Автор Тема: Проблем во сообраќај (правен совет)  (Прочитано 4456 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3432
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #30 на: 21 Октомври 2021, 18:14:56 pm »
Ако извади потврда од лекар дека вратот на совозачот претрпел повреда тоа ти е 100.000ден, близок го јадеше пред некоја година.

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1818
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #31 на: 21 Октомври 2021, 18:17:54 pm »
Друже чим имаш човек што видел дека направиле записник инт. сигурно тој записник содржи и нивни информации ако ти е до толку можеш да си ги добиеш, друго ако се заинти некој направи лекарско со што ти не драмење ке се чудиш секаков народ има, што би рекле од будалата има побудала прогугај и по други форуми и по други луге распрашај се и ке ти стане јасно.

На крај од ден горе викаш дека не занаат твојте ако посегнеш адвокат инт. тогаш како ке знаат? Може ако кажеш дома што се десило ке добиеш подобри совети кој и да се последиците вака ке се вртиш во круг бидната е бељата ако може нешто да се спаси спаси ако не ке бидеш на шилци додека добиеш или воопшто никад нема да добиеш некаква покана, тука никој не е законот за да ти каже да ке добиеш да нема да добиеш ништо

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #32 на: 21 Октомври 2021, 18:26:17 pm »
Чекајте малце, гребаница е муабетот, какви вратови, претрпени стравови спомнувате?
Лажна пријава е казнива ствар исто така.

Отсутен Ace03

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 25
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #33 на: 21 Октомври 2021, 18:31:01 pm »
Ја мислам совозачот излажал затоа шо нема шанси од мало закачување да го боли рамото... ја така мислам. Иначе не видел другарот туку му кажале колеги коа го замолив јас да се распраша не може он ништо да ми помогне ни па да бара записници/контакти, он е млад и нов
А каква е таа потврда од лекар, што ако он има повреда од нешто друго и проба да ме намести за да земе висока оштета?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7053
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #34 на: 21 Октомври 2021, 20:43:33 pm »
Од каде да се почне Аце...

Добро дома нема некој да ти каже „сине, убаво што положи, ајде сеа да ти кажеме што да правиш во ХХХ ситуации...“

Ситуацијава твоја е совршен пример како сам себе си го убил. Не е никаков проблем што си возел нерегистрирано возило, заборавена возачка, мала/голема штета итн.. проблем е што си ја пропуштил можноста да преземеш контрола над ситуацијата и да направиш конторла на штета.
Во денешно време, каде секој гледа секого да му го „начука“, ти си требал:

1. Веднаш да застанеш.
   1а) ако имаш напад на паника, јави се кај некој близок повозрасен
2. Да вклучиш камера и да снимаш, со посебен акцент на возачот/совозачите во другото возило, мобилните не се само за тикток и манијачење на инста
3. Да ги прашаш како се чувствуваат и дали се добри, за да немаш ситуација можна за оштета поради „повреда“ (ова најчесто се случува при контакт со таксисти, да си знаеш за во иднина)
4. после да сликаш од сите агли
5. да ги знаеш моментите кога треба да ѕвониш на МВР

Вака, во твојов случај, тешко е да се даде прогноза што би било. Можеби и си имал среќа што не те извадиле од кола и исчукале/избушиле.

Чим имаш толку блиски во МВР, сигурно можеш да дознаеш и кои биле ако си има ја запомнил регистрацијата. Ако не, ќе си научиш за другпат.
Секоја лекција чини во животот, дали време/пари/живот, твоја среќа е што не е последното. За иднина ќе си знаеш дека седнување во кола си подразбира и преземање одговорност, дали материјална дали нешто пострашно. Најважно е да се внимава, зошто последниците долго се носат. Во случајов, ако не можеш да најдеш пари а дојде до судови, ќе си најдеш работа, полнолетен си, денес е лесно, шанкери/бармени колку сакаш се бараат низ градов. За се има решение ако проблемот може да се реши со пари.

