Не може само убави работи нели
почнаа да се појавуваат демоните на веќе 10 години стар N55 - пред некоја недела приметив како чади малку од под хауба на загреан мотор. Не мирисаше, и баш се погоди тогаш да е ептен ладно периодот, па претпоставив дека е кондензација. Измерив ниво на уље, фалеше само некое пола литро после 8000км од сервис, си реков ништо страшно и дотурив. Бев на подолг пат до Софија и назад, никакви проблеми со прегревање или слично. Откако се вратив не ја возев често, повеќе го возев Меганот, користев сончеви топли денови.
Вчера имав потреба да го запалам БМВто, и гледам чим стигнав на дестинација, пак чади од под хауба а надвор топло, и овој пат веќе мириса на изгорено. Се вратив дома, ја оставив да се излади, отворам хауба гледам капки уље на издувот, од десната страна. Мерам уље, вика не фали. 99% сум сигурен во тој момент дека е дихтунгот на брегаста/поклопец, еден од најчестите проблеми со моториве е, и дека е свежо настанат пошто многу малку уље капе.
Денес бев до кај Џеповски, утврдено дека е до дихтунгот. Нарачан нов, ~2800 денари, го нема на залиха во Скопје чекам следна недела да стигне па да ја однесам да ја средат. Таман скоро се поклопува со термин за редовен сервис па ќе го решам и тоа во едно одење.