вчера направив апдејт на мапите, на последно издадени
набрзинка колку што видов, најверојатно сега ги има целосно автопатот накај С.Николе и Д.Капија, ќе проверам кога ќе ги возам и дали се конечно патарините на право место поставени
сосема неочекувано, листајќи по коментари на една ФБ група, пак и дадов шанса на My BMW апликацијата
еднаш пробав кога ја земав колата, ама не можев да се регистрирам
сега регистрацијата ми помина без проблем, внесов ВИН, кажа дека на тој имало друг сопственик и дали сакам да го променам, како и да го променам регионот
стигна код во порака на Connected Drive, го спарив со апликацијата на телефонот и воала:
нема бог-знае какви опции, ама интересно делува
пробав да отклучам/заклучам и да запалам светла преку апликација, функционира, ма-да му треба некои 10-тина секунди за да изврши команда
немам претплата, ни телефонски број оставено, ни јас не знам како функционира