Автор Тема: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008  (Прочитано 10939 пати)

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #30 на: 16 Април 2021, 00:10:59 am »
Купени 2 нови летни гуми, General Tire Altimax One S од Мотоцентар, 8040 ден, комплет со монтажа, нови вентили и балансирање. Ме искина димензијава 195-55-16 :D Другар денеска зеде исти гуми ама 205-55-16 и плус Праксис бришачи и мирис за в кола Мишелин :D, плати 7100. Убави на око, добри оценки и reviews. Мислам направив добар избор.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #31 на: 16 Април 2021, 01:24:57 am »
Novo si e novo
Nego nebivase site 4 isti da gi zakacis nego vaka 2x2 edni novi edni stari ?

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #32 на: 17 Април 2021, 00:17:42 am »
@Vlatce-Vectra   Не ми се толку стари другите две  :P Тие ми се Riken Road Performance купени пред 2 год. Околу 10000 км имаат поминато.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 276
Одг: Peugeot 207 SW 1.6 HDI 2008
« Одговори #33 на: 21 Април 2024, 23:48:24 pm »
Бујрум еден дебел update  8). Не знам како сум допуштил да не го пишам овде малиот сервис летото 2022 година   :-X , а се сметам себеси за доследен и дисциплиниран во водење евиденции, информации и сл. Па на кратко само, да не испадне дека колата од 2020 до 2024 немала мал сервис  ::) еве што се смени 17.06.2022 година (на 240051 км):
- Масло (истото Тотал 9000 5w-40)
- Воздушен филтер
- Филтер за масло
- Филтер за кабина
- Филтер за гориво (прескокнат за овој сервис)
Цена не памтам за ова, веројатно околу 4-5000 ден. Ако најдам фактури, ќе допишам.

Август 2022 - рикна сет кумплуг и замаец. Сменет со нов Valeo сет, со работна рака (плус смеринг и водилка) ме чинеше 28560 ден.

Ноември 2023 - нормално регистрација и осигурување стандардно, се вкупно околу 11000 денари.

Полека стигнуваме до сегашноста, односно до пред 10ина дена (11.04.2024), кога се направи новиот мал сервис (247400 km) плус комплетна инспекција визуелно на подвозје, кочници, компјутерска дијагностика, фиксирање на нешто кај интеркулерот, што даваше звук на тропкање метал на метал, итн. со еден збор, како да ја купувам колава - мајсторе провери ми се :D

Малиот сервис:

- Масло (истото Тотал 9000 5w-40)
- Воздушен филтер (Comline)
- Филтер за масло (Ridex)
- Филтер за кабина (Comline carbon)
- Филтер за гориво (SCT Germany)
- Комплет замена на антифриз (G11 + вода во однос 60-40)

Дополнително:
- Држач на мотор (веројатно не сменети одамна, овој е еден од трите, другите два не можевме да ги најдиме)
- ПК каиш (бил за менување)

Цел зафат комплет, ме чинеше 8800 ден.

Поради сплет на околности, испадна истиот држач за мотор да биде набавен од две места, па сега имам еден вишок (не ми го враќаа/заменуваа за друго), па ќе пишам во темата за огласи да пробам да го продадам (Febi германски оригинал).

За решавање во иднина (ќе гледам тоа да е годинава):
1. Комплет дискови и плочки (некој предлог модели/цени?)
2. Голем сервис (нема многу км откако е сменето ова кога ја купив есента 2018, ама годините си ги има па мора превентивно да се делува)
3. Средување на фамозното капење масло во делот на поклопецот на вентилите, познато за овие мотори. Ми опиша мајсторот отприлика што и како се прави тука, не е нешто скап зафат ама ќе почека засега.
4. Грешка за ЕГР. Барав ако може да се отвори да види состојба, дали може да се исчисти и слично, ама гледам не сакаат многу мајсторите да се занимаваат со ова па најлесниот предлог им е исклучување. Наводно можело само ЕГР да се исклучи, без да се чепка ДПФ. Од друга страна па гледам на аутодок на попуст има нов ЕГР за 60 еур!? Дали е можда подобра варијанта да се смени директно нов...?
5. Некоја грешка поврзана со можен дефектен грејач. Ова засега не прави проблем на палење, веројатно така и ќе биде летово, а ако се решава точка 3, ќе има прилика да се види и ова. Дали е можно да се смени еден грејач само ако треба или мора сите (колку и да се, 3 или 4)?

Колата е извозена од страна на мајсторот, се изгледа во ред засега, од мењач, турбо, итн. убаво си повлекува, снагата си ја има. Палењето и гасењето е помеко/потивко сега, ваљда поради новиот држач и поради фиксирањето на интеркулерот. Да се внимава од време на време да се издувува на отворено поради ДПФ-от и то е то. Да имаме ксмет да потера без проблеми уште година - две можда додека се земи нешто поново, ако дозволат финансиите. 
« Последно менување: 21 Април 2024, 23:59:38 pm bobimk »