Процедурално, повторна пофалба до Bo-Mi Auto сервис за центрирање!
Ја однесов колата минатата недела зошто си влечеше колата во десно, и пред и после растурање предница за спиралите. Ја средија, на хартија беше џам, 0.02 степени разлика во Тое, ама беше невидена гужва надвор поради делегации некои, па Мики не го помина вообичаениот тест по центрирање, само ме пушти да си одам и "ако има нешто, тука сме".
И возев што возев, ама пак ми бегаше мааалце во десно, па денес пак се вратив. Седна, повози, осети и сам, и предложи да ги смениме предните тркала лево со десно и обратно за почеток, па ако не се оправи, ќе бркаме други проблеми.
Седнавме повозивме и двајцата и среќа, во право беше, и излезе дека сервисот во Струмица кој ги монтираше гумите ги згрешил outside/inside ориентациите на предните гуми

Бонус ги имаа напумпано сите на 2.7 bar и дури се помирив дека така тврдо ќе вози колата

Пак да си ги препорачам луѓево, стварно се разбираат и се посветени на работата, одвои пола саат од денот да ме услужи, да најде проблем што во суштина не е ни негов за решавање и си ги задржувам како матични за себе и блиска фамилија
