Добро вечер,
Кај секој производител на возила можат да се протнат дефекти во призводство, а неретко се прават разни recall-и. Тоа почесто зависи од нивните добавувачи. Возејќи неколку различни возила купени од Порше Скопје, Пасат, Ауди и сега Кодиак, сите тие проблеми се решавале мислам најбрзо во однос на некои други импортери. На пасатот ми сменија радио после 2 години, на Аудито двата елетрични ретровизора и еве на Кодиакот ми сменија Акумулатор (Монбат фабрички не ми се веруваше со оглед дека марката не ја почитувам) , и еден внатрешен уред за комуникација. Не сум имал никакви проблеми ниту трошок за промените.
Ако си имала проблем, а очигледно имаш мислам дека барем Порше е еден од поспремните во ова поле. Испорака на дел за 24-48 часа, генерално питом однос од вработени, а Шкода како бренд е одличен избор во однос платено/добиено.
Јас после 33К км (2 години) имав сличен проблем со задњите кочници (гребење), кое не влегуваше во гаранција. Си испружив околу 5 иљадарки, си сменив задњи плочки и раат.
Она што предлагам, и веројатно си требала од почеток да направиш е да побараш да разговараш со директорот на сервисот. Верувам дека лесно би искомуницирале и нашле решение. Пред сите оние пријави и слично. Просто неверојатно ми е да тие имаат таков однос кон муштерија. Токму поради тој однос и брзина не се решавам да одам кај друг импортер. Кај тебе веројатно е некаков сплет на различни околности.
Не ја продавај колата - ако се прашувам јас изборот топ. Верувам дека ќе го решиш пробемот брзо, и ќе си уживаш во колата и сите дополнителни тракатанци кои си ги порачала со неа.
ПС. Имаат одлични опции со апликацијата MySkoda истата услуга првата година е бесплатна, како и апдејтите на мапите и е „over the air". Може да ти ја активираат услугата со презентација на возачка дозвола (таква е постапката). Ако треба повеќе инфо - пиши.