Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312445 пати)

Отсутен doktor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #285 на: 11 Март 2014, 18:18:20 pm »
Ako se stvarno vakvi Jamo vnatre za 400e, znaci stvarno coek ne znajt sho da zemit!!!http://www.avsforum.com/t/1226031/is-this-jamo-quality-blown-out-jamo-s606s-cheap-tweeter

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #286 на: 11 Март 2014, 18:25:50 pm »
Во оние кои јас сум ги видел внатре има MADE IN DENMARK драјвери.                 

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #287 на: 11 Март 2014, 20:01:57 pm »
Во оние кои јас сум ги видел внатре има MADE IN DENMARK драјвери.                 

JAMO се одамна чкарт бренд што живее на стара слава.


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #288 на: 11 Март 2014, 20:05:24 pm »
Возможно, со нови немам баш искуство.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #289 на: 11 Март 2014, 20:11:20 pm »
@krell I stand corrected, sir! 
Изгледа тоа со замарањето ни е заедничка клетва...  ;)

Од аспект на ова што кажуваш, дефинитивно изгледа дека нешто софтверско. Единствено не знам колку детално си барал решенија по Линукс и хакинтош заедниците. Посебно за Хакинтошот, чим на Мек докажано работи.
Но мислам дека веќе си го нашол решението во Мекот, посебно заради малата големина и изгледот (и тивкоста).

Мене на пример многу ме нервира бучавата од РСто, која не може сосема да се елиминира дури ни со специјализрани компоненти и со најтивките (најголеми/најспори) вентилатори. Јас проблемот го решив со физичко сместување на РСто во друга просторија. Каблите за корисничката периферија ми доаѓаат низ дупка во ѕидот. Можеби ќе сликам некогаш да се посмееме малку.  :)

Обврски ми го паузираат аудио проектот веќе подолго време. Целосно и се е направи сам, од звучниците, до појачалото, па преку DACот и каблите (cat6 етернет мрежни кабли од полн бакар, со изолации на одделните парови жици). :)
До сега ги имам направено појачалото и  GrubDAC (USB DAC).  (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Појачалото е 41Hz Audio AMP9 kit. Тука имам отворено тема со повеќе информации и слики.
http://shop.41hz.com/shop/item.asp?itemid=35
    * Four channels of Tripath sound quality, based on Tripath TAA4100A
    * Output 4x50W at low distortion, 4x100W peak
Убаво ми звучеше на пробата со звучниците во картонски кутии, ама ќе видиме кога некогаш ќе ги завршам кутиите.

Еве пар слики од појачалото сместено во кутија од стар УПС.  :)
(ajде, сите имаме добри интернет конекции денес, нема ве зијанам многу бандвитот)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)  (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)



Кутиите кои треба да ги правам се дизајн со дупли бас-рефлекс, за фул рејнџ драјвери: Fostex FE206En 8" Full Range.
Ако ме прифатат будалите може ќе пробам да направам и бафли окулу драјверите (како на малата слика)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)  (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)  (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..) 




Рчкав по Хакинтош и Линукс заедниците, и од прилике и знам кај ми е проблемот :) Ама знаеш кога си бараш рчка да пробаш нешто ново? :)

До сега никогаш не сум работел со Mac, и ми се бендисува што добивам инстант звук како треба и што е мало и тотално тивко (иако и ПЦ то ми е тотално тивко).

Па најверојатно ќе го задржам Mac ов.

Инаку морам да ти признаам дека ти си по ентузијаст од мене. Јас доста време поминав тестирајќи и анализирајќи готови производи, но не и самоградба.

Добро е да поминеш на пиво некој понеделник, баш сакам да си помуабетиме околу заедничкиве теми



Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #290 на: 11 Март 2014, 23:35:41 pm »
Toa мене не ме прави поголем хај-фај ентузијаст од тебе, само поголем направи-сам ентузијаст. :)
Проблемот со мене е што започнувам премногу работи, и со сите други работи исклучително споро ги довршувам.

Ќе гледам да најдам време за пиво, а кога сме кај пивото да напомнам дека и тоа се обидувам да направам сам, хехе. Првиот обид ми заврши како оцет, ама уште немам соодветна опрема а морам и слад да правам сам (дискутабилно успешно) пошто кај нас домашно пиво е непознато хоби и нема продавници за состојките.  ;)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #291 на: 11 Март 2014, 23:46:52 pm »
Toa мене не ме прави поголем хај-фај ентузијаст од тебе, само поголем направи-сам ентузијаст. :)
Проблемот со мене е што започнувам премногу работи, и со сите други работи исклучително споро ги довршувам.

