Денес колава си доби едно фино подобрување на вожња - tune на мењач.
Накратко, ми стигна OBD адаптер од MHD
Одма чим дојде, од она што имав истражено претходно, колата си доби xHP Stage 2 мапа (xhpflashtool.com), што има сериозна надградба врз како функционира ZF мењачот. Целата процедура траеше 2 минути и се прави бежично преку телефон.
Првите 100-120 километри треба да се возат полека, да не се прави стрес на мењачот, ама уште од старт во Comfort + Drive она што можам да го приметам е дефинитивно многу помазно менување на брзини. Претходно 1-2 и 2-3 знаеше ептен да биде jerky, сега е мазно и ништо не се осеќа.
Покрај подобрување на брзината и мазноста на менување брзини, дополнително отклучува екстра режими на работа: Comfort/Sport/Sport+ модовите сега ја менуваат брзината на менување, а Drive и Sport на самиот мењач менуваат shift points. Така да има сериозно поголема флексибилност.
Во среда ќе ја свртам до Гостивар и назад лабаво за да ги набилдам warmup километрите, па после ќе ја пробаме сериозно.
Во меѓувреме ги исконтактирав и ReDrive за надградба на инфотејнмент системот на NBT Evo. Па ќе видиме и тоа.