на некое пролупано Порше Мацан со 40.000 евра. Купување на нормален автомобил до 2 години стар, со малку километри и од локален извор е попаметно него нов автомобил - еве кажи ми ти зашто не е така?
Не се нервирам. Едноставно, не ја разбирам логиката. Разбирам ако колата е викенд ауто, па да се земе за помалку пари повеќе перформанс.
Но, ако дадам 40.000 евра за нова кола, прво - ич не ми чуе колку ќе загубам од вредноста, не од парите, како што си пишал. А и не е така - денес има куп примери каде кола стара година-две се продала поскапо од цената кога било ново возилото. Неисе.
Друго - ако дадам 40.000 евра за кола, јас лично не би размислувал за продажба после кратко време. Што значи, битно ми е да сум прв сопственик и да имам некоја сигурност дека нема да имам поблеми со возилото бар 10 години. Со кола стара година-две, тој рок по автоматизам е намален најмалку за година-две, а може и повеќе ако некој се изживњавал врз колата во тие година-две.
@Skywalker кажа дека не биле многу пари 40.000 евра. Ти посакувам цел живот да гледаш така на тоа - 40.000 евра да ти значат како 40.000 денари. Да имаш многу, па да тврдиш дека 40.000 "биле" многу пари. Сега, СЕ МНОГУ ПАРИ, да не се лажеме.
Никогаш нема да биде попаметен избор половен пред нов автомобил. Бар за мене.