Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 311966 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #615 на: 14 Август 2014, 08:43:54 am »
Филм ќе испадне бољи од дигитал уште малце. :)
Дигитал е многу згоден за брза манипулација и има свои предности. Дали си развивал слики од некое поголемо парче филм од 35mm? Да речеме 120ка? И тоа некое убаво споро филмче како Fuji Velvia 50ASA....

http://www.kenrockwell.com/fuji/velvia-50.htm

Скапотијата на манипулирање со филм го прави дигиталниот медиум далеку подобар за прфесионална работа, како на пример модни ревии фотосесии и слично. Кога станува збор за уметничка фотографија, јас би преферирал филм пред дигитал.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #616 на: 14 Август 2014, 08:46:54 am »
Дигиталната е можеби попрактична, ама не и поквалитетна.

Еве ти еден текст, пробај прочитај го со отворен ум

http://www.audioholics.com/editorials/analog-vinyl-vs-digital-audio

Еве ти уште еден

http://recordinghacks.com/2013/01/26/analog-tape-vs-digital/

Инаку целата колекција на музика ја имам во дигитален формат, и тоа 90% Flac ови 24bit/44Khz-192Khz

Ама да можам да приуштам плочи и грамофон каков треба, дефинитивно би слушал така

Имам пријател што има тотален HighEnd Сетуп, и тотален HighEnd CD Player и HighEnd Грамофон. Правевме слична компарација, истата песна пуштена од ЦД или Плоча.. 99% Случаи Плочата свиреше подобро.

Реков дека не ви навлагам во муабетот што е поквалитетно и колкава е разликата. Јас и најголем дел од луѓето не ја приметуваме. Од друга страна ги забележуваме артефактите, повременото крчење и шушкање.

На журка се бара практичност и шоу. Второво побарување сеуште ги одржува плочите. Ако некој најде начин да го направи менувањето на лента интересно за публиката, верувам дека ќе почне и тоа да се користи. Сега за сега касетите остануваат за носталгични журови (одржани во музеј).

Дали ако беше музичар/уметник ќе ти беше смешно ако некој величи дигитална технологија? Замисли ја, како информатичар,  дискусијата „Photoshop вс кист, платно и штафелај“.

Не правиме муабет за креирање на податоци, туку за чување, транспорт, копирање, манипулација.

Тоа е исто ко да кажеш дека бидејќи на мене  и повеќето  луѓе не ги интересираат перформансите на Ferrari или Lamborgini, да велиме дека најбољи е Матиз евентуално Honda CR-V.

За жал современиот систем ги убива правите квалитети и оди на што повеќе маркетинг.. Ако доволно пати ти повторам дека Мп3 е сосема доволен квалитет, на крај ти ќе поверуваш во тоа и ќе се задоволиш, немајќи воопшто желба да пробаш и видиш што можеби пропушташ.

Инаку исто имаш погрешна представа дека менување на лента би значело прекин на журката.. Ако користиш два или три дека (ко што сме користеле), воопшто нема прекини.. Дури и шоуто на журката може да биде поголемо.. Ама.. Сегашните стандарди на индустријата за жал се базира на Mass Production и гомилање што повеќе пари, а не на квалитет..

Ако си ти среќен со тоа, ти си среќна коцка :) што живееш во еден ваков свет, со тенденција да уште повеќе маркетинг помалку квалитет во иднина..

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #617 на: 14 Август 2014, 08:48:41 am »
Филм ќе испадне бољи од дигитал уште малце. :)

Нема што да испадне.. Бољи е ... Ако збориме за апсолутен квалитет.. Ако збориме за компромис од практичност и задоволителен квалитет, можеби тука дигитал.. Ама апсолутен квалитет Филм

п.с. Гледам Симо одговорил

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #618 на: 14 Август 2014, 08:51:49 am »
Инаку исто имаш погрешна представа дека менување на лента би значело прекин на журката..

Каде сум го пишал ова?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #619 на: 14 Август 2014, 09:19:15 am »
@Vasil

Не си го пишал, си го помислил. А тоа е исто.  ;D ;D ;D

Он д топик аген...
Кога станува збор за квалитетни звучки, можеби ова се едни од најпрецизните звучници кои се изработени од Acoustic Research, поточно моделот AR-11...
Незнам дали некој имал можност да ги слушне?

