Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312172 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #405 на: 21 Мај 2014, 10:07:47 am »
Дарко, ај да не се натегаме, еве предлог план за акција:

1. Идеме на зелен пазар. Го наоѓаме апсолутно најефтиниот индокинески USB кабел од 100 денари. Ако мислиш дека на некое друго место можеш да најдеш уште по тиња USB кабел отколку на пазар - одиме таму. Кабелот го бираш ти, го плаќам јас.

2. Од таму, идеме дома кај тебе. Ми го покажуваш твојот USB кабел (претпоставувам дека не е од 100 денара, туку некој поскап).

3. Ја подготвуваш твојата референтна музика за пуштање.

4. После ја напушташ на кратко просторијата, а јас бирам еден од двата кабли (евтиниот и твојот) и го ставам. Не ти кажувам кој сум го ставил, а со некаков чаршав или што-веќе го кријам кабелот за да не можеш да го видиш.

5. Пушташ што сакаш колку сакаш.

6. После секое пуштање и слушање ми викаш „ова е мојот кабел“ или „ова е кабелот од пазар“. Јас на ливче ги запишувам твоите одговори и запишувам кој кабел навистина бил.

Чекорите 4, 5 и 6 ги повторуваме неколку пати - колку повеќе толку подобро.

Доколку мислиш дека ќе те лажам, ангажираме трет човек кој ќе ја проверува вистинитоста на моите записи.

Доколку USB кабелот навистина прави чујна разлика, твојот success rate при погодување кој е кој ќе тежнее кон 100%.

Доколку USB кабелот не прави чујна разлика, твојот success rate при погодувањето кој е кој ќе тежнее кон 50% (некогаш на среќа ќе погодиш, некогаш нема)

Што ќе кажеш на овој план? Дали ти делува фер и меродавно?

Со оглед на тоа што се сомневам дека Даре ќе одговори директно „да, фер е“ или „не, не е фер“ - што велат другите? Дали ви делува фер планов?
« Последно менување: 21 Мај 2014, 10:19:32 am filipv »

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #406 на: 21 Мај 2014, 10:33:36 am »
Фер е, но е непрецизен и непотребно компликуван. Најдете софтвер што брои грешки при трансмисија на пакети преку USB, и пуштете низ каблите сообраќај со сличен интензитет како при пуштање на аудио траките со највисока рата на податоци.

Баферот пред DA конверторот би требало да се погрижи за овие загуби, но еве и него да го извадиме од математиката, вака само каблите ќе ги тестирате, прецизно со инструмент, наместо субјективно со уво.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #407 на: 21 Мај 2014, 10:35:57 am »
Фер е, но е непотребно компликуван. Најдете софтвер што брои грешки при трансмисија на пакети преку USB, и пуштете низ каблите сообраќај со сличен интензитет како при пуштање на аудио траките со највисока рата на податоци.

Да, но ние сакаме да утврдиме дали евентуалната разлика може да се чуе со уво.

Инаку, се согласувам и на овој твој тест, иако со него тестираме нешто друго, а не тврдењата на даре за цврст бас. Но, јас апсолутно се согласувам И СО ОВОЈ друг, различен тест.

Баферот пред DA конверторот би требало да се погрижи за овие загуби, но еве и него да го извадиме од математиката, вака само каблите ќе ги тестирате, прецизно со инструмент, наместо субјективно со уво.

„Осетно полошо“, „подобра тродимензионалност, по широка сцена, по отворен звук“, „цврст бас, многу стегнат звук, ама му фали просторност и тродимензионалност.“ се субјективни тврдења. НИВ треба да ги тестираме - дали Даре навистина тоа го слуша или се работи за плацебо? За тоа да се утврди има само еден начин - слеп тест.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #408 на: 21 Мај 2014, 14:14:14 pm »
Фер е, но е непрецизен и непотребно компликуван. Најдете софтвер што брои грешки при трансмисија на пакети преку USB, и пуштете низ каблите сообраќај со сличен интензитет како при пуштање на аудио траките со највисока рата на податоци.

