звучниците се со 2 десетки наместо со една 12 ка.
Немаше 10-ки. Тоа е 8-ци басови
До ден денес нула дефекти, а уште се чудам колку убав и моќен звук вадат.
Еи Ниш не е заебанција.
Тие звучници се правени по лиценца на еден познат европски бренд. Незнам кај ми е книгата, во неа пишува се. Мислам дека беа холандска лиценца, ако не беа и на динаудио.
Сеедно, звучниците и ден денес се одлични, а целата конструкција е направена да дава солиден и динамичен звук.
За тоа време беа ненадмашни.
ЕиНиш беше моќна европска фабрика за електроника и електронски уреди вобивша Југославија и можеше да се носи со сите светски брендови. Инаку колку за информација беше на рамниште со Сименс, Тошиба, Филипс, Грундиг, Блаупункт итн итн, а во многу случаи и подобра од конкуренцијата.
Покрај аудио и видео опрема во Еи се произведуваше и воена опрема и електроника, медицинска опрема (која и до ден денес функционира во нашево здравство) итн итн.
Јас не ја разбирам фасцинацијата од HSR појачало и звучници. Подпросечен квалитет на звук. Единствено што вреди и што може да ги носиш по журки и сам да си ги поправаш. На времето кога звук се слушаше од 6 пати преснимени касети и рокнати до даска на домашни журки, веројатно задоволувале со квалитетот, ама сега, стави им помодерен извор на звук, тапа звучат. ко` лимени канти.
Немој да бидете хејтери.
Звучниците не се бауер или кеф или мишн, ама се 99% поквалитетни од се останато што се продава.
Грешка сте.
Јас ги слушав преку Техникс ЦД плеер.
Сосема, сосема солиден звук..бас..високи..чистина...
Е сега, ако се изрикани, тоа е веќе друг муабет.
Апсолутно се слагам со тебе.