А ако сево ова е „тролање“, требал татко ти да те издрка во чаша.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5493
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #35 на: 21 Октомври 2021, 21:31:51 pm »
Ако веќе има записник направен за напуштање од местото за тоа нема бегање , ќе си попиеш казна, ќе ти стигни дома кога тогаш. А за тоа приватно не е баш лесно, не можи некој да измислува повреди непостоечки, треба вештак на судска медицина да го види човекот да процени дали има повреди , дали тие повреди се од поврзани со случката или се стари повреди, плус се плаќа лекарското околу 1000 денари по констатирана повреда, тешки телесни уште поскапо коштаат за да го извади, а и кога ќе одиш на суд иди и судскиот вештак кој шо треба да ги потврди работите што ги пишал и одговара и тој пред законот за тие работи. Сума сумарум ако нема повреди нема за шо да те судат, не улаф некој да доктор да измислува оти ќе си ја изгуби работата и тој, а ако има записник веќе, тој ќе си го платиш и нема бегање. Ум за другпат да не бегаш.
« Последно менување: 21 Октомври 2021, 21:39:42 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34073
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #36 на: 21 Октомври 2021, 22:44:37 pm »
Полицајците како полицајци ги мрзи да работат, па тие секогаш ќе кенкаат дека била минорна штетата, дека немало смисла, не се исплатело или слично.
Меѓутоа, ако се приморани да направат записник и да констатираат ситуација, тогаш на основа на тој документ они имаат службена должност да постапат и мораат да постапат.

Доколку жртвите не те гонат приватно, тогаш полицијата ќе те тужи по службена должност. Напуштање на местото на случката, по твоја вина, па плус ако има и лекарско уверение дека некој претрпел штета е сериозен прекршок. Тие 4000 евра што ти ги спомнуваат се заради покренување на постапка, вештачења, адвокатски и судки трошоци и слично. Ако има записник, дури и да ги најдеш жртвите и да не те гонат приватно тогаш полиција сигурно ќе те гони службено. Види најди адвокат, плати му нека те посоветува.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1667
Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #37 на: 22 Октомври 2021, 23:54:25 pm »
Шо да се коментира у пм на вакви….
Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #38 на: 23 Октомври 2021, 01:16:28 am »
Здраво, сакам да прашам за правен совет и дали е потребно за оваа случка да одам кај адвокат или нема потреба...

Вака, удрив (поткачив) возило возејќи по улица (другото возило беше паркирано со 4 жмигавци и возачот на возилото беше да купува нешто од продавничката ваљда, а совозачот беше внатре на совозачко). Како го поткачив возилото не застанав, продолжив да возам од страв и застанав малце подоле. Во меѓувреме возачот ме стигна и ми го блокира патот за да не можам да продолжам со возење, дојде до мојот прозор и почна да ме обвинува за напуштање на место на сообраќајка и кај гледам коа возам итн и сакаше да се потпишува европски (или да им дадам пари на рака), после отиде да ја слика колата од страна нешо не знам, јас за тоа време погледнав во сообраќајната (колата не е моја) и видов дека регистрацијата е истечена претходниот ден и поради тоа одбив да потпишам европски, ама не кажав вистината туку само одбив. Па двајцата ме сликаа и мене и колата и таблиците и рекоа ќе sвонат во полиција и јас си отидов од местото бидејќи како да останам а нерегистрирано возило, али они имаат слика од таблиците и слика од мене кроз прозор од колата. Знам дека ова не е океј ама и они ја преувеличија работата, немаше никакви видливи оштетувања на колите, можда имало гребаница што реално јас не приметив никакви гребаници, а они тврдеа дека имало голема штета на нивната кола. Нивната кола поскапа беше. После дознав од сигурни извори дека ме пријавиле во полиција и полицајците рекле дека за толку мала штета (гребаница) нема нишо шо да се праи, али они инсистирале за тоа бегање од место на сообраќајка, одбивање да се потпишам и плус рекле као наводно совозачот го боли рамото (повреда) што не верувам зашо буквално не беше ни удар, многу малце ја закачив колата, не се ни осети. Мислам дека скроз ја преувеличија случката, а посебно во полиција. И на крај полицајците направиле записник за прекршочна постапка и после коа си отишле овие, полицајците рекле дека тоа е ситница и нема ништо да има, ама мене не ми е јасно... поведена е постапка (плус ќе ме тужеле овие приватно), колку би била казна за ова и дали да идам кај адвокат за ова? И плус за немање возачка (положено ама без возачка). Никој не ми sвонел официјално од полиција за ова, ја ова го знам онака неофицијално.

