Автор Тема: Dacia Sandero Stepway 2021 автоматско предупредување и сопирање напред проблем  (Прочитано 9169 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Кој е тој сервис неовластен кој ќе знае за радарот на дачија, модел што нема ни година, а го немаа и воопшто на предходниот. На стара кола не знаат да најдат проблем, не пак на нова.  ::)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Кој е тој сервис неовластен кој ќе знае за радарот на дачија, модел што нема ни година, а го немаа и воопшто на предходниот. На стара кола не знаат да најдат проблем, не пак на нова.  ::)

Верувај некогаш (а од мое искуство често) неовластениве многу повеќе знаат од овластените. Овластените компјутерот и к ги боли. Неовластениве за да земат пари повеќе се трудат. Така да во секој случај ништо не губи ако праша. Во најлош случај ќе му кажат не знаеме и толку ќе е.

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13917
Јас за вакви глупости си пријавувам во инспекција. Порше веќе добија жолт картон :)

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Јас за вакви глупости си пријавувам во инспекција. Порше веќе добија жолт картон :)

И што ќе пријавиш? Официјално нема проблем. Неофицијално може има, може членот има преголеми очекувања. Многу ме интересира што и каде ќе пријавиш?

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Влатко пријател мој во тојота ск никако не можеше да се разбере за проблем, го одјебуваа цело време, пишење мејл до тојота европа, за ден два му се јавија да му се извинуваат бла бла, па го примија на сервис со сите почести...
Така да тоа со мејловите пали, сакал или не. Е сега дали ке му одговорат одма или ќе треба да ги спамира не знам, ама сериозниве фирми сериозно пристапуваат на поплаки, особено за нови модели. Утре на форум ќе се пожали ќе им падне побарувачка, така да мејл охрабрувам да се пише.
Ама нема никаков проблем човекот тоа е поентата.

Влатко, со сета почит, ама не можеш да кажеш дека со сигурност немам проблем...Затоа што како и уствари ја се посомневав беше што во Скопје пред мене закочи нагло возило, и јас буквално застанав на максимум 30 цм од возилото со брзина од 30 км/ч. Барем некакво предупредување требаше да има, незнам. Затоа и сам пробав да го предизвикам. Ама ако работи само како што имаше напишано ти дека лабаво треба со константна брзина да возиш, и тој пред тебе нагло да застана и да си на точно растојание, така има логика. Што не викам не, не е Талисман ова, Дачиа е :) Ама дека активна опрема не може на друг начин да се истестира освен ка компјутер овој факт не можам да го прифатам-инженер сум 15 години и универзитетски професор, барем се разбирам колку-толку :)
...And Justice For All

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13917
Има начини конкретниов проблем да се покаже и докаже сигурно. Само треба да си истраен.

Инаку три пати ако го вратиш производот (игла до локомотива) а проблемот не ти е саниран, тогаш имаш право да бараш нов производ.

Ова ти кажувам официјално од ДПИ кога разговарав.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Има начини конкретниов проблем да се покаже и докаже сигурно. Само треба да си истраен.

Инаку три пати ако го вратиш производот (игла до локомотива) а проблемот не ти е саниран, тогаш имаш право да бараш нов производ.

Ова ти кажувам официјално од ДПИ кога разговарав.

Ако сакаш и со ДУИ разговарај, ама тоа со враќање важи за неисправен или бла бла прозивод, овдека проблемот е што прозиводот е ИСПРАВЕН. Нема како да му вратат исправен производ. Ете ако има начин пиши го.

П.С. Професоре ако си инженер, во мејлот што ќе го пратиш до Дачија пиши им дека си инженер и ќе работиш да им го решиш проблемот :D

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13917
Прочитај ми ја првата реченица.

„Има начини конкретниов проблем да се покаже и докаже сигурно. Само треба да си истраен.“

Ќе си оди во Србија во официјален сервис, нека направат и тие тестирање и ако најдат проблем ќе го пријават.

@spike15_mk Ако одиш Србија и ти кажат треба да ти сменат дел, ако не сакаш пак да одиш до Србија види добро искомуницирај делот да ти го пратат во Скопје или да ти извадат што е проблемот.

Луди се дилерите ќе те тераат да одиш пак Србија.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Или врати им ја колата и купи нова :D

Отсутен spike15_mk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 40
  • Human DE-volution
Има начини конкретниов проблем да се покаже и докаже сигурно. Само треба да си истраен.

Инаку три пати ако го вратиш производот (игла до локомотива) а проблемот не ти е саниран, тогаш имаш право да бараш нов производ.

Ова ти кажувам официјално од ДПИ кога разговарав.

Ако сакаш и со ДУИ разговарај, ама тоа со враќање важи за неисправен или бла бла прозивод, овдека проблемот е што прозиводот е ИСПРАВЕН. Нема како да му вратат исправен производ. Ете ако има начин пиши го.

П.С. Професоре ако си инженер, во мејлот што ќе го пратиш до Дачија пиши им дека си инженер и ќе работиш да им го решиш проблемот :D

Еј види, нема лошо да ми биде во Романија :)
...And Justice For All

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13917
Или врати им ја колата и купи нова :D

Ќе му скинат 20% од тоа што ја купил така што :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Кој е тој сервис неовластен кој ќе знае за радарот на дачија, модел што нема ни година, а го немаа и воопшто на предходниот. На стара кола не знаат да најдат проблем, не пак на нова.  ::)

Верувај некогаш (а од мое искуство често) неовластениве многу повеќе знаат од овластените. Овластените компјутерот и к ги боли. Неовластениве за да земат пари повеќе се трудат. Така да во секој случај ништо не губи ако праша. Во најлош случај ќе му кажат не знаеме и толку ќе е.

Ете и да има еден на 20 души што ќе знае што му е, се губи поентата со ново возило да не трча по мајстори. Големи се и шансите да не се нафати никој, ново возило е, ако заеби нешто, го јаде стапот. Едноставно не им се исплаќа за „иљадарка“ да ризикуваат на возило под гаранција.

Па и дијагностика за 2021ва возило, кој има освен овластен?

Мој совет е да си проба во Ред Ауто Битола ако го носи патот, да им објасни и ако можат тие да проверат повторно ако нешто не е во ред а да пропуштиле во аутомотив.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Пиши директ на фабрика и не ги врти два посто. Јас имав случај со Киа каде “шефот” на сервис по телефон на невидено ми кажа дека нема проблем. Еден маил до фабрика и ми се јавуваше да дојдам.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Има начини конкретниов проблем да се покаже и докаже сигурно. Само треба да си истраен.

Инаку три пати ако го вратиш производот (игла до локомотива) а проблемот не ти е саниран, тогаш имаш право да бараш нов производ.

Ова ти кажувам официјално од ДПИ кога разговарав.

Ако сакаш и со ДУИ разговарај, ама тоа со враќање важи за неисправен или бла бла прозивод, овдека проблемот е што прозиводот е ИСПРАВЕН. Нема како да му вратат исправен производ. Ете ако има начин пиши го.

П.С. Професоре ако си инженер, во мејлот што ќе го пратиш до Дачија пиши им дека си инженер и ќе работиш да им го решиш проблемот :D

ДПИ не е само за расипани производи туку и за расипани луѓе.

Ако муштеријата не добил соодветен третман има апсолутно право да пријави.
За кола се работи, не е Burago.
 Јас веднаш би пратил писмо до ДПИ, па продавачите нека тераат после со Рено, Србии и Романии, а не јас.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Јас за вакви глупости си пријавувам во инспекција. Порше веќе добија жолт картон :)

Што проблем имаш во порше?