Автор Тема: BMW F30 335i xDrive M Sport  (Прочитано 52797 пати)

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #210 на: 09 Октомври 2023, 21:22:19 pm »
Денес колава си доби едно фино подобрување на вожња - tune на мењач.

Накратко, ми стигна OBD адаптер од MHD



Одма чим дојде, од она што имав истражено претходно, колата си доби xHP Stage 2 мапа (xhpflashtool.com), што има сериозна надградба врз како функционира ZF мењачот. Целата процедура траеше 2 минути и се прави бежично преку телефон.





Првите 100-120 километри треба да се возат полека, да не се прави стрес на мењачот, ама уште од старт во Comfort + Drive она што можам да го приметам е дефинитивно многу помазно менување на брзини. Претходно 1-2 и 2-3 знаеше ептен да биде jerky, сега е мазно и ништо не се осеќа.

Покрај подобрување на брзината и мазноста на менување брзини, дополнително отклучува екстра режими на работа: Comfort/Sport/Sport+ модовите сега ја менуваат брзината на менување, а Drive и Sport на самиот мењач менуваат shift points. Така да има сериозно поголема флексибилност.

Во среда ќе ја свртам до Гостивар и назад лабаво за да ги набилдам warmup километрите, па после ќе ја пробаме сериозно.

Во меѓувреме ги исконтактирав и ReDrive за надградба на инфотејнмент системот на NBT Evo. Па ќе видиме и тоа.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #211 на: 10 Октомври 2023, 10:28:46 am »
Се ресетирале адаптации, затоа помазно ти мења :) За 6 брзинските имаше специјална процедура на возење после ресетирање, со цел на почеток да се истренира мењачот ко шо треба за да не почне пак да ти џерка, прогуглај дали има и за твојот.
Пример за 6 брзинските:


Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #212 на: 10 Октомври 2023, 10:44:06 am »
Се ресетирале адаптации, затоа помазно ти мења :) За 6 брзинските имаше специјална процедура на возење после ресетирање, со цел на почеток да се истренира мењачот ко шо треба за да не почне пак да ти џерка, прогуглај дали има и за твојот.
Пример за 6 брзинските:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Нема, им ја читав цела процедура на сајтот. Само 50-70 милји без фул гас, на различни брзини и пат (градска, автопат, кривини), и во различни брзини да се извози. xHP, бар за 8HP, не ресетира адаптации.
« Последно менување: 10 Октомври 2023, 10:54:39 am andrejnaumovski »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #213 на: 10 Октомври 2023, 11:33:21 am »
за 8-брзинските ова ми има улетано


Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #214 на: 10 Октомври 2023, 11:58:36 am »
за 8-брзинските ова ми има улетано

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Не сум го видел ова, така да не знам. Ама целосно софтверско ресетирање на адаптациите не ни треба да се прави освен при менување на мекатрониката или други механички делови (сет квачила). Пошто со самото трошење на механичките делови адаптациите се подесуваат за да надокнадуваат за тоа.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #215 на: 10 Октомври 2023, 13:23:37 pm »


Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #216 на: 11 Октомври 2023, 21:04:40 pm »
Денес се дружевме со помалото, побесно братче.  ;D


Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1806
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #217 на: 11 Октомври 2023, 22:31:24 pm »
Уу јеботе тек сега права слика како легнале спираливе вака од фабрика треба да искача

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #218 на: 12 Октомври 2023, 16:55:25 pm »
Уу јеботе тек сега права слика како легнале спираливе вака од фабрика треба да искача

Апсолутно, ама така нема да им биде удобна на бизнисмените германски за на Аутобан :) се оправија со G20ката бар, M340i е добро скоцкана.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2659
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #219 на: 12 Октомври 2023, 21:05:49 pm »
Vo koj smisol pravi tuning na 8AT, vo sto e razlikata od stock- benefiti.

Sto se dobiva so MHD universal adapterot, toa e samo start pa potoa kupivas razen software za instalacija preku nivnata aplikacija ili?

Kolku kosta ova zadovolstvo KW v3?
« Последно менување: 12 Октомври 2023, 21:19:49 pm M3V8 »

Отсутен DasAuto.

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4585
  • ~ Full of soul ~
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #220 на: 12 Октомври 2023, 21:06:13 pm »
Лудница ! Чиво е М3то?
↯↯ Don't try to follow me ↯↯

http://www.youtube.com/watch?v=b_v5fPI-DUw

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #221 на: 12 Октомври 2023, 22:50:38 pm »
Vo koj smisol pravi tuning na 8AT, vo sto e razlikata od stock- benefiti.

