14 ноември, 153750 километри:
- Редовен сервис, промена на масло и филтри:
- Shell Helix HX8 ECT 5W-40 - 5L
- MANN - Oil filter
- Bosch Carbon - Cabin air filter
- Некаков филтер за воздух, некористен, благодарност до
@Fic_CC кој го донираше зошто не го ставиле на MiTo-то на брат му.
Тотал: 3400 денари материјали, 600 денари промена на се.
- Вонреден сервис:
- Кит за репарација на вилушки, TRW, кој се состои од јабучица, предна чаура и задна чаура, за двете вилушки.
- Десен (совозачки) зглоб.
Тотал: 4430 + 2200 за деловите, 3000 + 1500 работната рака за промена.
Редовниот сервис си е стандард, 9700 километри поминаа од промената на масло, па време беше.
За вонредниот сервис, левата страна беше стварно цврста, без звуци, без непотребни движења, додека десната беше идентична 99% од времето, но од време на време слушав нешто што ми наликуваше на јабучица.
Решив да ги репарирам вилушките, зошто не можевме да најдеме цели TRW со
@Prcot.
Кога веќе се вадеа вилушките, решив да си го средам и зглобот што го дијагностицираше
@Simo - Carrier159 уште кога прв пат седна во кола. При агресивно возење и вртење во лево, кога цела тежина е на предно десно тркало, се јавуваше звук на гребење. Во нормално возење немаше ништо, при вртење волан до крај и движење споро немаше ништо, ама очигледно зглобот си имаше мака, па не сакав да скине конци некаде и колата да остане неподвижна (отворен диференцијал лајф).
Ќе си ја земам колата после, и очекувам подвозјето напред и назад да не го есапам додека ја имам колата, (уште 2-3 години).