Мислам дека не е штосот во хардверот толку, колку до самиот оперативен систем
Мал експеримент, пробај да ги замениш напојувањата меѓу двете машини... wild guess e aма можно е.
Втора опција, mac OS на асус машината или x86 OS на мекот, би требало да е можно во двата правци.
Но гледајќи какви конфигурации имаш (аудио, а богами и велосипедски)... се нешто ми вели дека нема да се замараш, освен можеби од радозналост.
1. Не е можно да ги заменам напоувањата
Едното е ATX full size (PC -to), а другото е MacMini
Ова го имам на ПЦ -то:
А ова е Mac -ot
Јас бар не знам како би ги заменил напојувањата на едното со другото
Размислував за PC -to за вакво напојување:
http://www.hd-plex.com/blog/htpc-hardware/linear-power-supply-for-computer-audio-fanless-hdplex-pc-has-been-tested-successful/Или за нешто вакво:
http://www.computeraudiophile.com/f10-music-servers/audiophile-pc-true-linear-power-supply-11832/http://bobopich.snimka.bg/radio-amateur/htpc.671317.26962420.bigИсто ги размислував и овие:
http://www.itemaudio.co.uk/kingrex_power_supplies.htmlАма проблемот е што не ми се фрлаат пари без да имам можност да пробам, дали и колку ќе има подобрување.
Исто си играв и со Hackintosh и работи супер, освен што не ми работи DAC -ot
http://forum.carclub.mk/index.php?topic=11902.0Веројатно може да се проработи некако, ама мене не ми успеа.
Така да, после пар месеци замарање
добив на тест MacMini и има разлика во квалитетот на звукот, и тоа драстично во споредба со PC -to
Пак ќе кажам дека најверојатно е ради оперативниот систем, и штета што со Hackintosh не ми успева да го проработам DAC -ot
, бидејќи сум убеден дека не е до хардверот туку до софтверот.
Ќе инсталирам на Mac ов Parallels и Windows, па ќе пробам и така, и ќе видам што е точно тоа што прави разлика.
Исто пробав да си играм и со Linux (не ми успеа и таму да го проработам DAC -oт).
Пробав и со верзија од Linux базирана на Mint, што е намената за аудиофилско користење.
http://www.ap-linux.com/Во оваа верзија е наведено дека е подржан V-Link от што го имам, ама и покрај што го гледа, не излегува звук
Најверојатно и подсвесно сакам да пробам Mac, и веројатно не пробав све до крај од претходно наведеното, бидејќи сум убеден дека може да се проработи ако се задлабочи човек уште подлабоко.
Предноста на Mac -от e и што не фаќа простор, па уше една предност плус. Мана е што нема шанси надградба (освен меморија и диск), и што свесен сум дека ќе треба да остане со години.
Точак инаку возам од девеести години (еден добар период и се натпреварував) и ми е хоби што ме држи со години.
EPIC -oт го имам купено половен.
И сакам да се замарам со хобијата што ме интересираат
Во поглед на Аудио -то, огромна грешка ми е што направив surround.
Да ми е овој памет и пак да треба да правам:
Снагаш појачало
Стерео
Добар DAC во улога на DAC/Preamp
MacMini како дигитален транспорт
Pioneer DVD (Av610 или AV696 ), како транспорт за дискови.