Тука може да ги вбројам и Dynaudio но за жал немам слушнато како звучат хај енд сериите...Оние мидрејнџ, да, сум имал прилика да другарувам со нив. Би сакал да слушнам нешто налик ова од поново време:

Повеќе инфо на
http://www.sonicflare.com/archives/he2006-aaaaudio-and-dynaudio.php
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #620 на: 14 Август 2014, 09:31:03 am »
Не си го пишал, си го помислил. А тоа е исто.  ;D ;D ;D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #621 на: 14 Август 2014, 10:29:57 am »

Тука може да ги вбројам и Dynaudio но за жал немам слушнато како звучат хај енд сериите...Оние мидрејнџ, да, сум имал прилика да другарувам со нив. Би сакал да слушнам нешто налик ова од поново време:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Повеќе инфо на
http://www.sonicflare.com/archives/he2006-aaaaudio-and-dynaudio.php

Јас ги имам слушано Dynaudio Confidence C1

Немало Бас од мал звучник? :) Хмммм

Инаку со соодветно појачало звучат леле мори мајко... И би требало за цена од некои 5000-6000 еур колку што се :)

http://www.soundstage.com/revequip/dynaudio_confidence_c1.htm

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #622 на: 14 Август 2014, 11:38:37 am »
Dynaudio C1 ми е еден од најдобрите звучници што сум имал можност да ги слушнам, заедно со Harbeth SHL5 и M30.1 . Во план ми е со еден од овие да се подновам за година-две здравје.

Esotar високотонецот е нешто феноменално, а басот е неверојатен за таква мала кутија.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #623 на: 14 Август 2014, 13:16:29 pm »
Dynaudio C1 ми е еден од најдобрите звучници што сум имал можност да ги слушнам, заедно со Harbeth SHL5 и M30.1 . Во план ми е со еден од овие да се подновам за година-две здравје.

Esotar високотонецот е нешто феноменално, а басот е неверојатен за таква мала кутија.

Морам да признаам дека сум пријатно изненаден што ова го читам на форумов..

Harbeth се звучници што тотално ме наежиле за вокали. Звучи неверојатно реално и пријатно..

Кога ги слушав (беа врзани на NAIM SuperNait), имав обврски и мислев песна-две и да си одам.. Одеднаш заборавив и на обврски и на све, и останав дури сопственикот не мораше и он да оди :) да ги сработи своите обврски...

Ако се подновиш би сакал да ги чујам кај тебе :)

Dynaudio C1 и мене ми се едни од најдобрите звучници што сум ги слушал..

Звучник што ме има разочарано за извиканоста и цената е B&W Nautilus

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #624 на: 14 Август 2014, 13:53:01 pm »
Претпоставувам си ги слушал во Белград (поправи ме ако грешам во One-Hifi).

Комбинацијата Naim - Harbeth ми е една од замислените цели што сакам да ги реализирам, заедно со еден Linn Sondek LP12.Пред да ја купам моменталната опрема, долго време бев загреан за комбинацијата Supernait - Harbeth P3ESR.

Со Harbeth планирав летово да се подновам (Compact C7ES3), ама заради практични и станбени причини решив да почекам малце и да одам на SHL5 или во краен случај М30.1 .До тогаш главна задача ми е да ја подобрам акустиката во собата, веќе сум во потрага по одредени акустични решенија.

Обавезно ако ги земам, ќе може да се слушнат, само не би било во брзо време.

За B&W, иако ја имам 7-та серија, а не Наутилус, веќе не сум премногу воодушевен, добри се ама сакам друга презентација и во иднина ќе бидат сменети.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #625 на: 14 Август 2014, 19:20:36 pm »

Јас за малку ќе купев B&W 703 звучници. Ги слушав дома, и ме одушеви динамиката и чистината што ја имаа. Меѓутоа како имав прилика да слушам и B&W 803S, на крај купив 803S.Да ми е овој памет, веројатно не би купил B&W 800 серија, бидејќи за да просвират треба да ги закачиш на трафостаница, и мислам дека се прескапи за тоа што нудат. Кај мене просвиреа дури на KRELL FPB300C (Парче од опрема што не би го продал никогаш).

Инаку за мене апсолутно најдобри звучници што сум слушал се Magico V3. Ги слуша во Белград на Krell CD, Krell Preamp и Krell 300W Појачало. Me однесоа кај човек што ги имаше и што не се знаевме... Му останавме пола ден на гости :) Интересно е што појма немав што звучници се тоа, и колку чинат. Знам дека ми изгледаа ружно, ама звучеа неверојатно.. Дури кога се вратив во СК почнав да читам кои се Magico , и сконтав дека се сериозно нешто.