Sto se dobiva so MHD universal adapterot, toa e samo start pa potoa kupivas razen software za instalacija preku nivnata aplikacija ili?

Kolku kosta ova zadovolstvo KW v3?

Ај од почеток:
1. xHP прави повеќе работи, и има повеќе stages. Stage 1 е само бришење на torque limiter во некои брзини ако сакаш да ремапираш. Stage 2 го менува целосно однесувањето на мењачот. Фабрички, најбрзи промени добиваш само во S мод со рачно менување брзини. S мод на мењач, или D мењач + Sport менуваат само shift point, со релативно споро менување на брзини. Со xHP Stage 2, начинот на кој што го ремапира мењачот е, Eco/Comfort/Sport/Sport+ одредуваат колку мазно или колку брзо ќе менува брзини мењачот, а D/S на мењач само одредува до колку вртежи ќе ја остава да оди (D помалку, S повеќе нормално). Така што сега имаш 8 модови + мануелно менување да комбинираш како сакаш (многу слично ко на М коли со ZF8). И плус дополнително прави измени на самите параметри за помазно менување брзини во Comfort и побрзо менување брзини во Sport и Sport+ од фабричките. И ова е многу осетно. Дополнително, може да ја клонираш stage 2 мапата и да си ја модифицираш ако сакаш да правиш измени, пример да смениш односите на брзините и слично, ако не ти е доволно. Stage 3 е Stage 2 на стероиди, буквално правена за на стаза.

2. MHD адаптерот е само адаптер што е програмиран да комуницира со БМВ-специфични протоколи. После тоа си купуваш лиценци за што и да сакаш (јас имам xHP и Bimmercode за ситници). Имам универзален OBD за сите брендови за дијагностика и читање кодови и тој не функционира за вакви специфични работи.

3. 2500 евра во Грција + 150 евра монтажа и центрирање :)

Лудница ! Чиво е М3то?

Фала ти, на другар е :)

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 915
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #222 на: 17 Октомври 2023, 13:42:00 pm »
Да се надоврзам, викендов ги поминав break-in километрите на мапава, па вчера нешто се развозував низ град и си реков Ај да ја пробам на обиколница. Разликата во менување брзини е НЕ НОР МАЛ НА. Скрос ден и ноќ со фабричката мапа на мењачот, до степен што сум шокиран колку брзо менува брзини. Во најбрзиот мод и рачно менување, се чувствував дека менува брзина уште пред да стиснам на тоа paddle-от. Буквално на ниво на новите М со ZF менувач. 10/10 инвестиција

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4756
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #223 на: 17 Октомври 2023, 14:32:24 pm »
Најс :)


Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2659
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #224 на: 17 Октомври 2023, 15:40:33 pm »
Да се надоврзам, викендов ги поминав break-in километрите на мапава, па вчера нешто се развозував низ град и си реков Ај да ја пробам на обиколница. Разликата во менување брзини е НЕ НОР МАЛ НА. Скрос ден и ноќ со фабричката мапа на мењачот, до степен што сум шокиран колку брзо менува брзини. Во најбрзиот мод и рачно менување, се чувствував дека менува брзина уште пред да стиснам на тоа paddle-от. Буквално на ниво на новите М со ZF менувач. 10/10 инвестиција
Aj ne me pali :)
Ja bi mu naprail nekoj remap na moevo 8AT, ako ima moznost na Custom remap ili nekoja mapa da mi odgovara. Ama kako da znam...
Mi fali nekoj megu mod. Vo Comfort mnogu niski mi gi drzi vrtezite (ECO nikogas ne koristam), na blaga nagornina se maci motorot pa preflam vo sport mode na menjacot ili na motorot, ili otsecno dodavam gas i odpustam da simuliram da prefli vo poniska brzina.

A na sport za normalna voznja ne mi trebaat tolkavi vrtezi, i nemam potreba od servotrinikot mi go orvrdnuva volanot koga i ne mi treba.
Nesto izmegu bi mi trebalo.
Citam ovoa sto si opisal, ama aj da procitam nekolku pati nemozam bas da svatam so modovive i setinzite.
Ako imas nekoj link kade podetalno objasnue pusti da proanaliziram.
Kaj mene fabricki nemam sport+ i nemam racki za menjanje na volan.