1 година дружба помина со МиТо на 6ти септември, додека бев на одмор, што и беше главна причина зошто не отидов на одмор со него - требаше да вадам два зелени картони, еден за старата регистрација, еден за новата.
Сега веќе истече старата регистрација, па колата 5ти ден не е регистрирана и си чекаме нова плата и некој врнежлив ден да тркнам до Гостивар без страв од полиција.
Резимирање на едногодишно сопствеништво:
- дадов МНОГУ пари (за мене) по колава, и со секој еден денар се подобруваше возачкото искуство. Сосе гуми, регистрација, голем сервис, и збесување при менување делови што и не мораше да се сменат, годинешна "членарина" во Алфисти ме кошташе 109.150 денари.
- поминав 8500 километри во време кога горивата отидоа у три лепе во небеса, и не жалев ни еден денар.
- сфатив дека Fiesta е можеби подобро возило за долги монотони патувања поради помекото возење, но MiTo беше правилен избор за лачење на feel good хормони - ме смее секое седнување позади волан.
- во суштина е Алфа, иако дели платформа со Гранде Пунто и (се наежив) Опел Корса. Ситни детски болести како што од никаде се расклима шарката на задната клупа, и поради тропкањето мењав амортизери мислејќи дека рикнале, и како електричното серво што се ретардира кога акумулаторот нема доволно напон, и како вентилаторот за клима што еднаш на 3 месеци му текнува да не се упали, па треба да се употреби метод на присилно поттикнување.
- и бидејќи во суштина е Алфа, позитивното тука е она driver's car чувство - менувачот е блиску до тебе на дофат, педалите се блиску поставени, воланот е тежок во Dynamic mode и брзо реагира на команди... Прави да се осеќаш убаво додека возиш.
Се на се, лоша финансиска инвестиција, ама прекрасен додаток во мојот живот во времиња кога на мојата психа и секојдневие и беше потребна секоја помош за да се врати таму кај што и треба да биде.
Да не звучам многу поетски - али Митце ќе остане запаметено во моја меморија како колата што ми го смени животот
И, за ретардирањето на сервото да го сведам на минимум, од Lidl му купив полнач за акумулатор, па еве се полниме во моментов:
Следече во октомври - регистрација, осигурување и целогодишен зелен картон - помолете се и прекрстете се за моите финансии