Is that a supra?
I wish it was

Претходната недела беше кај Антонио на корекција на некои ситници на каросерија како и овој удар на предното лево крило. Одлично ја среди, ми договори термин од денес за утре и за 2 саати беше целосно готова, без да вадиме тапацири и слични работи. Останаа некои ептен мали ситници за кои што ќе требаше да се вадат тапацири и демонтира пола багажник, му реков да ги остави пошто не вреди, не се ни познаваат освен ако не се под светло и ги бараш ептен.
Штетата на крилото пред:

Потоа:

Остана уште да се намести убаво браникот пошто е видно поместен.
Во меѓувреме нарачани нови Michelin Pilot Sport 4 во Мотоцентар, чекам да стигнат следна недела па после тоа иде на полирање и керамичка заштита. Бандажите се малце криви, ништо страшно, ќе ги исправат при менување гуми.