Се зависи од мотор до мотор.
Башка Мазда колку што знам немаат нивни дизел мотори - земаа(т) од PSA.
Маде да речеме, кај Волво не сум слушнал со истите мотори да имаат проблем како што сум слушал кај Мазда и Пежо.
Знам дека тие мислам и самите си ги произведуваа моторите во Шведска, можда завршната обработка е битна
Можеби си во право.
Исто како што викаат за А класата од Мерцедес демек да од Рено зема мотори ама само блоко останатото демек тие го препработуваат за нивните потреби колку е вистина незнам.
Дизел моторот од Рено на Мерцедес e 100% производ на Рено и се произведува во Бурса, Турција и Валовид, Шпанија.
Кај Мазда со Форд беше поинаку. Мазда си имаше свои инжинери кои ги проектираа моторите, само што деловите и компонентите беа набавувани од ист филтер на добавувачи за Форд и затоа и на од Мазда пишува FoMoCo, кај мене на држачот од моторот и други делови си го пишува тоа, па дури и на кочниците. Мазда го користеше само подвозјето и менувачите од Форд, и дизел моторите заедно ги проектираа иако се водеа под MZR. А мислам дека и бензинските и дизел агрегатите се лиени во ливници на Форд. Како и да е, бензинците се водат како Мазда мотори не битно кај се лиени, зошто проектирани се од нивни инжињери, ама другово од подвозје до менувач и ситници е Форд се. На другава Мазда кај мене на 626ката е исто Форд менувач, 30години има и 350 000км колава, менувачот милиметар луфта нема, ко нов. А Мазда па му црташе мотори на Форд, затоа тие бензинците на Форд старите ги биваше.
Иначе коа сме кај гумиве, некој да не знај кај можам да најдам бандажи челични 15-16ки со четири штрафа за Мазда 2?
Јурај вика поинаку во однос на тоа што и како околу моторите на рено во мерцедес.
1:33
Па убаво си кажа и Јура, радилица, замаец, струја, брегаста осовина е различна од Рено бидејќи моторот во делови (1.5 дци) доаѓа во Бремен (не склопен) и во Германија се преработува и доработува по стандардите на Мерцедес и се вградува во моделите. А само блокот му останува не преправен.
Фактички, Рено го произведува во Шпанија >> го испраќаат расклопен во Бремен во делови >> сите овие делови Мерцедес ги преправа и доработува по негови стандарди >> само блокот го оставаат ист не преправен.
Го преправаат моторот зошто го прилагодуваат за нивните потреби од целокупен аспект за моделот, за самата каросерија, моќноста, стандардите итн.
А 99% е на цртан и проектиран од Рено. А тој 1% е за Мерцедес зошто го доработуваат за нивни потреби.
Пак по твое си вртиш.Доаѓа само блокот како сировина,после тоа се доработува и се склопува со сите делови,делови кои доаѓаат од најразлични добавувачи.
Тоа што ти мислиш дека Рено или било кој друг(бмв,форд,опел итн.итн.) ги произведува си голема грешка.
V8 блокови за мотор од Германија(Мешеде)товарам за Астон Мартин(Варвик) Англија.
Радилици,клипови,штрафови,брегасти доаѓаат од други добавувачи,и во Астон Мартин само се склопува.
На ист начин работат и другите.
Брегасти осовини босев во Оксфорд и Колешил во фабриките на Мини.
Изолација во Бентли и Ролс Ројс.
Не зборувам за добавувачи на компоненти и производители на делови. Зошто компоненти стигаат од цел свет во производствените погони. И кај нас се прават делови и инсталации за сите па во Германија само ги монтираат.
Овде е сосема различно и нема врска со тоа што ти го кажуваш, филтер на добавувачи и испорака на делови и компоненти е едно а проектирање на мотор е друго.
1.5 дци е проект на Рено, нацртан и инжињерски математички основан од Рено, го продаваат на Мерцедес, Мерцедес си го прилагодува за свои потреби.
А тоа дали Рено или Мерцедес ќе ставаг на агрегатот радилица или брегаста произведена во Аргентина или Казахстан, е нивно, филтерот кој работи да им достави компоненти е нивна работа и тие одлучуваат кој ќе им доставува компоненти во Валовид или Бремен или на друго место кај што го склопуваат.
Ние го толкуваме потеклото и проектот на моторот или народски кажано, од кого е или чив е.
Моторот (проектот) е на Рено, Мерцедес си го преправа по свое. Тоа е исто ко да речиш црнецот е германец а он нема допирна точка со правата германска раса, да и тој германец е ама натурализран. Или пак се раѓа мулаткиња или мулат, и сеа ако 99% од феноменот на кожата е црна и 1% бела, не можиш да кажиш дека припаѓа на белата раса кога 99% е црн/цркиња и 1% белец. Така и со моторов. 99% проектот е на Рено, и тој 1% е на Мерцедес што го си го прилагодуваат по нивен стандард, фактички натурализиран Мерцедес мотор ОМ607 а всушност 99% е К9К Рено