Никој не користи касети на журки. Едноставно не се практични. И на времето колку што знам кога се бирало помеѓу касети и плочи, се користеле само плочи. Ама не, вие сте најпаметни, со погледот во небо и сега ќе ја учите рајата, како всушност касетата е правиот медиум за носење звук на журка. Целиот свет е во заблуда, вие сте најпаметни. Најдобриоте журки се правеле со касети. Со квалитетен лампаш се разбира.
Плочите живеат затоа што изгледаат фенси и овозможуваат интересна манипулација на материјалот за време на журката. Никој што дошол на забава не се замара со аудиофлски глупости. Разбирам да си имате некои романтични чувства за тоа како било на времето, ама гледајте малку реално.
Wrong.
Незнам зошто секојпат муабетот се тера во погрешна насока.
Но ајде, еве, пошто започна, најфино ке ти образложам дел по дел.
1.Никој на журка ништо веќе не користи освен лаптоп. Затоа и секој може да биде диџеј, пошто освен пауер, левклик на програмот и драг енд дроп на песните во плејлиста ништо не треба друго да направи.
2.Дали некогаш си имал искуство во диџејство? Пример, дали си пуштал музика во некоја дискотека или кафич или слично, или пак муабетот онака од рукав си го истресе?
3.Никој никаква раја тука за ништо не треба да учи или да и посочи. Она е родена најпаметна и најучена. Инаку се вика македонец, поточно.
4.Журка се правела со лампаш тогаш кога грамафонот изгледал овака:
Постовите не мора да бидат исполнети со иронија, секако. Ако не ви се дискутира на темата, неморате да дискутирате. Коментарите како твојот се исувишни.
5.Бидејќи негативно одговори на второто прашање, еве јас ке ти одговорам дека 1993 година во дискотеката PARK by Sileks, за првпат беа донесени DAT-ови. До тогаш музика се пушташе на Technics SL-P1200 Pro CD Player, и ги имаше два комада.
Дисковите ги имаше неколку комада, а генерално се пушташе на касети. Дековите мислам, значи не се сеќавам, пред 21 година беше, беа Техникс исто така.
Една вечер еден од датовите беше украден од глупото циганче што работеше таму како чистач, но за два дена го врати датот.
Инаку DAT е digital audio tape, и се користеше за снимање на мастер аудио снимки, како замена за ленташ, класичен.
И на крајот. Не се работи за никакви романтични чувства за работи од времето, туку беше претставена една реална слика за тоа како и со каква опрема се прави домашна журка.
Не секој може да си дозволи лајт шоу од 200 евра, а тоа со стартерот беше кажано фигуративно со цел да го свати оној што го прочитал постот. Првиот беше дени кој ја разбра поентата. Да ги оставиме касетите на страна.
Журката се прави со комплетно истата опрема и наместо касеташ се користи ЦД, а ако немаш ЦД закачи лаптоп и слушај ем пе три, и уживај во звукот.
И да, точно, на журка никој не се замара со аудиофилски глупости, и најчесто гледа да си помине убаво, со убава музика и музика која нема да му го повреди ушното тапанче.