Ќе гледам да најдам време за пиво, а кога сме кај пивото да напомнам дека и тоа се обидувам да направам сам, хехе. Првиот обид ми заврши како оцет, ама уште немам соодветна опрема а морам и слад да правам сам (дискутабилно успешно) пошто кај нас домашно пиво е непознато хоби и нема продавници за состојките.  ;)

Од прилика разбирам за што зборуваш, бидејќи и јас имам таков проблем.. Премногу нешта започнати, и од константно немање време не успевам да довршам све. Конечно решив да се фокусирам и сега менувам алгоритам :), односно пробувам да се фокусирам на нештата се дури не ги довршам.

Што се однесува до пивото, дури не извежбаш како треба, јас сепак ќе пијам некое од проверените пива :)


Инаку денес направив тестови и со други Player и на Mac -oв, и за да е споредбата со PC што пофер симнав и на Mac oв JRiver Media Player што го користам на PC то, и што важи за еден од најдобрите Player и, што репродуцира Bit perfect stream.

1. Најдобар Player на Mac -ов е Amarra Simphony (многу богат звук, цврст, голема длабочина на сцената, многу чист, а сепак има некоја магија како да има некоја лампа во ланецот...

2. JRiver Media е нешто полош (ја нема магијата, ама е исто чист , цврст и детален).

3. Audirvana Plus - Чист, детален звук, ама помалку стерилен


MAC vs PC

1. PC -to e чист, детален, меѓутоа по малку стерилен, хаотичен, и агресивен звук. После долго слушање знае да биде напорно (јас упорно тоа го објаснував дека Benchmark ot има испакнати високи)

2. Mac -ot  e чист, детален, многу аналоген, многу мек а истовремено детален звукот. Приметив детали што порано преку PC ги немам приметено. Се зголеми длабочината на сцената, по холограмски , по 3Д.
Исто голема разлика има во длабочината и цврстината на басот. Одеднаш ги доживувам звучнициве ко да се со поголеми драјвери. Исто високите станаа свилененкасти

И покрај користење на Mac ot неколку саати, не го слушам вентилаторот дури ни кога ќе се приближам до него со намера да го чујам. Единствено го слушам хард дискот, ама тој ќе се замени за SSD. Има проблем со малиот РАМ (4 ГБ), односно му треба време да вчита (поготово што Amarra та има опција да вчита во РАМ , па да пушта од таму). Веројатно ќе го надградам РАМ -от до барем 8 ГБ или можеби и 16 ГБ.

Разликите во звукот измеѓу PC и MAC ot:

1. PC - 6

2. MAC - 9

Да напоменам дека како тест користев разни жанрови на музика, ама воглавно 24bit/88 Khz, 96 Khz i 192 Khz.

Исто, порано ROCK ми звучеше агресивно на PC -to.

Денес го ислушав цел Албум на Clash London Calling, и звучи феноменално на Mac -oв.

Истото испадна со Talking Heads - Remain in Light.

Овие Албуми ги имам доста слушано и ги сакам, меѓутоа преку PC -то ми звучеа агресивно и напорно за слушање.

Еве што друго слушав за споредба:

Cassandra Wilson - Another Country Album, песна Almost Twelve..  Неверојатно колку подлабок бас има кога слушам преку MAC -ov. Далеку подобар imaging преку Mac

Diana Krall - Girl in the other room Album, песна Temptation - Многу моќно звучи.. На Mac -ов свири со неверојатна леснотија во поглед на динамиката и далеку поцврсти и подлабоки басови.

Patricia Barber - Smash - Слушав доста песни од овој албум, клавирот звучи многу поприродно на Mac ов, и поцврсти и помоќни басови


Tomorrows World - Многу добар албум, топло го препорачувам на оние што сакаат електроника. Ова е во суштина проект на едниот член од француски AIR. Одамна не сум чул вака добар албум. Многу го слушам од кога излезе (Јануари некаде).

