Влатко пријател мој во тојота ск никако не можеше да се разбере за проблем, го одјебуваа цело време, пишење мејл до тојота европа, за ден два му се јавија да му се извинуваат бла бла, па го примија на сервис со сите почести...
Така да тоа со мејловите пали, сакал или не. Е сега дали ке му одговорат одма или ќе треба да ги спамира не знам, ама сериозниве фирми сериозно пристапуваат на поплаки, особено за нови модели. Утре на форум ќе се пожали ќе им падне побарувачка, така да мејл охрабрувам да се пише.
Ама нема никаков проблем човекот тоа е поентата.
Влатко, со сета почит, ама не можеш да кажеш дека со сигурност немам проблем...Затоа што како и уствари ја се посомневав беше што во Скопје пред мене закочи нагло возило, и јас буквално застанав на максимум 30 цм од возилото со брзина од 30 км/ч. Барем некакво предупредување требаше да има, незнам. Затоа и сам пробав да го предизвикам. Ама ако работи само како што имаше напишано ти дека лабаво треба со константна брзина да возиш, и тој пред тебе нагло да застана и да си на точно растојание, така има логика. Што не викам не, не е Талисман ова, Дачиа е Ама дека активна опрема не може на друг начин да се истестира освен ка компјутер овој факт не можам да го прифатам-инженер сум 15 години и универзитетски професор, барем се разбирам колку-толку
Ова ми побегнало
Ајде да употребиме логика.
Од тоа што Влатко го постираше на кој начин работи системот за автоматско кочење, во случајов што го опишуваш најверојатно не се активирал бидејки си почнал правовремено и силно да кочиш, односно системот и да се активирал не ќе можел ништо повеќе да направи од тоа што си го сторил.
Можеби би се активирал доколку си стиснал нежно на кочницата и тој да оцени дека е тоа недоволно.