Harbeth на SuperNaim ги слушав во Скопје, и ги имаше мој пријател (Како извор Benchmark Dac1 Pre). Се немам одамна слушнато, ама мислам дека го замени NAIM -от за McIntosh. Јас па имав McIntosh Преамп C2300, и имав прилика да слушам еден краток период и на моноблокови MC501, ама некако звукот ми беше премногу обоен и нереален. Прејдов на Benchmark Dac1 Pre со KRELL и Кимбер Кабли. Звукот не е така мек и топол, туку аналитички до некаде и доста неутрален.. Тоа на моменти е супер, ама на моменти е агресивно.. Ама на крај сватив дека овој звук мене лично повеќе ми се допаѓа.

Како и да е, да купувам сега, веројатно би купил друг бренд на звучници

BTW, што не ти се свиѓа кај твоите 700 ? На што појачало ги слушаш? Што извор?
« Последно менување: 14 Август 2014, 19:35:44 pm krell »

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #626 на: 14 Август 2014, 20:52:39 pm »
Не сум ја имал таа среќа да ги слушнам Magico...или пак несреќа според нивниот ценовен ранг...

McIntosh само кратко го имам слушано и мислам беше беше од пониската класа интегралецот, од 6900 или како се сериите со аутотрансформери, мислам ме разбираш на што мислам.Звукот ми беше мек и спор, можам да сфатам зашто на некои им се допаѓа ама мене не баш.Иако морам да признаам би сакал да "видам" како звучи стерео сетап со две моно MC275-ки.

И јас ги меркав 703-ките ама бидејќи гледав за мал простор морав нешто друго да земам па ги земав 705-ките.

Генерално сум задоволен од нив, ама како и тебе да размислував тогаш како сега немаше да ги земам, ќе земев нешто друго за тие пари.Проблемот со нив ми е што кога ги земав слушав генерално џез и блуз, а сега најмногу слушам класична музика и опера, за која што немаат доволно голема динамика и морам да ги оптеретам за да добијам барем дел од динамиката, а бидејќи живеам во стан тоа ми е проблем.

Исто ми фали малце подобра сепарација на инструменти и подобар тоналитет, има моменти кога високите тонови се преоштри на неприроден начин некако.

Мада морам да признаам овие работи се цепидлачење од моја страна, откако почнав да ги слушам Harbeth, Dynaudio...кои што чинат неколку кратно
повеќе од 705-ките.

Во врска со другата опрема, после цела година менување на компоненти, моментално имам Dac Mytek 192 DSD и појачало Roksan Caspian M2 од кои што сум многу задоволен.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Re: Одг: Аудиo опрема
« Одговори #627 на: 14 Август 2014, 23:56:29 pm »

не е така мек и топол,

На почеток и мене ми е мек и топол, а по некое време станува врел и твррд :-)

Шала на страна, секоја чест за љубовта кон музиката и за опремата која ја поседувате!
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #628 на: 15 Август 2014, 00:06:24 am »
Не сум ја имал таа среќа да ги слушнам Magico...или пак несреќа според нивниот ценовен ранг...

McIntosh само кратко го имам слушано и мислам беше беше од пониската класа интегралецот, од 6900 или како се сериите со аутотрансформери, мислам ме разбираш на што мислам.Звукот ми беше мек и спор, можам да сфатам зашто на некои им се допаѓа ама мене не баш.Иако морам да признаам би сакал да "видам" како звучи стерео сетап со две моно MC275-ки.

И јас ги меркав 703-ките ама бидејќи гледав за мал простор морав нешто друго да земам па ги земав 705-ките.

Генерално сум задоволен од нив, ама како и тебе да размислував тогаш како сега немаше да ги земам, ќе земев нешто друго за тие пари.Проблемот со нив ми е што кога ги земав слушав генерално џез и блуз, а сега најмногу слушам класична музика и опера, за која што немаат доволно голема динамика и морам да ги оптеретам за да добијам барем дел од динамиката, а бидејќи живеам во стан тоа ми е проблем.

Исто ми фали малце подобра сепарација на инструменти и подобар тоналитет, има моменти кога високите тонови се преоштри на неприроден начин некако.

