Се повеќе ме фаќа страв од вакви ,,мудри шофери'' пошто искача дека секој прави што сака...паркира и застанува кај му текне, поминува на црвено, не пропушта пешаци/точаци, вози туѓа нерегистрирана кола, без полномошно, БЕЗ ВОЗАЧКА??
Иако се криви што застанале на улица ''само на 5мин'', кога би бил на нивно место ни јас не би те пуштил да си одиш и би викнал на лице место полиција, па да видиме зашто бегаш. Не преувеличиле воопшто, те виделе дека бегаш, значи крив си ко кулата у Пиза и нормално ќе пробаат да ти исцедат пари.
Си гребнал кола си гребнал, искочи признај ја вината. Ако си доволно паметен да возиш нерегистрирана кола без полномошно и возачка, плати си ја грешката, ќе научиш за друг пат како не треба, тоа е поентата на казните. Ако нејќеш казна и забрана за возење, биди фер и плати им на луѓето за штетата/стресот, крив си во секој можен поглед. Не помисли дека можеби ќе се деси нешто во хаосот од сообраќај што го имаме тука? Гарант не си ни застанал, туку си бегал а они те стигнале, можеби и под дејство си бил, а ништо чудно и да си носел нешто што не треба у кола(кад је бал...).
И добро, шо ако утепаше некој, ко детето на Водњанска шо го утепа докторот со dzhipcheto на мама....ќе бегаше пак? Се надевам дека ќе се потрудат и ќе ја истераат работава до крај, па да си платиш како што треба! За ваква работа на запад се иде у затвор, на исток се јаде ќотек, а на форумов, Миле најдобро ќе ти објасни
Се надевам дека и двете странки некогаш ќе сфатите што значи возење мотор/кола/товарно....дека управувате со смртоносно оружје на тркала. За тоа треба да сте соодветно способни, свесни и да превземете ОДГОВОРНОСТ за се што може да се случи од ''дај едно кругче брат'' или “до продавница сум само на 5мин''.
Хахахахахах да али брат колата не е ни моја и кај да најдам јас 100 евра на мои години без да побарам од некој
фала ви многу уште еднаш за помошта
И шо сеа? Треба на сите да им е жал? Не "брат'', ќе си запотиш мишка и ќе ги заработиш. Сопственикот на колата ќе го папа или ти, или двајцата ако сте доволно глупи.
Убаво ти викаат Филип и Спенсер...BE A MAN! Полесно и поевтино е.
Од тука драги колеги, потекнува називот на нашата чудесна земја, Шупакленд.