Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 74904 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #135 на: 27 Септември 2021, 21:57:34 pm »
Две мали промени, и една огромна:

Прва мала - бели LED puddle lights. Најдов збутани две ледчиња Т10 во комплетите сијалици, си го подмладив отворањето врата за 5-6 години:



Втора мала - Michelin Rainforce Hybrid бришачи, 60cm + 40cm (ценовно ги оправдав со тоа што колата е гаражирана, па ваљда ќе потраат повеќе од 12 месеци):



Едната голема - благодарност до @Simo - Carrier159 што ми спаси непреспиени ноќи и саати гуглање:

Си читаше некои модули да споредува со неговата кола, па падна муабет дали може да се прочита и статусот на електричната летва зошто се понашаше малце чудно (нелогичен torque steer, влечење те на една, те на друга страна, при тргање од место се децентрираше воланот). Од се што прочитав, индицираше на фаличен TPS (Torque Position Sensor) фабричка маана на FCA со City електрично серво, и се помирив дека ќе треба да го сменам или репарирам некогаш во иднина.

Тука ускочи Симо, мана ресет на калибрацијата која при прав волан мислеше дека е свртен 3° на десно, и voila, скроз друга кола!

Нема torque steer, можеш да тргнеш под полна гас и воланот да си стои пушка прав, никакво влечење лево/десно... Free fix :) Нема да е фри, ќе се оддолжам за спасениот сон ама не е 150-200 евра колку што ментално се помирив дека ќе треба да потрошам ;D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #136 на: 27 Септември 2021, 22:07:49 pm »
Е е е е е ова е тоа што го кажував уште на почеток, дека ќе си ја правиш и моделираш со твој кеиф. И ти се познава ентузијазмот.

Се разминувам со Фиести, меѓу кои често и со јасампомалогејрозева ама не е тоа тоа, не те гледам во неа  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #137 на: 28 Септември 2021, 07:13:24 am »
Досаден е животот без Алфа :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #138 на: 28 Септември 2021, 08:01:06 am »
Шо би рекле старите, лекот е некогаш пет пари ама треба да го "најдеш" (замени со "Симо" :D)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #139 на: 28 Септември 2021, 08:14:21 am »
Шо би рекле старите, Симо е некогаш пет пари ама треба да го "најдеш"

Заменето

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #140 на: 28 Септември 2021, 08:15:53 am »
Шо би рекле старите, Симо е некогаш две-три пива ама треба да го частиш.

Еве како треба. ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #141 на: 28 Септември 2021, 08:24:24 am »
Шо би рекле старите, Симо е некогаш две-три пива ама треба да го частиш.

Еве како треба. ;D
А камо ќебапи, не иде пивото на суво :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #142 на: 28 Септември 2021, 11:28:15 am »
Са паре бришачите?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #143 на: 28 Септември 2021, 13:14:43 pm »
Са паре бришачите?

690 со 598 ако добро памтам, вкупно платив 1288 денари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #144 на: 28 Септември 2021, 13:43:47 pm »
Уууу, па не биле баш евтини.

Се надевам дека ќе се погодат и дека ќе траат, согласно цената.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #145 на: 28 Септември 2021, 15:19:52 pm »
Eдинствено ми е криво што puddle lights го немаат логото од Алфа, да бидеш прав гостиварчанец  :(

Ама добра работа сте завршиле со SimoFix, нек се угоде!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #146 на: 28 Септември 2021, 16:43:31 pm »
Simofix?



Не е толку стар, бре! :D :D :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #147 на: 28 Септември 2021, 23:26:51 pm »
Мразам цигари, мразам какви ефекти имаат на колите ако се конзумираат внатре, и мразам коли кои имаат дупки од цигари на седишта. Арно ама, старите викаат "се што мразиш, на глава ќе ти дојде", и во право се - Митото дојде со дупка од цигара на задното седиште.

Ја приметив откако мајсторите на @Borce-Fiat веќе ја прегледаа колата механички и дадоа позитивно мислење. Да ја забележев при иницијално гледање на колата, многу веројатно немаше да ја купам арно ама, неколку пати сум рекол, пак ќе речам - таква и била среќата на колава, да се падне кај мене и да си поживее убав живот :)

Дупката од цигара ме иритираше страшно до степен што во возење пуштав рака да ја чепкам - и уште толку се нервирав. Среќа, уште пред да ги претстави @balanar на форумов, ги имав сретнато луѓево што репарираат/тапацираат седишта на Фејсбук:

https://www.facebook.com/tapaciranje.dodo/

Да не должам многу, беспрекорна изработка за само 2.5 часа, алал нека им се парите, искрено го препорачувам на секој што има вакви грдосии по седиштата и му параат очи. Мислам дека нема што може може да среди. Да нема прашања за цена, верувам дека зависи од седиште до седиште, ама ќе кажам дека беше многу коректна, симболична дури.

Пред:



Потоа:


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #148 на: 28 Септември 2021, 23:34:29 pm »
Пластична операција?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #149 на: 28 Септември 2021, 23:42:52 pm »
Може е од штикла, бе, што ти згрешивме?
Сè дувачите криви...
Добра плата.
Прав скопјАнец.