На MAC -ов исто звучи некако магично и многу по емотивно од колку преку PC to

ScapaNapolli - Песна VESUVIO. Ова е традиционална Наполитанска музика. Vesuvio е песна со неверојатно добар женски вокал, и неверојатни длабоки и моќни BASS ови. На Mac ов ко да ја слушам прв пат..

За проба ислушав и албум во MP3 што го знам многу добро.

Ислушав Мизар ама првиот албум, кога Мизар беше Мизар ,  а не обид за Макфест. Звучи полошо од Hires музиката што ја имам, меѓутоа звучи исто многу добро и слушливо (Amarra та пак ќе спомнам има некаква емотивна магија.. Веројатно малку го бои звукот, ама на начин да не можам да приметам како. Ова е претпоставка инаку, бидејќи скоро све звучи многу со душа, а знам дека имам и лоши снимки па од таму и претпоставувам дека веројатно има некакво боење. Ама на начин да не ми смета (сега за сега, можда ќе почне да ми пречи после пар денови слушање), дури и ме тера да преслушам све што ми е битно.

Доста пишувам :), ама мене овој напредок во звукот ми значи, бидејќи имам голема колекција на музика во дигитален формат, и одеднаш почнува да звучи феноменално и употребливо за уживање


« Последно менување: 12 Март 2014, 00:04:06 am krell »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #292 на: 12 Март 2014, 01:30:01 am »
@krell
Многу ме чуди оволкави големи разлики што гледаш (слушаш). Помислив различните софтвери (плеери) да не прават некое недокументирано менување на звукот, ама ти си пробал и со ист плеер на различни платформи. Но очигледно има нешто.
Обично проблеми со РС велат дека се во вид на шум заради напојувањето, вентилатори и слично. Но ти наоѓаш разлика во дефиницијата, во просторноста на сцената, во вокалите...

Којзнае, можеби Мекот прави некое играње со звукот на ниво на оперативен систем (посебно пошто ова е мултимедиа Мек). Ако е така, а судејќи според твоите впечатоци, добра работа направиле.  ;)
Има пуристи што не сакаат никакво менување на звукот, јас лично се согласувам со се што дава попријатен звук. Дали тоа е лампаш појачало, за да се „омекне„ звукот (за ова користат и тенка жица од етернет кабел како аудио кабел, за истата намена), или е софтвер со аудио алгоритам што е добро смислен... нема никаква морална разлика. Ако ти пријатно тоа е тоа што е најважно, да не беше така сите ќе слушаа на монитори со една иста аудио опрема.

Од друга страна останува мистеријата со полош звук на истата опрема кога е на РС (а за мене и чивијата со Мекинтошот, пошто јас планирам со РС да репродуцирам музика).  :)

Дали проба со други виндовс платформи, на пример со Windows XP (чисто за споредба) и дали проба со друг РС, можеби со некој лаптоп?

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Re: Аудиo опрема
« Одговори #293 на: 12 Март 2014, 01:51:01 am »
Preku koj pleer pustate muzika preku pc?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #294 на: 12 Март 2014, 01:54:34 am »
Јас со foobar2000 со ASIO плагин, навечер често со Aimp3 (има згодни опции за shutdown на РСто на тајмер).

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #295 на: 12 Март 2014, 02:47:41 am »
Ako se stvarno vakvi Jamo vnatre za 400e, znaci stvarno coek ne znajt sho da zemit!!!http://www.avsforum.com/t/1226031/is-this-jamo-quality-blown-out-jamo-s606s-cheap-tweeter
Gi rokal do daska deckoto pa sega Jamo mu e kriv za toa :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Re: Одг: Аудиo опрема
« Одговори #296 на: 12 Март 2014, 03:34:08 am »
Јас со foobar2000 со ASIO плагин, навечер често со Aimp3 (има згодни опции за shutdown на РСто на тајмер).

Vo red. Imase uste nekoj pleer sto prakajase direktno signal do zvucna samo ne mi teknuva kako se vikase...
Odamna se zanimavav so vakvi stvari sve sum zaborail...

Inace i jas slusam preku foobar i ne go menuvam za nisto :))

Ako mi tekne u megjuvreme kje vi pisam :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #297 на: 12 Март 2014, 07:52:14 am »
Јас на PC највеќе користам, и тоа по овој редослед:


1. ЈRiver Media

Има директен пристап до DAC от односно соунд картата.

Многу добар volume control (може да се користи со уреди што имаат лошо изведен потенциометар за волумен, и е одличен).