Баферот пред DA конверторот би требало да се погрижи за овие загуби, но еве и него да го извадиме од математиката, вака само каблите ќе ги тестирате, прецизно со инструмент, наместо субјективно со уво.

Ваков тест?
http://archimago.blogspot.ca/2013/04/measurements-usb-cables-for-dacs.html

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #409 на: 21 Мај 2014, 18:15:39 pm »
Нешто многу по просто имав на ум, но тоа е тоа што се бараше :D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #410 на: 21 Мај 2014, 19:43:20 pm »
Ваков тест?
http://archimago.blogspot.ca/2013/04/measurements-usb-cables-for-dacs.html

"No evidence in these tests to suggest that the different USB cables ( . . . ) should sound different"

"Very nice test. Still believers will believe."

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #411 на: 21 Мај 2014, 22:41:04 pm »
Дарко, ај да не се натегаме, еве предлог план за акција:

1. Идеме на зелен пазар. Го наоѓаме апсолутно најефтиниот индокинески USB кабел од 100 денари. Ако мислиш дека на некое друго место можеш да најдеш уште по тиња USB кабел отколку на пазар - одиме таму. Кабелот го бираш ти, го плаќам јас.

2. Од таму, идеме дома кај тебе. Ми го покажуваш твојот USB кабел (претпоставувам дека не е од 100 денара, туку некој поскап).

...

Јас колку што го разбрав човекот (а и му држи вода размислувањето и е соодветно со тоа што го пишуваат корисниците по форумите), е дека најголемата разлика ја прави должината кабелот. Така да, еве ви мој предлог: отидете во СЕТ и земете го најдолгиот USB кабел (без активни компоненти што го имаат). Ги спомнав СЕТ затоа што знам дека имаат долги USB кабли, и евтини се.


Плус, ќе треба повеќе луѓе за да се разредат можностите за грешка (или немање слух за аудио квалитет). Толку луѓе ќе треба да се освежат со нешто, еве пиво на пример. На мислење сум дека освежувањето треба да го части иницијаторот и организаторот на тестот.   *погледнува накај filipv*   ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #412 на: 21 Мај 2014, 22:52:58 pm »
му држи вода размислувањето и е соодветно со тоа што го пишуваат корисниците по форумите)/i]

за жал, второто не секогаш го подразбира првото

Така да, еве ви мој предлог: отидете во СЕТ и земете го најдолгиот USB кабел (без активни компоненти што го имаат). Ги спомнав СЕТ затоа што знам дека имаат долги USB кабли, и евтини се.

Може!

Плус, ќе треба повеќе луѓе за да се разредат можностите за грешка (или немање слух за аудио квалитет).

На крел му беше сцената широка а басот цврст. Баш да видиме дали ќе му омекне со петметарски кабел. А, крелл?

Толку луѓе ќе треба да се освежат со нешто, еве пиво на пример. На мислење сум дека освежувањето треба да го части иницијаторот и организаторот на тестот.   *погледнува накај filipv*   ;D

Апсолутно! Само не можам да гарантирам дека е од не-гмо јачмен

ќе зеам и пиво и гиро и чоколадо ако треба таман работа

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #413 на: 22 Мај 2014, 00:09:25 am »
Еве ја се пријавувам да ги дегустирам пивото и гирото. Чоколадото ќе го прескокнам.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #414 на: 22 Мај 2014, 00:19:15 am »
Апсолутно! Само не можам да гарантирам дека е од не-гмо јачмен
Jaчменот е засега сигурен, се користи само за слад и за сточна храна. Во превод, не се исплатат трошоците за проект за генетско модифицирање, мали количини јачмен се произведуваат, во однос на житарките како пченка, пченица, соја...

Drink away!  ;)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #415 на: 22 Мај 2014, 10:01:41 am »
Јас се пријавувам. Крел кажи ми дали ќе се ставаат теписи на прозори или без теписи ќе помине тестот?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #416 на: 22 Мај 2014, 13:34:59 pm »

Познавајќи го човекот, нема да ме чуди и бас трапс има во собата...  :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #417 на: 22 Мај 2014, 16:12:49 pm »
Познавајќи го човекот, нема да се согласи на овој предлог за дружба и занимација. Зошто? Затоа што многу добро знае дека сксес рејтот ќе му тежнее кон 50, а не кон 100 проценти.

