Автор Тема: Opel Astra G 1.4 16V TNG  (Прочитано 60569 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #255 на: 20 Март 2023, 15:10:29 pm »
Оти да бара, нека си купи, ќе си врне и понатака низ годината ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #256 на: 20 Март 2023, 17:29:05 pm »
Извадов околу 1л. вода од тепихот со помош на методот на @vladic3110 и не успеав до крај да истерам бидејќи (најверојатно) изгоре правосмукалката.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #257 на: 20 Март 2023, 19:51:06 pm »
Оти да бара, нека си купи, ќе си врне и понатака низ годината ;D
Нема да издржи низ годините опел е ке скапе
Него ако те носи патот накај скопје јас имам од борбениов авион ке ја шмукнеме водата
Што одвод има отпушено правосмукалката ,само за тоа вреди

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #258 на: 20 Март 2023, 20:47:56 pm »
Само вадење е спасот за тие сунѓерите/изолацијата, кај татко ми Меганот и тој 2 пати се има поплавено од затнати црева на сончевиот кров, само вадење сунѓерот и оставање калорифер едно 5-6 саати да дува во тепихот.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #259 на: 27 Март 2023, 17:18:49 pm »
27.03.2023:
Интересно бројче фативме денес.
П.С знам дека е за чистење внатрешно, ама не ми замерувајте бидејќи немам воопшто време, а и поради здравствени причини.
Инаку вчера беше испрана со FraBer пена само немам слика, инаку пената не е лоша, но е слаба, ама еве денес заврна и џабе сѐ 😂

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #260 на: 28 Март 2023, 09:55:13 am »
Денес проверено нивото на маслото после ≈ 1200км, нивото на маслото не е поместено, односно е на максимум, што не е лошо за овој тип на мотор, иако пишува дека може да троши 0.5-0.6l/1000km.
После ќе проверам пак, но не се сомневам на потрошувачка.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #261 на: 30 Март 2023, 12:53:10 pm »
30.03.2023:
Помина 1 година откако ја купив астрата, прва кола што никогаш нема да ја заборавам и во блиска иднина не планирам да ја продавам, и да купам нов автомобил астрата ќе стои во гаража и ќе се користи како викенд возило.
Наскоро купувам и нов комплетен издув и потоа нема ни штрафче што да се смени на неа.
Трошоци во оваа измината 1 година (не е сѐ напишано)
30€ rezervna i kluc
150€ Daniel
35€ maslo i filter
200€ Skopje-Marsher
400€ motor
30€ Angromehanika
15€ radio
25€ navlaki
25€ airbag
10€ airbag
500€ farbanje
30€ maslo
10€ centralno
200€ gumi i montaza
65€ bandazi i montaza
25€ ratkapni i kuferce
55€ krov
40€ cistenje na kazance za parno
20€ lenta na volan
10€ amortizeri za bagaznik
35€ crevo
200€ kocnici komplet
Vkupno:
 2110€ trosoci
+1350€ kupena
=3460€
Во периодот 30.03.2022-30.03.2023 се изминати 5620км (со такси да се возев поевтино ќе беше  ;D)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43717
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #262 на: 30 Март 2023, 13:48:00 pm »
Ако земеме просечна вожња 5км (старт 60 денари + 4км по 35 денари), 400 денари се 10km. (40 денари по км.), за 5620км имаш 224.800 денари, делено на 61,8 3.600е ќе си дал за такси.
Колата те чинела 3460 евра, ама гарант имаш трошоци за плин/бензин и паркирање кои надминуваат 300 евра во годината.
Дефинитивно со такси си подобар. 


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #263 на: 30 Март 2023, 13:57:16 pm »
Ако земеме просечна вожња 5км (старт 60 денари + 4км по 35 денари), 400 денари се 10km. (40 денари по км.), за 5620км имаш 224.800 денари, делено на 61,8 3.600е ќе си дал за такси.
Колата те чинела 3460 евра, ама гарант имаш трошоци за плин/бензин и паркирање кои надминуваат 300 евра во годината.
Дефинитивно со такси си подобар.
Месечно поминувам во просек 360 км, ретко повеќе, што се 12км дневно, бидејќи најчесто ја возам наутро голем дел возам на бензин и давам 1000 ден месечно за бензин и 2000 ден за плин.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #264 на: 03 Април 2023, 09:23:58 am »
03.04.2023:
*Годишен сервис*
Километри:133449
Се состои од:
-Масло Amsoil XL Boosted 10W-40 4х946ml=29.97€
-Hengst H90W03 филтер масло=4.28€
-Hengst E352L филтер воздух=9.65€
-Hengst E910LI филтер кабина=9.58€
-Ridex 9F0008 филтер бензин=2.66€
-Mannol 9900 Flush=200 ден.
-Sonax Klima PowerCleaner=300 ден.
-Работна рака=300 ден.
Вкупно:4270 ден.
Слики:

« Последно менување: 03 Април 2023, 09:58:23 am nestor04 »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #265 на: 03 Април 2023, 22:21:09 pm »
Се извинувам за дупли пост, но морам да кажам импресии после сервисот.
Астрата како да се препороди, дали до адитивот или до маслото е не знам, ќе покаже времето, мајсторот ми рече дека немало потреба да ставам адитив бидејќи моторот нема наслаги, но сепак ставивме.
Исто така се мислевме дали да смениме филтер за бензин бидејќи имам поминато само 5600-5700км после сервисот, му реков на мајсторот да го смени и филтерот бидејќи не ме кошта ништо да "фрлам" 150ден. годишно.
Филтерот беше црн.
Денеска ја возев доста астрата бидејќи ме изненади работењето во лер и ми беше ќеф да ја возам 😂
Сега го проверувам нивото на маслото и после доста километри старт-стоп прв пат гледам толку чисто масло, инаку претходното масло после 10км. стана "катран" црно исто како на дизел возило.
Се зголеми љубовта кон астрата после долго време.



Инаку ми остана околу пола литро масло "за секој случај".
И едно прашање за крај:
Дали направив грешка што зедов "бомба" од Сонакс за клима бидејќи астрава нема клима?
Барем убаво мириса внатре сега 🤔

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5554
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #266 на: 03 Април 2023, 23:35:50 pm »
Нема галје бомбата,  само не трај многу,  ќе го снема мирисот за некој ден.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #267 на: 03 Април 2023, 23:45:14 pm »
Нема галје бомбата,  само не трај многу,  ќе го снема мирисот за некој ден.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
Не е некој јак мирис, ама ме зачуди оти само 1 мин. траеше прскањето.
Почекав 5 мин според упатството и потоа ги оставив предните врсти отворени додека менував филтер за полен.
Се надевам не згрешив.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #268 на: 05 Април 2023, 11:06:37 am »
Ако земеме просечна вожња 5км (старт 60 денари + 4км по 35 денари), 400 денари се 10km. (40 денари по км.), за 5620км имаш 224.800 денари, делено на 61,8 3.600е ќе си дал за такси.
Колата те чинела 3460 евра, ама гарант имаш трошоци за плин/бензин и паркирање кои надминуваат 300 евра во годината.
Дефинитивно со такси си подобар.
E da ama taksistot nema da mu dade sfe ovoa da go smeni na taxito :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5919
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra G 1.4 16V TNG
« Одговори #269 на: 05 Април 2023, 13:21:51 pm »
Една папараци слика од 25.02.2020, пред астрата да биде донесена во Прилеп  ;)