Воглавно го зимам заради високите звучници, интересно и убаво ми изгледаат, а и звуков на Панасоникот е очаен. Од звук не очекувам ништо посебно, да е добро кога гледам филм и доста ми е ми е, не сум некој аудиофил така да воопшто не ми менува. Плеерот исто така не ми е толку битен зошто секако телевизорот чита доста формати без заглавувања, а и на самиот телевизор имам подесувања за фонтот на тајтлот. Сепак не би сакал да земам некој ептен шкарт. Доста корисна работа ми е да можам да стримувам бежично музика преку смартфон или лаптоп.