Ја мислам дека премногу ви се јаки другите коли и кога ке седнете у било што послабо реакцијата е мехх, како и да е за потребите мислам дека ги задоволува сите стандарди
Да, дефинитивно влијае што си возел претходно или што возеш паралелно со тоа. Јас сум дошол на 1.5 тси од 1.6 атмосферец, така да авион ми е
... ама би сакал да е 2.0 тси со 245/280 коњи
Бидејќи уште ја чувам старата, кога повторно се качувам во неа сфаќам колку реално стара ми била колата, чуство што сум го немал претходно кога секојдневно сум ја возел...
Значи со мауелен мењач дел од тоа еко срањето би се елиминирало Бидејќи претпоставувам автоматикот цело време пробува да вози во највисок можен степен и тоа ја гуши колата.
Претпоставувам и кај леонот е така, во октавиата имам driving mode selection, во sport mode, ја прави гаста да е пореспонзивна, воланот да е покрут и други модификации... исто така има и custom mode, каде сам си бираш што да има.... кај автоматик, во спорт, ја држи гаста со повисоки обртаи, спремна за забрзување, на притискање до долу по потреба менува надолу брзини колку што треба....
@Sase_91 дали на леонот кога ќе ја притиснеш гаста до крај има како запче? На октавиата, кога ќе ја притиснам до крај, после ~1 секунда дополнително пропаѓа уште малку надолу, како запче се осеќа (незнам како да го опишам), додава дополнително гас.