Подржува се и сешто од формати, дури и RIP ови на SACD или DVD Audio.

Добар интерфејс

Има разни софтвери за Андроиод или ИОС за да може да се контролира преку таблет или мобилен

Има bit perfect начин на пуштање, и има и индикатор за тоа (многу корисно  да се знае дали тоа што се пушта е на начинот што е снимено или не).

Топло го препорачувам.


2. Foobar2000 со ASIO.

Има разно разни плуг ини, меѓу кои и за SACD (Корисно за SACD RIP ovi).

Мене лично многу ми се бендисува едноставиот интерфејс

Дава нијанса потопол звук од JRiver, меѓутоа кај JRiver е поцврст и подетален (JRiver e player што најдолго време го користев на PC).



За пуштање на музика многу е важно да сте сигурни дека Windows от е заобиколен колку може, поготово во Volume Control делот, бидејќи Windows -ot има ужасно лошо изведен Волумен.

Доста го фалат и JPLAY ама јас го немам пробано никогаш.





Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #298 на: 12 Март 2014, 07:54:42 am »
@krell
Многу ме чуди оволкави големи разлики што гледаш (слушаш). Помислив различните софтвери (плеери) да не прават некое недокументирано менување на звукот, ама ти си пробал и со ист плеер на различни платформи. Но очигледно има нешто.
Обично проблеми со РС велат дека се во вид на шум заради напојувањето, вентилатори и слично. Но ти наоѓаш разлика во дефиницијата, во просторноста на сцената, во вокалите...

Којзнае, можеби Мекот прави некое играње со звукот на ниво на оперативен систем (посебно пошто ова е мултимедиа Мек). Ако е така, а судејќи според твоите впечатоци, добра работа направиле.  ;)
Има пуристи што не сакаат никакво менување на звукот, јас лично се согласувам со се што дава попријатен звук. Дали тоа е лампаш појачало, за да се „омекне„ звукот (за ова користат и тенка жица од етернет кабел како аудио кабел, за истата намена), или е софтвер со аудио алгоритам што е добро смислен... нема никаква морална разлика. Ако ти пријатно тоа е тоа што е најважно, да не беше така сите ќе слушаа на монитори со една иста аудио опрема.

Од друга страна останува мистеријата со полош звук на истата опрема кога е на РС (а за мене и чивијата со Мекинтошот, пошто јас планирам со РС да репродуцирам музика).  :)

Дали проба со други виндовс платформи, на пример со Windows XP (чисто за споредба) и дали проба со друг РС, можеби со некој лаптоп?


Пробав со разно разен PC hardware, меѓу кои и Лаптопи или PC -a.

Последнава истнаца на PC ja склопив од кога кај слична машина приметив дека има разлика во звукот во однос на Мини ПЦ то што претходно го користев (Користев Fujitsu Q900 )




Windows XP теоретски би требало да е подобар од 7 ца, ама го немам истестирано детално (подобар е бидејќи полесно може да му се дефинира контролата на аудио уредот и волуме контролата). Јас на крај останав да користам Windows 7 64 bit, и тоа со исклучени сите сервиси што немаат потреба да се стартувани.

На PC то последно имаше само два вентилатора (еден на напојување, кое кога работи работи со споро вртење и е тотално тивко), и кулер на процесор (кој го имав подесено да врти со 800 вртежи, се дури процесорот не постигне температура од 70 степени, па тогаш да дува на максимум). Не приметив никогаш да се случи тоа :), така да доста тивко ПЦ имав составено.

Јас објаснувам дека разликата е што на MAC DAC от има native support и нема драјвер инсталирање, нема ништо.. Исто бидејќи самиот оперативен систем е базиран на UNIX веројатно не се меша на ниско ниво во контролата на звукот.

Kaj PC то под Windows  е можно да самиот драјвер за DAC е на полошо ниво ,  а и самиот Windows и покрај Wasapi или ASIO пристапот сигурно има влијание на звукот.

Од друга страна па ме буни тестов:

http://www.computeraudiophile.com/content/513-jriver-mac-vs-jriver-windows-sound-quality-comparison/

Нивен заклучок е дека нема никаква разлика помеѓу PC и MAC, што ако тргнам под претпоставка дека стварно ништо не наместиле да дадат таков заклучок, тогаш дека нешто јас не сум правел како треба.

