Со закаснување честито ново ауто со здравје да се вози!
Баш пред некој ден дошол некој во комшии со ваква црвена и куферче (куферче мие ептен филмско за на пат така) многу добро изгледаше па се повратив уште еднаш да ја ѕирнам хахаха
Многу пати сум кажал дека барем еднаш ќе купам алфа а мислам дека нема алфиста што одкако излезе џулиата не посака да ја има па така и јас ептен ми е во мисла за следно ауто во далечна иднина.
Да бидам искрен, не се најдобрите коли во класата во поглед на завршна изработка (206ката беше подобро заштрафена, најискрен муабет) ама затоа за возење и гледање и мерак-на-100км се прекрасни.
Фала ти, да си купиш што и да ти прави мерак, бидејќи мене тоа ме снајде
Гледав и возев 6 Фиести бидејќи тоа беше разумниот избор и објективно поквалитетното ауто, ама од глава не ми излезе МиТо откако го возев на
@Simo - Carrier159. Плус, знаев дека еден ден ќе се вратам на Alfa, само не знаев кога