Здраво, сакам да прашам за правен совет и дали е потребно за оваа случка да одам кај адвокат или нема потреба...
Вака, удрив (поткачив) возило возејќи по улица (другото возило беше паркирано со 4 жмигавци и возачот на возилото беше да купува нешто од продавничката ваљда, а совозачот беше внатре на совозачко). Како го поткачив возилото не застанав, продолжив да возам од страв и застанав малце подоле. Во меѓувреме возачот ме стигна и ми го блокира патот за да не можам да продолжам со возење, дојде до мојот прозор и почна да ме обвинува за напуштање на место на сообраќајка и кај гледам коа возам итн и сакаше да се потпишува европски (или да им дадам пари на рака), после отиде да ја слика колата од страна нешо не знам, јас за тоа време погледнав во сообраќајната (колата не е моја) и видов дека регистрацијата е истечена претходниот ден и поради тоа одбив да потпишам европски, ама не кажав вистината туку само одбив. Па двајцата ме сликаа и мене и колата и таблиците и рекоа ќе sвонат во полиција и јас си отидов од местото бидејќи како да останам а нерегистрирано возило, али они имаат слика од таблиците и слика од мене кроз прозор од колата. Знам дека ова не е океј ама и они ја преувеличија работата, немаше никакви видливи оштетувања на колите, можда имало гребаница што реално јас не приметив никакви гребаници, а они тврдеа дека имало голема штета на нивната кола. Нивната кола поскапа беше. После дознав од сигурни извори дека ме пријавиле во полиција и полицајците рекле дека за толку мала штета (гребаница) нема нишо шо да се праи, али они инсистирале за тоа бегање од место на сообраќајка, одбивање да се потпишам и плус рекле као наводно совозачот го боли рамото (повреда) што не верувам зашо буквално не беше ни удар, многу малце ја закачив колата, не се ни осети. Мислам дека скроз ја преувеличија случката, а посебно во полиција. И на крај полицајците направиле записник за прекршочна постапка и после коа си отишле овие, полицајците рекле дека тоа е ситница и нема ништо да има, ама мене не ми е јасно... поведена е постапка (плус ќе ме тужеле овие приватно), колку би била казна за ова и дали да идам кај адвокат за ова? И плус за немање возачка (положено ама без возачка). Никој не ми sвонел официјално од полиција за ова, ја ова го знам онака неофицијално.
Иначе нема можност да ги контактирам никако затоа што мене приватни извори ми кажаа дека они двајцата биле многу налутени таму и инсистирале да се напраи записник, иако полицајците се обидувале да ја спуштат топката во моја корист, дека ова било ситница итн. И нишо они си отишле после направениот записник, али ќе ја тераат постапката, нема ништо да запрат и рекле дека ќе ме тужат приватно бидејќи "биле шокирани од мојата и нивната незаинтересираност" :/ и сеа мене ништо не ми е јасно, другарчево ми вика од полиција нема ништо да ми стигне (а има прекршочен записник?), едино ако они ме тужат приватно и сеа не ми е јасно дали да фатам адвокат сеа или да чекам приватна тужба
Ве молам за помош и ви благодарам однапред.