Ама па пробав на барем 4 различни машини, и тоа пазев на доста детали ...

Кој ќе го знае :)


Во секој случај оваа промена во звукот ме тера да слушам, така да... :)

Ако ви успее Hackintosh да работи со DAC от што го користите, можеби и тоа е идеалниот начин

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #299 на: 12 Март 2014, 08:12:40 am »
Што се однесува до самиот звук. Јас не сакам менување на звукот :) , односно негово боење и шминкање.Да речеме дека спаѓам во пуристите што не сакаат боење.


Еден период имав McIntosh C2300 лампашко предпојачало, кое е извикано дека е HighEnd и слично, меѓутоа дури го имав (година дена), јас не бев задоволен.

Клавир никогаш не засвири како треба, све беше заоблено и некако нереално, а во исто време не доволно цврсто.

По Forumi читав дека McIntosh  наводно ставале не баш добри лампи, и сите што го поседуваа правеа upgrade , ама кај Preamp од оваа класа ако штедела на лампите, да му се невиди.

Со овој Преамп се разочарав од McIntosh како бренд, и сконтав дека можеби само користат добар Маркетинг.

Во меѓувреме имав прилика да го пробам Benchmark ов, кој што е многу неутрален, многу реален, на моменти дури и агресивен ради таа реалност. Заклучив дека тоа повеќе ми се допаѓа од обоен fancy звук.

McIntosh - Вака би го опишал звукот. Замисли ситуација кога имаш некој што ти е слаткоречив, љубезен, ама осеќаш дека тоа е дволично и нереално. Од што ти се лигави почнува после некое време да те нервира.

Benchmark - Ситуација кога некој е искрен и ти плеснува све во фаца. Може не е пријатно искуство од почеток, ама нема дволичност, нема лажење...

:)

Чудно па кај тој што ми го купи McIntosh -от, звучеше феноменално добро. Ама тој има звучници со Титаниумски твитери, кои се итекако агресивни, па ова ги смири и си дојде све на место (кај него звукот исто на крај неутрален и небоен).

Не знам за тебе (@VAN), јас сакам како што веќе опишав отворен, динамичен, реален звук, ама во исто време не сакам да ме замара :) И не сакам да користам разно разни потенциометри или Еквилајзери.

KRELL от што го користам е доста неутрален и необоен (ако имаш лоша компонента или нешто ако не е добро ќе го чуеш).

Истото важи и за Benchmark Dac1 Pre (кој го користам и како DAC и како PREAMP. Директно е врзан со Балансиран кабел во Krell -от). Со оваа комбинација имав од почеток лош звук, ама испадна дека е до каблите.

Прејдов на Kimber Kable TC12 звучнички, и  на интерконект KS1111.Почна да звучи добро, ама пак фалеше нешто. Испадна дека KS1111 е проблемот, па имав среќа да ми дадат на тестирање KS1116 (многу топол кабел. Можеш да слушаш со саати, ама фали адреналин), KS1126 (неутрален, отворен, брз , цврст) и KS1136 (ептен реален, ептен брз, ептен чист).

Одлучив да го задржам KS1126 , бидејќи за KS1136 немав пари, и бидејќи KS1136 беше ептне реален и се уплашив дека ќе ме натера да слушам само добри снимци а не музика.

А да.. Ако пушташ од компјутер, огромна разлика ми направи USB Кабел от. Тука не верувам во прикаските дека сребрен USB кабел подобро звучи од обичен, ама од моето искустов се покажа дека должината влијае многу.

Јас користам ClickTronic (10 - 15 еур), од 0.5М

Овој кабел звучеше далеку подобро од колку сребрен Kimber USB od 1.8m (кој што чинеше 100-150 еур).

Clicktronic ов го имаш во Loging Electronics, и ти го препорачувам. Ќе се изненадиш од разликата :) (исклучиво пола метарскиот, бидејќи должината е тоа што ја прави разликата).


И уште една работа што ја заборавив во врска со PC то. Ми се подобри звукот кога ги исклучив сите USB porti на ниво на BIOS што не се користат, односно оставив само за DAC от еден port, и два porti за тастатура/моусе.

DAC от на еден USB kontroler, моусе/кејб на друг (за да не си пречат воопшто).



Него, што ти е референтна музика за тестирање?

« Последно менување: 12 Март 2014, 08:25:43 am krell »