Мада морам да признаам овие работи се цепидлачење од моја страна, откако почнав да ги слушам Harbeth, Dynaudio...кои што чинат неколку кратно
повеќе од 705-ките.

Во врска со другата опрема, после цела година менување на компоненти, моментално имам Dac Mytek 192 DSD и појачало Roksan Caspian M2 од кои што сум многу задоволен.

Прав опис за McIntosh. Спор и мек звук. Инаку имав прилика да имам дома и McIntosh MC275  и со B&W 805S е одлично појачало. Мислам дека тоа е тој McIntosh што вреди и што стварно свири добро. Со 803S нема доволно снага, ама и мене живо ме интересира како би било со два MC275.

Инаку главна маана на B&W е што бара појачало со сериозно напојување и што држи и до 2 ома, бидејќи не се 8 омски како што се декларираат туку паѓаат многу ниско и голем дел од свирењето се на 3 ома. За тоа да просвири треба појачало со стварно сериозно трафо. Krell ов е 300W на 8 Ohm, 600W на 4Ohm, 1200W на 2Ohm и добро ги држи. Кај 705S мене ми беа високите преостри и премногу напред звукот, и помалку агресивен. 800 беа доста  помузикални. Мада тогаш пробував со Rotel RB-1080 ама лош преамп и лоши Кабли.

Ако си волен баш би сакал да пробаме како свири Mytek от во однос на Benchmark -ов некој викенд (може да пробаме и на твојот setup и кај мене). И Benchmark -от и KRELL от имаат одлична динамика, и стварно добро звучи класика и опера. Ама баш  би ми значело твоето мислење. Инаку во моментов ја средувам струјната инсталација (пуштам посебни кабли за струја од табла за појачалата), и денес малку се разочарав што испадна дека во зграда имам нулуван систем, односно немаме заземјување како треба (веројатно од таму бруење кога го користам Benchmark -от како HT Bypass за Surround. Ама што е тука е..

A Magico -to има динамика , тимбер како треба, и брз , цврст и реален звук. Мораш да ги чуеш некогаш.. За жал и мене ми се прескапи :( и најверојатно нема да можам никогаш да ги имам дома... (А и штета е да ги имаш во стан..  (се тешам сега)...

Не те прашав.. Кој софтвер го користиш за музика преку Mytek -ot? Да погодам.. Бидејќи подржува DSD, скоро можам да се кладма дека користиш JRiver Media? Јас долго време пуштав на PC и тоа Foobar2000 и JRiver Media, ама пробав Mac и звучеше осетно подобро.. Па така прејдов на Mac Mini и Audioirvana и Amara

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #629 на: 15 Август 2014, 13:25:27 pm »
Дефинитивно може некој викенд да организираме средба, само моментално не сум јас во Скопје, работам и живеам во Битола, но секој втор викенд сум СК па може еден викенд да го земам конверторот.

Ако ве носи патот накај Бт, може и кај мене средба, ова важи и за СалеСК бидејќи го знам од "оној форумон за компјутерџии :) "

Инаку за B&W, не знам дали си имал шанса да ги слушнеш со Electrocompaniet појачала, знам дека кај нас се препорачува ротел, ама ова беше нешто сосема друга класа и звук.Со таа комбинација би можал да живеам ама не за долго :)

Кај мене во зграда немам приметено брум од струјата (генерално и нова зграда е, мада сепак) ама не можам да експериментирам на тоа поле зашто сум во изнајмен стан, од тука и имам најмногу главоболки во врска со акустичните третмани.

За Magico и сличните се тешам и јас ама не успева некако, среќа што се неколку десетици илјади евра па дилемата ми е лесна, се нема пари :)

Околу софтверот, сеуште користам foobar2000 со DSD plugin , ама сакам да експериментирам и со JRiver дали ќе има разлика.Криво ми е што немам можност за FW да пробам зашто слушам од лаптоп, а во план ми е цело време комбинацијата со Mac Mini и Amara.Ама ова ми е за втор план, сега како што напоменав сум зафатен со смислување на најдобро портабилно решение за акустични третмани бидејќи од цела опрема што ја сменив до сега, најголемо подобрување добив откако ја преуредив дневната за рефлекции, позиционирање од ѕид итн.Најважно ми е сега да ги средам првите рефлексии и замки за басовите барем во најкритичните агли од собата, но сето да биде преносливо без перманентно позиционирање.