Нека ме демантира со тоа што ќе каже „важи, слободен сум тогаш-и-тогаш, во колку саат да се најдеме каде?“

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #418 на: 22 Мај 2014, 16:38:33 pm »
Познавајќи го човекот, нема да се согласи на овој предлог за дружба и занимација. Зошто? Затоа што многу добро знае дека сксес рејтот ќе му тежнее кон 50, а не кон 100 проценти.

Нека ме демантира со тоа што ќе каже „важи, слободен сум тогаш-и-тогаш, во колку саат да се најдеме каде?“


Да си праел некад стварно Blind test ќе знаеше и тоа дека за исправен и прав тест многу зависи и да не си под стрес и да си опуштен, и да го правиш тоа барем едно 20-30 пати споредба, и тоа во интервал од барем 7 дена. Ама пошто и ова ти е строго теоретски, затоа веројатно не знаеш (да си праел некад стварно некаков тест што има стварна намена, ќе имаше бар и референтна листа на музика за тоа).

Друго, за да правам тест со некого, треба да има барем трунка ентузијазам и реално познавање, а не се ради реда читано ама не доживеано, а понекогаш и воопшто неразбрано.

Опремата што ја имам купено базирано на тест, воглавно сум ја имал барем 7-10 дена за да слушам и споредам натенане (ќе ти пуштам и слики како тоа изгледало во мојата дневна).

Утре полагам и сум во гужви. Ќе ти пуштам утре еден текст да видиш како треба да изгледа Blind Тест и што е битно, за да кога позираш дека си чул за истиот барем да знаеш како треба да изгледа и да не се издаваш дека во живот пракса НУЛА во нештата во кои се правиш експерт.

И да, нема да доживееш било каков тест со мене, барем дури не ги освежиш малку и практичните искуства, и ги анулираш предрасудите што ги имаш на разни теми (ако почнеш реално да ги доживуваш нештата можда и ќе дожеевеш реално).

Утре ќе добиеш од мене текст за BLIND TEST и пар слики од како изгледа тестирање на опрема во реални услови и тоа на период подолг од 3 саати. (И не во услови кога имаш позер/спамер што со рефлекторка у фаца ти вика А или Б). Знаеш, музика сепак не е насиље  и силување туку е нешто многу пософистицирано, и по со душа..

Звучници слушав 3 недели (и сите 3 недели секој ден правев споредби)  (имав кај мене дома 4 пара звучници и на слепо ги одбрав тие што ги имам).

Појачало бирав месец дена (ги имав дома толку време дури одберам). За целото време некој запишуваше која компонента ја бирам за да ја одберам таа што ми се бендисувала.

Ќе се потрудам утре да ти пуштам слики.. Дали можда можеш и ти да пуштиш слики од твоето слепо тестирање опрема што си го правел по дома? (Каде што нели не си осетил никаква разлика меѓу компонентие, ама сепак да видиме дека имаш какво такво искуство во тоа).



Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #419 на: 22 Мај 2014, 16:54:44 pm »
Филип, што мислиш што е разлика помеѓу B&W 703s, 803s, 805s, 804s?

Можда ќе знаеш ако некад стварно си праел било каков релевантен споредбен тест меѓу нив. За тоа мора да ги послушаш во просторија што веќе слушаш (ко на пример дневна соба или слушачка соба), и тоа со материјал што стварно добро го знаеш..
 И да ја имаш опремата барем 7-10 дена за да можеш да изградиш критериум..Ако те занима ќе ти ги кажам точните разлики што јас ги осетив.. Само проблемот е што ти немаш ентузијазам да те занима, туку само да се докажуваш базирано на читано недочитано..

B&W 803s vs 703s vs 805s при реален Blind Test





За имаме некаков критериум можда требало да слушаме и нешто друго?

Ќе пуштам утре уште, чисто да видиш како треба тоа да изгледа у пракса...
« Последно менување: 22 Мај 2014, 17:06:14 pm krell »