Денеска и направив сервисче. Масло и филтер, филтер за воздух и филтер за нафта. Овој сервис за разлика од прошлиот, респираторот за маслени пари го сменив заедно со куќиште, предходниот само филтер и дихтунзи.
Делови нарачани од
@Prcot Ликви молито ми се виде како океј масло, па и овој сервис ставив такво. Овој сервис не направив никаква беља 😂
Додека бев под кола, викам ај една проверка, извадив пластиките, манжетните од летвата, од едната страна усукана, од другата откачена, кој знае што правел тој кога менувал спони. Ги откачив и ги наместив како што треба. Една од пластиките имаше пукнатина, најверојатно кога лупнав желка на автопат, па ја лепев.
Ми застуде а и почна да стемнува, па утре ќе вратам пластики и шибаме.
За фаровите гледам нови проектори да земам, некако слабо ми светат и ми замара очи, а кога веќе ќе се отвараат ќе нарачам и Hella пластични капаци за фаровите, со полирање не ја бива веќе.
Зимските гуми ставени минатата недела, сум заборавил дека возам БМВ, разликата со 16ки наспроти18ки е огромна.
Друго нема ништо посебно, си чекам некој М преден браник да ми налета, и така, ставаме нафта и ја закачуваме Фтора.