Автор Тема: BMW F30 335i xDrive M Sport  (Прочитано 54679 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #45 на: 28 Јуни 2022, 22:57:02 pm »
Тргна неделава, денес стигнаа во Пошта M Performance патосниците:



Малку бев пола-пола ко стигнаа, ама им дадов време да легнат денес и сеа ептен ми се свиѓаат. Деновиве треба да појдам до кај Џеповски да ја провери дали е ко што треба сѐ, па до Мотоцентар да препроверат балансирањето и следна недела идеме на одмор - после тоа иде на дневен ред суспензијата  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #46 на: 28 Јуни 2022, 23:00:17 pm »
Дај и другите да ги видиме де...

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #47 на: 28 Јуни 2022, 23:04:20 pm »
Дај и другите да ги видиме де...

Ова набрзина го сликав прееска пред излагање, другите утре :) мање више истиот дизајн е на сите, само на совозачка страна превртен хоризонтално.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #48 на: 30 Јуни 2022, 18:24:19 pm »
Со здравје да си ги газите. Колку коњи доби плус од патосноциве? :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #49 на: 30 Јуни 2022, 23:50:51 pm »
Со здравје да си ги газите. Колку коњи доби плус од патосноциве? :D

Не е уште пробана, ама ако не се бар 15-20 ќе си ги барам парите назад  ;D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #50 на: 04 Август 2022, 19:07:08 pm »
И, на мое разочарување, M Performance суспензија за xdrive моделите нема. Истражувам можни афтермаркет делови, и најверојатно ќе одам со KW v2 Street Comfort. Најблиску се до висината на M Performance, плус подесива висина и подесив dampening, и се чест избор за F30 платформа.

Во меѓувреме, малце DIY по дома, само што ставив M Performance style дифузер и спојлерче, мислам дека убаво ја комплетира задницата што изгледаше малце празна.

Пред:



Потоа:

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #51 на: 04 Август 2022, 19:36:05 pm »
Фино заокружило, да.
Ти посакувам што побрза замена на суспензијата. :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #52 на: 16 Јануари 2023, 14:34:24 pm »
Да ставам некое сликиче пошто одамна не сум пишал ништо, главно пошто ништо нема да се пише :D Направи 100 илјади километри колата, без проблем уште како кога ја купив, свежо вратена од пат е па чека да ѝ дојде ред за перење, нема потреба да се лажеме дека на сите ни се испрани колите цело време.

Чекам март да ѝ дојде редовен сервис па да продискутирам за coilovers ставање, 99% ќе бидат KW v2 Comfort. Во план е и механички LSD за задна оска од M Performance (потврдено во М Кар по број на шасија дека го има за Xdrive моделот).






Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #53 на: 16 Јануари 2023, 16:39:31 pm »
Kakva vrska ima redoven servis so suspenzija :)
Ajde koj ke ceka do Mart.

Edna preporaka kako za kupuvanje pogotovo za montaza na amortizeri/sporali.
Grcka-Larisa em odlicna cena em dobar servis.
Jas od kaj niv zemav i montirav amortizeri Koni za F30ka i spirali pojacani za Honda civic.
Koni mi dojdoa upola od cenata sto mi ja nudea tuka.

https://www.amortiserladas.gr/

Javi im se vidi telefon ski sto ke ti kazat, odgovaraat i na email.
Kazi jas sum te pratil :)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #54 на: 23 Февруари 2023, 11:54:37 am »
Не може само убави работи нели :) почнаа да се појавуваат демоните на веќе 10 години стар N55 - пред некоја недела приметив како чади малку од под хауба на загреан мотор. Не мирисаше, и баш се погоди тогаш да е ептен ладно периодот, па претпоставив дека е кондензација. Измерив ниво на уље, фалеше само некое пола литро после 8000км од сервис, си реков ништо страшно и дотурив. Бев на подолг пат до Софија и назад, никакви проблеми со прегревање или слично. Откако се вратив не ја возев често, повеќе го возев Меганот, користев сончеви топли денови.

Вчера имав потреба да го запалам БМВто, и гледам чим стигнав на дестинација, пак чади од под хауба а надвор топло, и овој пат веќе мириса на изгорено. Се вратив дома, ја оставив да се излади, отворам хауба гледам капки уље на издувот, од десната страна. Мерам уље, вика не фали. 99% сум сигурен во тој момент дека е дихтунгот на брегаста/поклопец, еден од најчестите проблеми со моториве е, и дека е свежо настанат пошто многу малку уље капе.

Денес бев до кај Џеповски, утврдено дека е до дихтунгот. Нарачан нов, ~2800 денари, го нема на залиха во Скопје чекам следна недела да стигне па да ја однесам да ја средат. Таман скоро се поклопува со термин за редовен сервис па ќе го решам и тоа во едно одење.

Отсутен avocado

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 105
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #55 на: 23 Февруари 2023, 19:17:33 pm »
Mnogu ubava kola, samo ne mi e jasno kako nema tempomat? Adaptiven tempomat ili obicen tempomat nema?  :D

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #56 на: 24 Февруари 2023, 02:34:39 am »
Mnogu ubava kola, samo ne mi e jasno kako nema tempomat? Adaptiven tempomat ili obicen tempomat nema?  :D

Нема никаков, фабрички не идел тогаш, само дополнителна опрема. BMW tax :))

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #57 на: 24 Февруари 2023, 03:17:39 am »
Синки, да не ме сфатите погрешно, ама дајте на мене автомобилов - ни клима ни патосници позлатени му требаат, а не па темпомат :)))

Го разбирам стремежот кон повеќе функции и што ти не,
ама исто така прифаќам дека тоа е индивидуално.

Некому темпомат може многу му значи - и тоа е ок.

Лично - го земам возилово и го возам 50 низ град (или 40 низ помалите градови).
На автопат, или ќе биде по пропис 120 или болимекурацдалинекојќедигнепалка Км/Ч :))))

фала многу,  пријатно :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #58 на: 24 Февруари 2023, 08:32:33 am »
Мислам дека треба да се вложи малце во DIY работа: https://f30.bimmerpost.com/forums/showthread.php?t=988282
Во првиот пост има линк до комплпетно PDF упатство за ретрофит на круз контрол.
Со здравје да се круза! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: BMW F30 335i xDrive M Sport
« Одговори #59 на: 24 Февруари 2023, 10:09:23 am »
Синки, да не ме сфатите погрешно, ама дајте на мене автомобилов - ни клима ни патосници позлатени му требаат, а не па темпомат :)))

Го разбирам стремежот кон повеќе функции и што ти не,
ама исто така прифаќам дека тоа е индивидуално.

Некому темпомат може многу му значи - и тоа е ок.

Лично - го земам возилово и го возам 50 низ град (или 40 низ помалите градови).
На автопат, или ќе биде по пропис 120 или болимекурацдалинекојќедигнепалка Км/Ч :))))

фала многу,  пријатно :)))

Мене ич не ми треба темпомат, досеа сум немал на ниедна кола (освен иронично Реното кај што па ич не ни сакам да го видам) - и никогаш во возење не сум рекол Еј ми фали темпомат во моментов. Главно зошто дури и на прав пат секогаш ќе има коли за претицување :)))