2. Даре не може со уво да разликува ниту еден пар усб кабли. Најдолгиот USB кабел од пазар ќе му звучи потполно исто ко најкраткиот USB кабел кој му е у системот.
Види. Јас Даре не го познавам, а можеби и го знам, но доколку се видам со него..
Дали разликува со уво или не, и тоа е индивидуална работа. Секој има опсег кој го или не го слуша и разликува. Дали има дупка во спектарот или не...
Ајде мимо звукот, да направиме друга една разлика...
Неколку постови претходно кажа дека има корекција и поправање на сигналот, и дека впрочем тоа е предноста на дигиталните сигнали.
ОК, се слага во потполност со таа констатација. НО, тоа не е веродостојно на оригиналот, туку е на еден начин ЛАГА, односно совтверска лага. Кога се работи за слика, на пример кај дигиталните фотоапарати, ако имаме дефектен ЦЦД сензор, во тој случај информацијата за дефектниот пиксел се превзема со превземање на податоците од соседните околни пиксели, математички операции, за да потоа се прикаже на екранот. Но за тој пиксел ние добиваме само лажна слика, односно претпоставена слика, математички искалкулирана.
Тоа е аномалија на сликата. Дали некој ке може да ја примети или не зависи од многу фактори, но најголемиот е човековото око.
Во случајот со звукот се случува потполно истото.
Зошто мислиш дека би имало разлика во распознавањето на дефектните тонови, доколку оној кој го слуша тоа го забележи?
Во најголем број на случаи, кога некој сака да ужива во музиката, ја слуша истата на исто сетирање, во исти услови, на иста јачина, но во различно расположение...
Кога еднаш ке се навикнеме на иста работа, многу мала промена има влијание врз слухот, или пак видот...
Зарем не помислуваш на тоа?
Јас сум 100% убеден дека има разлика во кабелот, а не само по слух, него истото може да се докаже и со помош на прецицни мерни инструменти.
На времето, имав и можности и време и услови да бидам одреден период во водите на аудиофилите, се дружев со такви луѓе.
Разликата во звукот знаеше да ја направи и еден најобичен кабел за звучници.
Сите карактеристики и параметри на каблите се различни. Составот, изолацијата, отпорноста, импедансата, должината, фреквентниот опсег за кој се декларирани и тн.
Начинот на спојување со конекторите - механички со стискање, механички со лемење (само ова колку проблеми може да направи) итн итн...
Незнам зошто тргнавте со цел убедување и натегање.
Се си е декларирано, напишано и објаснето.
Тоа е тоа...
Еве како за проба, земи еден оптички маус, закачи го на 5 метра продлжен УСБ кабел и кажи ми како и колку прецизно ти работи.