Мал апдејт.
Некои 100 км подоцна по променетата лева сијаличка, сменета е и десната со иста Лукас сијаличка од Веро.
Крај на септември регистрирана, при што и реков на сопругата да биде внимателна и фина со гестаповците со тоа кодовите за меил и телефон, бидејки ако не ја верификуваат успешно не ќе може успешно да ја заврши регистрацијата, и ќе пропаднат уплатите за тех преглед, полиса, и третата точка што ја нарекуваме патишта, и според уставниот судија, за превоз ќе треба да и купам коњ.
Понатаму, Летово понекогаш и срамежливо почна да сецнува во возење.
Пред 3 недели зачести, но никако чек енџин да запали.
Сите со кои зборував за проблемчето сметаа дека е до бензинот, на фамозниот неквалитет на горивата кај нас.
Скокнав до сервис, ми рекоа дека без запален чекенџин, се сведува на многу можни претпоставки, односно вози така додека светне...сепак спомнаа чистење клапна на телото за гас.
Засукав ракави, извадив, шприцав средство за егр чистење (предлог од Ai), истекоа некои црнила. Потрошив пола спреј, намонтирав назад, решен проблем.
Толку од митот за неквалитетот на горивата...
Другото е се ок, освен дополнителни 3-4 "лузни" на каросерија од нашиве вешти возачи по паркинзи.
И мало мастење, најверојатно од дихтунг на капак на глава.