Автор Тема: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)  (Прочитано 42634 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #225 на: 26 Август 2022, 09:35:30 am »
Тоа е тоа, да тресе таблица и да кршат девојчиња врат кога поминувам.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #226 на: 30 Октомври 2022, 15:37:42 pm »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #227 на: 30 Октомври 2022, 18:00:52 pm »
Не ти фати одоздола ? 😅

Бев пред две недели, не ми се одеше до тука. Еден со Астра хо слушнав како зафати одоздола. Дали камен нешто  не знам 😅

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #228 на: 30 Октомври 2022, 18:39:56 pm »
Не фати никаде, имаше едни вдлапки од патот кога ќе се исклучиш накај Аурора, некоја се избегнува, врз некоја полека. Може закачил некој камен тој како што викаш...
Повеќе ме нервира водата по улици додека стигнеш до таму по селата.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #229 на: 04 Февруари 2023, 10:24:16 am »
Една година дружба, од што се дружиме искинавме сајли за хауба отварање 😂
Регистрирана денес:
Технички преглед-4069мкд
ПО                            -7017мкд
Јавни патишта     -4393мкд
Зелен картон        -5536мкд
Нова сообраќајна -202мкд

Вкупно:                    -21217мкд




ЕХХХХ ЗЛАТНО ПАСАТЧЕ...

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #230 на: 04 Февруари 2023, 10:25:00 am »
Лепотица :-*

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #231 на: 04 Февруари 2023, 10:33:32 am »
Евтина ти е регистрацијата,јас уште не можам да сварам зошто кај мене на 1.9 120 кс е за 500 денара поскапо од кај тебе а возеш 3.0 193кс а јас тенџере 😂

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #232 на: 04 Февруари 2023, 11:17:05 am »
Zlaten oj na viberon da ti go pustam poloto da si oplaknes oci ili da places kakvo e.
Cek more te nema na viber. Daj kontakt...
Inace registracijava cudno ja bez zelen karton poslaba konjaza i kubikaza 18500 skoro ti so zelen godisen 21200 .... Bravo
« Последно менување: 04 Февруари 2023, 11:59:23 am Vlatce-Vectra »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #233 на: 04 Февруари 2023, 16:36:16 pm »
😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #234 на: 12 Мај 2023, 16:02:46 pm »
Од дамна немам пишано, а за БМВ има доста да се пишува...
Ај со ред да почнам:
На 22.12.22 се репарираа дизните, причината за овој проблем не ја открив, поради системот во државата...
-Јас сум убеден дека е од лошо гориво, бидејќи проблемот се јави на не полни 2 километри од точење гориво, колата почна да дими, да смрди на нафта од издув и да трокира.
Ја однесов на сервис, сите дизни катастрофа. Се репарираа, се испушти нафтата од резервоар, се промени нов филтер за нафта и колата си проработи како предходно. Земав примерок од нафтата, требаше да ја носам на испитување, ама поради периодот со нова година и празници, некако ја забаталив работата и не ја истерв до крај.
Не знам дали е фер да се каже за која пумпна станица станува збор, бидејќи како што реков, немам црно на бело доказ.

Имав пишано дека почна да јавува вибрации при кочење од поголеми брзини, испадна дека дисковите предни биле криви, ја оставив кај Мирко во Ѓорче да ја претресат.
Така да, дисковите беа рамнети бидејќи имале "месо" иако им оставив друг пар дискови кои ги имав купено, се променија плочки напред и назад, имав исто земено и гуртни за рачната, ама не беа заменети, бидејќи тие на кола биле добри, само сакале добро штелување. Течноста за кочници беше проверена исто, ми рекоа дека е во ред и дека нема потреба сега да се менува. После зафатот, кочењето е одлично, нема тресење, нема цивкање, рачната функционална.

Една од полошите случки, ми пукна усисната грана. Се случи во втора брзина на полна гас, турбото како да подзаспа малку при стискањето на папучата на гас, па начука буст и кога пукна, пукна мушки, во прилог слика

Бидејќи вечерно време се случи, утредента купена друга грана, па ја чистев бидејќи беше целата со масло и гареж, исчистен сензорот на грана и монтирана, колата се препороди. На пукнатата грана имаше уште една пукнатина од горна страна како жилет, мислам дека од таму бегало воздух и колата не ја имаше силата што ја има. Битно ја средив во гаража и супер си беше.

Од толку дефекти, се скина сајлата за хауба, нарачав нова која е составена од три сајли, многу глупава изведба направиле, ама океј, што се мора-не е тешко, променета и пола ден во штелување.

Дојде време за сервис, ова е најголемиот секс до сега што сум го изел 😅
Купено 7л LM TopTec 4200 5w30, шајбна за штопна, филтер за масло, филтер за аспираторот т.е за маслените пари, филтер за воздух и вентилација сето ова Hengst.
Што се случи:
Испуштив маслото, сменив филтрите и почнав да полнам масло, од вкупно 6.5л, некаде на 6л ставени во мотор, да проверам ниво на жицата, како потегнав искочи со се шипката од картер, кога рече тече масло под мотор тука ми се споија плус и минус. Пробав да ја вратам шипката на место, па се оштети о-рингот...па фрлај легени под кола, ама џабе, 3л отидоа за душа.
Ајде испуштај пак масло за да го премерам, па отидов да купам 3л пошто толку требаше, а за о-рингот добра релација извртев по продавнициве за автоделови, пазари, железарии никаде немаше освен во МегаАутоПартс ама ќе требаше да чекам 2 недели. Викам не бива вака, па жената од таму ме препрати во БМВ продавницата во Лептокарија, за среќа таму најдов и земав.
Наместен о-рингот, прецедено маслото и ставено во мотор овој пат успешно.
Пластиките под мотор ги извадив бидејќи беа поплавени од масло, истите испрани и монтирани назад.

Бандажите сеуште не ми се средени ама им се гледа крајот, само уште сум во мисла што со нив, дали да ги шиткам па да земам нешто што повеќе ќе ме радува, ќе оставам на времето.

Ете така си го поминав летниот распуст, полн предизвици 😂 Поздрав до следниот распуст.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #235 на: 12 Мај 2023, 17:04:50 pm »
Не губи надеж, зимски распуст иде сеа...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #236 на: 12 Мај 2023, 17:25:39 pm »
Како си Зоки? Како се држиш? Се е во ред? ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #237 на: 12 Мај 2023, 18:10:11 pm »
Не губи надеж, зимски распуст иде сеа...
Како си Зоки? Како се држиш? Се е во ред? ;D
И во зима жешко 😀

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #238 на: 12 Мај 2023, 18:15:14 pm »
Од досада, нешто да се чепка.. :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: BMW e39 Touring 530d 142kw (2001)
« Одговори #239 на: 12 Мај 2023, 19:10:21 pm »
Ауу, не е лошо матичен поп да си најдиш,  чисто за онака да имаш чоек за муабет ко ќе ти е тешко :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html