Денес ја зедов од сервис, вика неможи да најдат луфта, нема ништо посебно што би можело да тропка, сите чаури биле добри, не се сеуште за менување. Ја кренале горе, па спуштена на земја и ништо не нашле, го зедов со мене на пробна вожња, го спуштив задното десно седиште и се погоди таков пат, па се растропа убаво и ја слуша и тој

И сепак незнае што да смениме, вика ако ти е за чување да почниме со менување од некаде.
Ја најдов цела задна "рака" комплет со се чаури нова за 390€, е сега тој вика има плус 3 други штрангли, а можи да е и амортизер...можно е да се одлучам првo за комплетна trailing arm, ама не сум сигурен. А можи и да не сменам ништо дури не почни салам да лупа, па да можи да се дијагностицира.
Инаку за тоа кога е ладна, не сецка, можи само еднаш да сецни/клоцни ако ја галам гаста и не секогаш, не е проблем за да го решавам.
Наредна недела оди на промена на масло по поминати 10 000 километри за 6 месеци.