Автор Тема: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)  (Прочитано 42604 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #390 на: 11 Мај 2024, 11:16:38 am »
Ќе измерам убаво деновиве да видам дали ќе биде 10 или 15мм, па со тоа да видам и колку подолги штрафови да земам.
Имаше по интернетов некаде читав, до 10мм може со исти штрафови да се фатат дистанцерот и бандажот, над тоа посебно штрафење требало, прво дистанцерот на диск, па бандажот на дистанцер.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #391 на: 11 Мај 2024, 11:54:18 am »
Или само подолги штрафови и штрафиш директно, кај мене беше така со 20мм дистанцери.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #392 на: 23 Јуни 2024, 12:22:28 pm »
Фарбање обид два  :D







Тие што ја виделе во живо колата, знаат дека не чинеше предходно фарбаното, уствари што се случи...
Првиот пат кога ја фарбав излезе одлично, можам да кажам слободно дека беше како лиено, АМА, бидејќи временските услови, ладно, дожд и минус температури, лакот се собра, направи релјеф и изгледаше како крастава жаба.
Сега пробав да идам на варијанта да се среди полирање, мораше да се бруси дури и со 600ка за да се симне и да биде мазно, арно ама тоа мазно стигна до боја, па дури и до филер, така да друга опција ми остана пак фарбање.
Крилото е само фарбано и искочи добро, ама не како првиот пат, али задоволително... Браникот остана крастав, ништо не правам сега за сега со него, најверојатно ќе идам на М преден браник, па ако земам ќе се фокусирам на него.
Се надевам овој пат дека ќе исуши убаво и дека нема веќе да се замарам со истово.
Следува сервис периодов, друго нема ништо, ставај нафта и гас.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #393 на: 23 Јуни 2024, 12:24:17 pm »
Нека биди подот влажен да не се лепи прашината на бојата. Ова го дознав од автолакер кој фарба во гаража.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #394 на: 23 Јуни 2024, 12:25:50 pm »
Само ладно пиво.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #395 на: 23 Јуни 2024, 13:03:58 pm »
Само ладно пиво.

Не ти е жал, ладно пиво на под да истураш?

Инаку, одлично искочило. Следно, bmw f11.
Ама не да ја фарбаш, туку да ја возиш.  :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #396 на: 23 Јуни 2024, 13:07:56 pm »
Филтрирано паѓа на под, преку чело 😂

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #397 на: 23 Јуни 2024, 14:59:28 pm »
So sprej farbase ili kompresor ?

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #398 на: 23 Јуни 2024, 15:01:44 pm »
Спреј. База посебно, лак посебно.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7830
  • Плинаш!!!
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #399 на: 23 Јуни 2024, 15:13:38 pm »
Џам искочило. Браво!!

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #400 на: 23 Јуни 2024, 16:30:53 pm »
Туууу Зоки, браво!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #401 на: 21 Јули 2024, 13:56:12 pm »
Караванот си врви

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7065
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #402 на: 13 Октомври 2024, 17:23:31 pm »
Сабајле немав парно во колата, т.е враќајќи си го филмот сега, немам уште првите денови кога залади пред месец дена, свртено на греење, а шофершајбната магли.
Интернет и Јутуб викаше на вентилот за греење, клапни и слични тракатанци избацив од старт бидејќи ги слушам како отвараат/затвараат.
Ја повозив да дигне работна температура, отворив хауба, цревата пред вентилот и по него ладни камен. Викам 100% е до него. Пробав со чукање да не заглавиле соленоидите или што ти ги знам како ги викаат, ништо. Одма со Прч на телефон, да бара дел.
Арно ама, што ме натера капачката од разладна течност да ја отворам, гледам нивото паднало. Дотурив скоро пола литар, ај пак ја запалив, постигна температура, пипам цревата топли. Пуштив парно, работи. Супер.
Друго, почна пак нешто да дупи бустот, каснеше, па ај додека имав извадено пластики во моторен простор, MAF и MAP ги извадив и ги прснав со клинер. Вратено се на кола и одма тест. Колата се препороди.
Во меѓувреме менував спони и рамења почна нешто да тропка напред, центрирана е и супер си држи правец, ама воланот ми го искривија, ќе треба пак да одам.
Тоа е тоа за сега, ставаме нафта и гас.
Моментално сме на 387к, се враќаме назад од месечината, нема гужва по пат 😀
« Последно менување: 13 Октомври 2024, 18:02:02 pm зоки-златен »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7830
  • Плинаш!!!
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #403 на: 13 Октомври 2024, 19:07:44 pm »
Битното прашање, каде отишол тој пола литар вода?
И може треба да поминам до кај тебе некој ден да орснеме од тоа клинерот кај треба, јас појма немам ни каде ни како
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1007
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #404 на: 13 Октомври 2024, 19:21:42 pm »
Битното прашање, каде отишол тој пола литар вода?
И може треба да поминам до кај тебе некој ден да орснеме од тоа клинерот кај треба, јас појма немам ни каде ни како
Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk

Кај БМВ не се прашува кај отишла разладна течност или било што со системот за ладење. 😂