Иначе нема можност да ги контактирам никако затоа што мене приватни извори ми кажаа дека они двајцата биле многу налутени таму и инсистирале да се напраи записник, иако полицајците се обидувале да ја спуштат топката во моја корист, дека ова било ситница итн. И нишо они си отишле после направениот записник, али ќе ја тераат постапката, нема ништо да запрат и рекле дека ќе ме тужат приватно бидејќи "биле шокирани од мојата и нивната незаинтересираност" :/ и сеа мене ништо не ми е јасно, другарчево ми вика од полиција нема ништо да ми стигне (а има прекршочен записник?), едино ако они ме тужат приватно и сеа не ми е јасно дали да фатам адвокат сеа или да чекам приватна тужба

Ве молам за помош и ви благодарам однапред.

Златен, трк дома и разговарај со фамилија...
Не ти е ова за на форум.

Не знам колку ти се годините, ама и не е важно - било што било, не барај чаре за излез. Барај разрешница.
Од овој момент па натаму, секој погрешен чекор може многу да те чини во животот понатаму.

Батали кој што рекол и како се однесувале "тие другите".
Знам, има секакви. Сите сме го јаделе на еден начин или на друг.
Лично, не знам како не сум утепал некој до сега.

Ама, тоа не е темата овде - немаш основ за вадење и ќе поминеш најлесно можно ако се однесуваш правилно што порано.
Се надевам дека после поминатото време разумот полека доаѓа. :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #39 на: 23 Октомври 2021, 02:03:40 am »
Niv kje im pisat kazna za nepropisno parkiranje, a ti kje go jades za toa sto si izbegal, sto nemas vozacka i sto ne si registriran.
U najdobar slucaj, moli se da ne e zapisnik tuku sluzbena beleska koja kje zavrsi vo nekoja kanta dokolku tie dvajca mamlazi ne sakaat da gi pamtis cel zivot.

tolku

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #40 на: 24 Октомври 2021, 18:03:41 pm »
Криви се и они, и ти.
за тоа што си ти крив си знаеш веќе.
Mене лично од кожа би ме извадило некои лингури таму да ми глумат повредени и да вадат лекарско се со цел да извадат поголема сума.
Aј сум направил штета - ќе си платам поштено ама да ме прават мајмун не ;D
Заслужуваат да идеш и да ги пријавиш и ти у полиција дека те застанале сред вожња и те малтретирале за "невистинита" работа и дека сакаш да бидат опоменати. У овој момент е само твојот наспрема нивниот збор а воедно и чии врски се појаки
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #41 на: 24 Октомври 2021, 18:37:32 pm »
Криви се и они, и ти.
за тоа што си ти крив си знаеш веќе.
Mене лично од кожа би ме извадило некои лингури таму да ми глумат повредени и да вадат лекарско се со цел да извадат поголема сума.
Aј сум направил штета - ќе си платам поштено ама да ме прават мајмун не ;D
Заслужуваат да идеш и да ги пријавиш и ти у полиција дека те застанале сред вожња и те малтретирале за "невистинита" работа и дека сакаш да бидат опоменати. У овој момент е само твојот наспрема нивниот збор а воедно и чии врски се појаки


А уствари нели е "лингур" тој што избегал, не застанал а бил свесен дека направил штета?  Или тоа ќе го занемариме?

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1476
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #42 на: 24 Октомври 2021, 19:22:38 pm »
како што пишав, факт е дека детето направило утка, и баш поради тоа што е дете не би му се понашал селски ко ликовиве што ги опишал па уште и ќе вадам лекарско за да извадам некој денар плус еј ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #43 на: 24 Октомври 2021, 19:29:26 pm »
Кога некој ќе ти ја изгребе колата и ќе кидне пред твои очи, баш ме занима дали ќе кажеш „остај го, дете е... уште нема ни положено...“ и ќе си отидеш :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Проблем во сообраќај (правен совет)
« Одговори #44 на: 24 Октомври 2021, 19:32:23 pm »
Рече дека застанал 10ина метри подолу. Требаше да си се договорат ко луѓе европски можеа следниот ден да направат со регистрирана кола. Вака се испозамаравте сите дека не знаете да се договорите.