Дефинитивно може некој викенд да организираме средба, само моментално не сум јас во Скопје, работам и живеам во Битола, но секој втор викенд сум СК па може еден викенд да го земам конверторот.
Ако ве носи патот накај Бт, може и кај мене средба, ова важи и за СалеСК бидејќи го знам од "оној форумон за компјутерџии
"
Инаку за B&W, не знам дали си имал шанса да ги слушнеш со Electrocompaniet појачала, знам дека кај нас се препорачува ротел, ама ова беше нешто сосема друга класа и звук.Со таа комбинација би можал да живеам ама не за долго
Кај мене во зграда немам приметено брум од струјата (генерално и нова зграда е, мада сепак) ама не можам да експериментирам на тоа поле зашто сум во изнајмен стан, од тука и имам најмногу главоболки во врска со акустичните третмани.
За Magico и сличните се тешам и јас ама не успева некако, среќа што се неколку десетици илјади евра па дилемата ми е лесна, се нема пари
Околу софтверот, сеуште користам foobar2000 со DSD plugin , ама сакам да експериментирам и со JRiver дали ќе има разлика.Криво ми е што немам можност за FW да пробам зашто слушам од лаптоп, а во план ми е цело време комбинацијата со Mac Mini и Amara.Ама ова ми е за втор план, сега како што напоменав сум зафатен со смислување на најдобро портабилно решение за акустични третмани бидејќи од цела опрема што ја сменив до сега, најголемо подобрување добив откако ја преуредив дневната за рефлекции, позиционирање од ѕид итн.Најважно ми е сега да ги средам првите рефлексии и замки за басовите барем во најкритичните агли од собата, но сето да биде преносливо без перманентно позиционирање.