Се извинувам за дупли пост, но морам да кажам импресии после сервисот.
Астрата како да се препороди, дали до адитивот или до маслото е не знам, ќе покаже времето, мајсторот ми рече дека немало потреба да ставам адитив бидејќи моторот нема наслаги, но сепак ставивме.
Исто така се мислевме дали да смениме филтер за бензин бидејќи имам поминато само 5600-5700км после сервисот, му реков на мајсторот да го смени и филтерот бидејќи не ме кошта ништо да "фрлам" 150ден. годишно.
Филтерот беше црн.
Денеска ја возев доста астрата бидејќи ме изненади работењето во лер и ми беше ќеф да ја возам 😂
Сега го проверувам нивото на маслото и после доста километри старт-стоп прв пат гледам толку чисто масло, инаку претходното масло после 10км. стана "катран" црно исто како на дизел возило.
Се зголеми љубовта кон астрата после долго време.
Инаку ми остана околу пола литро масло "за секој случај".
И едно прашање за крај:
Дали направив грешка што зедов "бомба" од Сонакс за клима бидејќи астрава нема клима?
Барем убаво мириса внатре сега 🤔