И како што е редот, конечно најдов малку слободно време во гаража да го паркирам нашиот нов член во семејството, лавчето Симба
Станува збор за Peugeot 2008 GT-Line, Orange Fusion/Black Diamond металик боја, придвижуван со 1,2 PureTech троцилиндарски бензиски агрегат со 130 кс и 6 степен мануелен менувач.
Опремата е како што кажува и самиот назив, GT, плус дополнително се додадени сончев панорамски кров, Advanced Grip Control, All Season GoodYear 215/60/R17H пневматици, припрема за резервно тркало (стандардно не доаѓа ни тоа).
Инаку од останата опрема има се што може да се понуди во овој тип на возило освен греење на седишта и отклучување на колата без клуч. Да не ја набројувам
Голема благодарност и до
@zeroSignal за деталите и искуството кое го сподели пред да се одлучам за ова возилце.
Генерално од се она што го гледавме и што се нудеше на нашиот пазар, во однос на цената и она што се добива за неа, Пежо беше неспоредливо супериорен во однос на конкуренцијата. Па дури и во оној сегмент кога работите ги мрсат многу напредните корејци и опремата која ја нудат.
Во игра беа неколку возила од овој тип, мали градски СУВ возила. Потребата за баш вакво возило е тоа што таа ќе биде генерално управувана во градски услови и од лепша половина.
Импресиите се следниве: Преквалитетни материјали во класата, неспоредливо подобри од конкурентните фирми. Многу голема управливост и леснотија при движење. Просто се има чувство на лебдење
Французите по тоа прашање секогаш биле меѓу најдобрите. Со еден збор премногу удобно и тивко возење.
i-Cockpit-oт со својот 3D приказ е исто така уникатен. Се на се јас сум презадоволен од она што го добивме како комплетен производ. Останува уште да најдеме слободно време и да седнеме во кола и добро да се извозиме. Дополнително слики ке има во следни постови.