Сабајле немав парно во колата, т.е враќајќи си го филмот сега, немам уште првите денови кога залади пред месец дена, свртено на греење, а шофершајбната магли.
Интернет и Јутуб викаше на вентилот за греење, клапни и слични тракатанци избацив од старт бидејќи ги слушам како отвараат/затвараат.
Ја повозив да дигне работна температура, отворив хауба, цревата пред вентилот и по него ладни камен. Викам 100% е до него. Пробав со чукање да не заглавиле соленоидите или што ти ги знам како ги викаат, ништо. Одма со Прч на телефон, да бара дел.
Арно ама, што ме натера капачката од разладна течност да ја отворам, гледам нивото паднало. Дотурив скоро пола литар, ај пак ја запалив, постигна температура, пипам цревата топли. Пуштив парно, работи. Супер.
Друго, почна пак нешто да дупи бустот, каснеше, па ај додека имав извадено пластики во моторен простор, MAF и MAP ги извадив и ги прснав со клинер. Вратено се на кола и одма тест. Колата се препороди.
Во меѓувреме менував спони и рамења почна нешто да тропка напред, центрирана е и супер си држи правец, ама воланот ми го искривија, ќе треба пак да одам.
Тоа е тоа за сега, ставаме нафта и гас.
Моментално сме на 387к, се враќаме назад од месечината, нема гужва по пат 😀